Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
7/10 не е солидно, слаба оцена е. Се изненадив кога видов на Letterbox. X-men вредат повеќе.
Аууу извини рибо ти беше со високите стандарди.
Филм од 7 е солиден филм.
Филм шо го гледаш еднаш, и не планираш да го гледаш одново освен ако не го фатиш на ТВ.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ајде бе вие многу знаете на какви филмови се дава 7-ца :D

Очекував повеќе од Guardians of Galaxy. Едвај го догледав, на моменти ми беше многу досаден, станував од стол и кружев околу него од досада. Со сила 7мица. Можело многу подобро да се направи.
 
Почнаа луѓе да се регистрираат на форум за да ми објаснуваат работи :)

Зошто не размислиш вака се регистрираат на форум бидејќи сакат филмови и споделуват свој мислења во врска со тоа што го имаат на ум ?

Или имаш некој штит ко капетан америка па секој мислење кое те посочува тебе пропаѓа у вода доека лежи во главата на авторот?[DOUBLEPOST=1420548185][/DOUBLEPOST]
Синоќа го гледав Mullholand drive,кој го разбрал филмот капа доле за него,јас ништо не разбрав,таман си помислив дека знам што се случува излегува нешто многу неочекувано..

19daa07dfd90249aa19ddf1c4c46caaaa03ea75f730abb2e4cd392d8bba3f922.jpg


Некогаш ќе го гледам повторно да видам може ќе ми се смени мислењето
 
Прво мислење му беше, затоа. Ни здраво, како сте, јас сум нов на форумов, јас сум алкохоличар... ништо. Одма на дебата :)

Не му го омаловажувам мислењето во никој случај, исто како и на сите други што го сакаат филмов. Џимеј го стави филмот во темата без спојлери така да може да продолжиме таму.
 
7/10 не е солидно, слаба оцена е. Се изненадив кога видов на Letterbox. X-men вредат повеќе.
Абе каква слаба, 7 е премија со оглед на тоа дека се работи за жанр кој не ми е баш најомилен. Ова е најмногу што можеше да добијат - не можам да ги споредам со Бетмените на Нолан - овие беа класа под.[DOUBLEPOST=1420548759][/DOUBLEPOST]
Ајде бе вие многу знаете на какви филмови се дава 7-ца :D
Хахахахах, јас не кружам околу стол на филмови со 7мица. :pos:
 
Абе каква слаба, 7 е премија со оглед на тоа дека се работи за жанр кој не ми е баш најомилен. Ова е најмногу што можеше да добијат - не можам да ги споредам со Бетмените на Нолан - овие беа класа под.[DOUBLEPOST=1420548759][/DOUBLEPOST]
Хахахахах, јас не кружам околу стол на филмови со 7мица. :pos:
Не само тоа, Бетмен како херој е класа над сите. :coffee:
 
X-Men мене ми се класа, заедно со Бетменот единствени суперхерој филмови што ги сакам.[DOUBLEPOST=1420548861][/DOUBLEPOST]
Не само тоа, Бетмен како херој е класа над сите. :coffee:
Бетмен како херој може заушки да јаде од Супермен.
За жал Нолан не го режираше Супермен.
 
X-Men мене ми се класа, заедно со Бетменот единствени суперхерој филмови што ги сакам.[DOUBLEPOST=1420548861][/DOUBLEPOST]
Бетмен како херој може заушки да јаде од Супермен.
За жал Нолан не го режираше Супермен.

Х ман ги обожавам, ама веке се досадни цело време со Чарлс и Ерик си го мерат на кого му е поголем.
 
Хахахаха, муабетиве се како ко мали деца кога ќе се караат кој е најјак. Е ХИМЕН Е НАЈЈАК, ОДИ СКИНИ ГО НЕГО ДА ТЕ ВИДАМ! (ако го најдеш, секако. :P)
It is known за Бетмен Злате, и мали деца знаат. Еве види:

 
Кога сме кај 7ци. Темниот Витез го имам оценето со 7 :icon_lol:

Него за критериумиве. Кога ќе оценам некој филм како Интерстелар со 8ца, викаат ех, многу ниска е таа оценка, а го испофали филмот. Не е ниска, по мои стандарди де, мада идеално би му дал 8.5, али на имдб нели не може половинки (јас би бирал да може). Така да може и со 9 да би го оценил, само треба да го гледам пак :)
Пример 5ка е просек, океј филм, 4ка подпросек тешко да би го гледал некад пак. 3,2,1 катастрофи од кои болело глава и оценката не е ни битна. Со 6ка оценувам добар филм да речеме Predestination. Со 7ка оценувам солидно филмско дело (али ништо посебно) еве како Витезов горе. Со 8ка иде одличен филм што без мака би го гледал уште многу пати. Со 9 нешто перфектно, можеби филм на годината, или еден од најдобрите 50 што сум ги гледал. Со 10 иде нешто што влегува во топ 10 филмови во историјата по мое лично убедување, нешто што се дешава еднаш или двапати во декадата. Тука сум малце контрадикторен зашто 4-5 мои 10ки се направени во 90тите, јебига јака декада беше. И то. Не дека се исповедам на некој де, онака само, чисто да се види дека помалце оценети филмови не значи дека малку се ценети од некој. Не ми се доделуваат 10ки за секој втор солиден филм :)
 
Пеер ова со оценкиве е крајно субјективно зашто секој си има своја скала.

Филмот или ти се допаднал или не ти се допаднал.

Едит :)
 
Инаку, јас почнав со остварување на точките од TO DO листата за годинава: почнав со суперхеројските, иако скромно засега, само првите три (трилогијата) иксмени. Морам да признаам дека ми беа уживање: пушташ мозок на пасење и два саати (по филм) медитираш! Дефинитивно ќе продолжам и со другите суперхерои. Првите 2 дела добиваат солидни 7/10 од мене. Уживав и во третиот, но некако премногу приказни и премногу карактери има во него, па по малку личи на кашапопара, затоа оценка помалку за него: 6/10. Идемо даље...
inkblot6.gif


its a must (гледај го ултимејт кат-от)
 
1, 2, 3, 4 - лоши работи што не се за глеање
5ка - разочарувачки, има некои добри работи ама лошите преовладуваат
6ка - не е лош филмот, ама ништо посебно и за паметење, ок
7ка - добро филмче, солидно
8ка - многу добар, квалитетен, тука се двојат филмчињата од Филмовите
9ка - одличен, уживаш максимално во филмот, ама за малку перфектен
10ка - филмовите кој будат најголеми емоции, ремек делата, и оние вистинските како Кум, Кејн, ама и оние кои можда реално не се, ама ме погодиле на сите вистински места, или ми се преомилени, пример Појадок кај Тифани, Хачико, Dean Spanley...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom