Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
@Zedd, @Iceboy незнам зашо сте добиле таков впечаток од The Drop, ама мене уопште не ми беше досаден филмот. Имаше бавен развој да, досаден не беше никако. Том Харди извади доста добар лик изглуми доста добро, Гандолфини од друга страна немаше интересен лик за пратење, но глумата пак му беше на ниво, Наоми Рапас беше многу добра исто. Не го дигам филмов у некои врвови, ама рековте претходно, досаден, ужас. Имаше добар расплет, интерсен специфичен крај. Можело на почетокот повеќе да се работи, ама тоа ќе беа на нас познати клише сцени.(љубовна сторија, екшн сцени со пукања, бркотници низ град, и слично.) Ова сето беше извадено на минималистички начин преку неколку дијалози и кратки сцени
7
 
Инаку, јас почнав со остварување на точките од TO DO листата за годинава: почнав со суперхеројските, иако скромно засега, само првите три (трилогијата) иксмени. Морам да признаам дека ми беа уживање: пушташ мозок на пасење и два саати (по филм) медитираш! Дефинитивно ќе продолжам и со другите суперхерои. Првите 2 дела добиваат солидни 7/10 од мене. Уживав и во третиот, но некако премногу приказни и премногу карактери има во него, па по малку личи на кашапопара, затоа оценка помалку за него: 6/10. Идемо даље...
 
7/10 не е солидно, слаба оцена е. Се изненадив кога видов на Letterbox. X-men вредат повеќе.
 
7/10 не е солидно, слаба оцена е. Се изненадив кога видов на Letterbox. X-men вредат повеќе.
Аууу извини рибо ти беше со високите стандарди.
Филм од 7 е солиден филм.
Филм шо го гледаш еднаш, и не планираш да го гледаш одново освен ако не го фатиш на ТВ.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ајде бе вие многу знаете на какви филмови се дава 7-ца :D

Очекував повеќе од Guardians of Galaxy. Едвај го догледав, на моменти ми беше многу досаден, станував од стол и кружев околу него од досада. Со сила 7мица. Можело многу подобро да се направи.
 
Почнаа луѓе да се регистрираат на форум за да ми објаснуваат работи :)

Зошто не размислиш вака се регистрираат на форум бидејќи сакат филмови и споделуват свој мислења во врска со тоа што го имаат на ум ?

Или имаш некој штит ко капетан америка па секој мислење кое те посочува тебе пропаѓа у вода доека лежи во главата на авторот?[DOUBLEPOST=1420548185][/DOUBLEPOST]
Синоќа го гледав Mullholand drive,кој го разбрал филмот капа доле за него,јас ништо не разбрав,таман си помислив дека знам што се случува излегува нешто многу неочекувано..

19daa07dfd90249aa19ddf1c4c46caaaa03ea75f730abb2e4cd392d8bba3f922.jpg


Некогаш ќе го гледам повторно да видам може ќе ми се смени мислењето
 
Прво мислење му беше, затоа. Ни здраво, како сте, јас сум нов на форумов, јас сум алкохоличар... ништо. Одма на дебата :)

Не му го омаловажувам мислењето во никој случај, исто како и на сите други што го сакаат филмов. Џимеј го стави филмот во темата без спојлери така да може да продолжиме таму.
 
7/10 не е солидно, слаба оцена е. Се изненадив кога видов на Letterbox. X-men вредат повеќе.
Абе каква слаба, 7 е премија со оглед на тоа дека се работи за жанр кој не ми е баш најомилен. Ова е најмногу што можеше да добијат - не можам да ги споредам со Бетмените на Нолан - овие беа класа под.[DOUBLEPOST=1420548759][/DOUBLEPOST]
Ајде бе вие многу знаете на какви филмови се дава 7-ца :D
Хахахахах, јас не кружам околу стол на филмови со 7мица. :pos:
 
Абе каква слаба, 7 е премија со оглед на тоа дека се работи за жанр кој не ми е баш најомилен. Ова е најмногу што можеше да добијат - не можам да ги споредам со Бетмените на Нолан - овие беа класа под.[DOUBLEPOST=1420548759][/DOUBLEPOST]
Хахахахах, јас не кружам околу стол на филмови со 7мица. :pos:
Не само тоа, Бетмен како херој е класа над сите. :coffee:
 
X-Men мене ми се класа, заедно со Бетменот единствени суперхерој филмови што ги сакам.[DOUBLEPOST=1420548861][/DOUBLEPOST]
Не само тоа, Бетмен како херој е класа над сите. :coffee:
Бетмен како херој може заушки да јаде од Супермен.
За жал Нолан не го режираше Супермен.
 
X-Men мене ми се класа, заедно со Бетменот единствени суперхерој филмови што ги сакам.[DOUBLEPOST=1420548861][/DOUBLEPOST]
Бетмен како херој може заушки да јаде од Супермен.
За жал Нолан не го режираше Супермен.

Х ман ги обожавам, ама веке се досадни цело време со Чарлс и Ерик си го мерат на кого му е поголем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom