Твоето искуство е дискутабилно. Еве ако имаш панелки дома дали имаш и мерач онаков од анхоч?
Ништо лично него ја пребарав цела тема со гугл и неуспеав да најдам некој пост да се грее со панелка а да има постирано онака со слики од мерач потрошувачка дневна /неделна/месечна...а баш би било добро да имаме таков податок во темава. Ако некој успее да најде таков пост тука нека стави линк.
Тогаш да го продискутираме.
Ја загревав истата просторија при иста внатрешна и надворешна температура со конверторски панел, маслен радијатор и обична греалка со вентилатор, сите со иста јачина. При тоа ги следев промените на температурата и времето. Просторијата најбрзо се загреваше со панелот, приближно исто со радијаторот, додека греалката најбавно загреваше. Мерењата ги направив неколку пати и со различен редослед и ги добивав истите резултати. Немам друго објаснување за резултатите од тоа дека се работи за различна ефикасност на претворање на електричната во топлинска енергија (cop). Ако некој има друго објаснување, нека повели.
Истиот експеримент го направив и во купатило, користејќи панел и класична кварцна греалка за купатило и ги добив истите резултати во корист на панелот.
За жал записите од мерењата не ги чувам, за да ги пренесам точните вредности со оглед дека ова го правев пред 3-4 години.
Што се однесува до потрошувачката на греење со панели, мислам дека
@kooperativa има објавено такви а дали се добиени со мерач, тоа не знам.
За ефикасноста на греачите може да се направи и следниов експеримент. Во едно исто тенџере загрејте литар вода од собна температура до точка на вриење, еднаш на обична рингла, вториот пат на рингла од стаклокерамичка плотна со иста јачина, притоа мерејќи го времето. Теоретски доколку двата греача во ринглите имаа ист коефициент на претворба, водата ќе зоврие за исто време. Но во пракса не е така.
KADE ISCEZNUVA VODATA pri zagrevanje? Me kopka cel den i mislam deka "otkriv" kade isceznuva! Ne isceznuva nikade! Ova e samo moe mislenje i ne mora da e tocno!
Точно ти е откритието. Водената пареа не исчезнува никаде, останува во воздухот, се намалува само РЕЛАТИВНАТА влажност, апсолутната останува иста. Без оглед на температурата, за најкомфорно чувство се проценува дека релативната влажност треба да се движи помеѓу 40% и 60%. Големата влажност допринесува температурата да ја чуствуваме повисока одошто е, тоа е особено забележливо во лето на повисоки температури.