Еден потрошувач што никој не го зема во обзир е осветлувањето и тоа она со класични сијалици. Ако направите анализа, ќе видите дека доколку имате обични сијалици тие месечно трошат многу повеќе отколку пеглата, фенот, правосмукалката и машините за перење заедно.
Кај мене светат барем пет сијалици цело време: две во дневна, кујна, трпезарија, ходник, предсобје, детска, купатило... Сега како што се стемнува рано, се палат во 4 светат до полноќ. 5 сијалици, 8 часа по 100 вати секоја, 4 киловати на ден, 120 месечно или околу 700 денари.
Точно дека пеглата и фенот се големи потрошувачи, но колку време месечно се користат? Освен ако немате фризерски салон, фенот не троши повеќе од 3-4 киловати месечно, што е занемарливо. Слично и пеглата, два киловата, меѓутоа не грее постојано за време на пеглањето, а колку пати се пегла и по колку време? Два пати неделно по час-час и половина? 10-15 киловати месечно, во најлош случај. tzlatko пресмета некои 5 киловати за машина за перење и сушење по циклус односно околу 50 месечно. Правосмукалка, повторно потрошувач од 1-2 киловати, но не чистиме со саати секој ден. Еднаш до два пати неделно, 15-30 минути, во најлош случај 6-8 киловати. Сетоа ова заедно не троши ниту 80 киловати месечно, сеуште далеку од 120-те на сијалиците.
Со замена со штедливи или лед (иако според мене ледот сеуште не се најдобра инвестиција поради сеуште високата цена на сијалиците), се остварува заштеда од најмалку 75%, што тие 120KW ги сведува на 30, односно на најмногу 175 денари месечно.
Покрај споменатите бојлери, сериозни потрошувачи се и компјутерот и телевизорот, токму поради тоа што како и сијалиците работат многу часови во денот, секој ден. Додајте тука рутери, модеми, кабелски рисивери, плеери, појачала, секој од нас има неколку вакви мали практично невидливи потрошувачи кои трошат 24/7.
Ova za sijalicite se zlozuvam, no ostanatoto za fen, pegla i tako dalje sto navede deka ne e mnogu, ne se slozuvam budejki smetkata e zbir od site potroshuvaci. Znaci dali imame frizerski salon ili ne, vo prashanje se nashite naviki. A ako sakame lagodno da si ziveeme togash nema potreba ni za klimi da pravime muabet. Kako shto navedov i prethodno: i so nashe vnimanie i bez nashe vnimanie EVN so dovolno bogati.
TZLATKO prijatele tetovski. Eve za Noemvri site imame okulu 2 do 2.500 mkd mesecna smetka. Znaci ili ti si greshka deka ne moze normalno semejstvo vo ler period (bez greenje) da bide pod 2000 ili pak jas, moongoses, ogledalceto i ostanatite sedime doma vo temnica, ne gledame TV, ne koristime pc (a od kade li jas pisuvam sega?) i ne se cistime. Ova cisto bidejki onaka, malce provokativni ti bea postovite, posebno poslednive, me potseti na eden drug clen na forumov koj od vreme na vreme niknuva kako pecurka so po nekoj post i se rasfrla so po nekoj podatok i sekoja prilika za kurcenje ja iskoristuva. A toa ne e tema na ovaa tema.
А сметката за ноември 2330, 4 лица, готвење на струја, греење со инвертор, осветлување cfl/led. Со оглед дека период март-окт просек е <1600, доаѓа околу 600-700 денари за греење за тој месец. Декември ќе е повеќе, беше (е) поладно.