Како сакаш, смеј се искрено се гледа дека немаш воопшто познавање за физиологијата на човечкото тело и како може структурата на коските да игра улога во метаболизмот на една индивидуа?
Мислам дека треба да се тргнат фактите од верувања и мислења на едни луѓе во фитнес круговите.
Ти покажав личен пример.
И каква глупост е препорачување на 360 грама протеини, се што ќе направи е да се искористи како глукоза, зашто човечкото тело има лимит колку ќе искористи за правење мускулна маса.
И ти покажав колку му треба на еден вежбач ти негираш.
И понатаму негирај , баш и не ме интересира твоето мислење.
За како се прави една исхрана има повеќе генетиката, хормоналниот статус, мускулната маса и активноста.
Не можеш да класифицираш некој по неговата структура, тоа е генетски не значи дека ако си една структура не можеш да се промениш во друга.
П.С сите сме склони кон дебелеење, тоа е еволутивна причина зашто сме преживеале.
Ајде размисли кој има повеќе шанса за преживување тип со повеќе масни резерви или тип со повеќе мускулна маса, кога нема храна?