G
Gjoksi
Гостин
А, Вие пред да констатирате било што, прво прочитајте си во Македонско кривично право (Општ дел) од проф. д-р. Ѓорѓи Марјановиќ, Просветно дело, 1998 год. точка 5. Крајна нужда стр. 142 - 147 (посебно точка 5.21), па ќе видите каква ГЛУПОСТ сте напишале Вие!Момче, пред да констатираш било што прво прочитај си убаво примерот со штицата и се надевам ќе видиш колкава глупост си пишал...си напишал дека ако едно лице се наоѓа на штицата , а другото во водата, (штицата може да издржи само еден), дозволено е тој од водата да го турне оној кој ВЕЌЕ Е БЕЗБЕДЕН за да се спаси самиот...ако навистина мислиш дека овде може да се примени институтот крајна нужда тогаш нема што веќе да дискутирам на оваа тема...
Исто така, Саше не го кажа она што вие го напишавте (или не разбравте или не сакате да разберете), затоа повторно прочитајте!
Во случај на бродолом двајца морнари се спасуваат на штица што може да носи само еден морнар, оној посилниот го оттурнува послабиот од штицата и овој се удавува! Значи, или ДВАЈЦАТА ќе се удават бидејќи штицата не може да ги издржи или ЕДНИОТ ќе го оттурни ДРУГИОТ и овој ќе се удави, а другиот ќе преживее (Еден од нив ќе се спаси)!
Тоа ти е школски пример за институтот КРАЈНА НУЖДА, што претставува основ за исклучување на противправноста на некое дело!
Истото се однесува и на случајот Mignonette во Англија, каде двајца бродоломци го убиваат третиот бродоломец (сострадалник) и до моментот на спасувањето се хранат од неговото тело.
Дали е тоа морално или не, тоа е веќе друга тема!