Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Добра игра денес, сосема заслужено иако гостите први поведоа поради грешката на црепон Дино Најдоски.Убаво пласираше Јусуфи и поведе Ренова со 1:0.Потоа он им се повреди и од тогаш не мрднаа.Имаа 2 шанси на почетокот на второ полувреме и толку беше.
Ние можевме први да поведеме со мајсторијата на Дашјан ама ја погоди само стативата.После тоа и Асани ми се чини имаше добра шанса.
Но токму Асани ни донесе израмнување.Мајсторски изведен слободен удар за 1:1 на семафорот.
Ако во прво Фичо беше очаен, во второ полувреме ни донесе и водство од 2:1.
Само што влезе Темелков зголемивме преку него и на 3:1.
Морам да го пофалам Глигоров.Маестрална партија, какви само пасови даваше секоја чест.Запиша и една асистенција при третиот гол (y)
Имаме солидна предност која мислам не носи во полуфинале.

На стадион не повеќе од 200 души.Комити околу 70-80, сепак и ова е премија со оглед на тоа дека е работен ден.
За новата песна немам зборови, полоша амин :facepalm:
 
Можеше да извадиме и подобар резултат од 3:1,но и вака не е лошо ако се земе во предвид фактот дека и Ренова имаше свои моменти во мечот.Ерменциве имаат топ во ногата. :cuc: Шутот на Хамбарџумјан ако не ја погодеше стативата тогаш на Градски ќе се мењаа мрежите 100%.Натпреварот го отворивме за нијанса послабо за разлика од другите натпревари што ги игравме на домашен терен,но и покрај тоа на 0:0 бевме екипата која што на 2 пати се закани доста сериозно.Најпрвин Дашјан со сув лист од слободен удар ја затресе стативата,а потоа и Асани имаше 100% шанса кога биеше од 7-8 метри но одбрани голманот на Ренова.Кога се чинеше дека голот на Ренова виси во воздух од ич нигде коњот Дино Најдоски направи кикс по што еден од играчите на Ренова биеше во самиот агол од голот на Павловиќ за водство од 0:1.Потрапав играч јас во живот немам видено од Најдоски.:facepalm: Печен е овој да лета од тимов уште летоска.За среќа на израмнувањето не чекавме долго (околу 10мин) кога Асани со гол од слободен удар под пречката донесе изедначување.Ако продолжи во ваков стил да игра ќе прерасне во играчиште зелчево. (y) Второто полувреме со 50% од силите го игравме.Доста лежерно се влезе во вториот дел...човек да си помисли дека имаме водство од 3:0.Колку што имавме ние шанси да го превземеме водството толку и зелките имаа.Среќа е што се катастрофа во завршницата инаку ќе имавме доста голема мака за да стигнеме до победата.За вториот гол на Вардар се виде зошто Ерменците (во случајов Хамбар) се класа фудбалери за нашава лига.Со финта Хамбар се ослободи од тројца играчи кои беа пред него,нафрли и откако двајца играчи на Вардар ја промашија топката таа стигна до Петров на втората статива кој што биеше покрај голманот на Ренова за водство од 2:1.Невидлив беше цела утакмица Петров,но во негов стил од ич нигде се појави и ја турна некако топката во мрежата.Дефинитивно и овој не е играч за првиот тим на Вардар,но додека не дојде некој друг за таа позиција ќе се молиме да се најде на вистинското место за да ја гурне топката во мрежата и на другите утакмици.Третиот гол дело на Темелков кој што по 5-10 минути поминати на теренот се запиша во листата на стрелците.Топка по земја од Глигоров,Петковски ја прескокна и Темелков со силен удар од 11-12м биеше во голот на Ренова.Кога го спомнав Петковски мора да кажам дека сум разочаран од него и очекувам веќе викендов Ивановски да стартува.Секоја чест за тоа што даде 6 гола кој што се многу значајни за тимот,но од тогаш наваму нема направено ни една работа заради која што би ме убедил дека има место во стартниот тим на Вардар за него.Ептен на живци ми оди кога без врска му се дере на Асани зошто не му подал во ситуација кога овој има простор за чист шут,а Петковски е затворен.Извини вака Фичо ама моментално можеш само да му го шмукаш кабриолетот на Асани.Истото да го прави го имам приметено и Фичо Ивановски...изгледа нема на кој па мора на него да му се истурат за тоа што они се камења камењосани.

Посетеноста стандард...33.000 гледачи.
 
Ова денес беше све освен добра игра. Никаква концепција, катастрофа. Во прво полувреме и двете екипи не знаеа кај терааат, во второ Ренова беше подобра и среќа што паднаа добри голови за да ја избледат сликата од тоа што се дешаваше на терен.
Претежно утакмициве ги добиваме на искуство и не знаење на противникот. Исклуок се утакмиците со Чеченија каде изигравме ко што треба другите утакмици еби ветер.
На овие пари што се фрлаат срамота е ваква игра. Со Илчо пред 4 години со најголема плата 5 илјади евра рутински ги добивавме утакмиците без примени голови од нефудбалери.

Црно ни се пишува со Андреев, Петковски цела утакмица дрветина невидена, до 65 минута 1-1 он го чува Фичо на клупа.
За на крај Петковски да излезе во 90та минута. Смешно и трагично.
 
Се утепаа некои од кењање за шипурката на претходните страни, а он у задњиве неколку утакмици ни е најбољи играч заедно со Ерменците. Не знам што сте го стаиле толку на зуб...
Дино е коњ невиден дефинитивно... како да не му е син на Илија Војвода. Бајо, фала ти најмногу за Грне, ама кај ни ја ували бре оваа незналица, да си кинеме живци со него?! Елементарни фудбалски познавања нема кутриот!
Ист и оној Петковски не знам што се замишља... даде гол у Тетово и мисли Господ за муда го фати. Мора подитно шпиц на зима!
 
На таа ледара што беше на стадион добро и толку луѓе што имаше. Играта не убедлива ама па и против Ренова неможеш којзнае колку да се изнаиграш. Ми се свиѓа што не ја пумплаат многу многу туку знаат да ја бапнат од 16-18-20 метри башка и тие шутеви се прилично опасни.
 
На стадион не повеќе од 200 души.Комити околу 70-80, сепак и ова е премија со оглед на тоа дека е работен ден.
За новата песна немам зборови, полоша амин :facepalm:
Не заебавај, во второ полувреме сигурно имаше бар 120 души на наша трибина, а може и повеќе :icon_mrgr:
Песната, каква-таква ја рамрда атмосферата.

Натпреварот беше лош во глобала, но одлично е што славевме со два гола разлика.
Не не посака среќата на два-три пати денеска, кога бевме многу блиску да дадеме гол, но среќата ги чуваше гостите.
Првата шанса беше слободниот на Дашијан кој заврши во стативата. Добро надворешно ефе и даде на топката, ама истата некако бегаше од голот и заврши во надворешниот дел од стативата.
Во истата акција Асани имаше одлична ситуација, но голманот на Ренова одлично одбрани.
Не се лоши овие Ренова, за разлика од другите екипи, секогаш знаат да организираат некоја добра акција на Градски. Имаа доста добри акции, лесно не работеа и тука негде се виде отсуството на Таневски :D
Најдоски лошо покри за првиот гол, практично им овозможи да шутираат од добра позиција, а ударот беше маестрален, среќа што Павловиќ не се здрви во статива па да заработеше некоја тешка повреда :гик:
Одма тука почнаа сите да серат, ете сме ја местеле, ќе сме им ја дале за првенството итн...
Ирзамнивме практично без игра. Видовме уште еден одличен гол, и уште еднаш стрелец Асани :гик:
Гази Јаско во последниве кола :icon_mrgr:
Прекрасно пласираше под пречката, многу убав гол од слободен.

Во второ полувреме почнавме да напаѓаме иако беше видливо дека не им се игра многу на играчиве. Петковски се испуца некако, време е да биде сменет со Ивановски, затоа што е отсечен во нападот. Првата шанса мислам дека ја имавме преку Асани кога беше блокиран во последен момент од еден дефанзивец на Ренова.
Па Петковски биеше со глава за малце над пречката.
Тогаш при едно нафрлување, Петковски продолжи со глава до осамениот Петров, кој од втората статива лесно погоди за 2-1.
Ренова имаше неколку добри акции до крајот на мечот, особено при едната шанса расчистивме од пред самата гол линија.
Имаше и една многу смешна ситуација, кога изблокиравме еден удар од работ на шеснаесетникот, ама топката се одби до играч на Ренова кој беше осамен во десниот агол од шеснаесетникот, ама дур се местеше некој успеа да му го блокира ударот. Топката толку силно му се одби во фаца, што просто го нокаутира :pos::pos::pos:
Тука го видовме и еден од поубавите моменти, ако влезеше топката ќе беше голчиште од невидени размери :D
Хамбарџумијан ја распука од далеку, со одлично ефе, ја искрши стативата. Како пукна само :icon_mrgr:
Потоа и Глигоров мислам дека биеше за малце над пречката.
Ренова имаа уште една добра акција кога одвај спасивме пред гол, а на 1-1 имаа и еден слободен кој Павловиќ го одбрани со крајни напори.
Да биде победтаа поголема се погрижи Темелков кој влезе во 80-та минута. Хамбар влезе од страна, сврти во шеснаесетникот, некој ја пропушти топката, оваа дојде до Темелков кој шутираше одлично, а маркираниот гостински голман немаше шанси добро да реагира.

Дојдовме до посакуваната победа, само на овие мечеви според мене треба повеќе да играат младинците, затоа што некако првотимциве немаат некоја јака мотивација. Не викам да се почне со цел младински тим, туку обавезно требаше да играат барем дел од нив, пример Серафимовски или Иванов...

Мислам дека нема да имаме проблеми да ја задржиме предноста во Тетово, само во првенството може да загубиме два бода таму...
Ренова ако треба да напаѓа нема да ни претставува некој поголем проблем, ама ако одат на 0-0 (а ќе одат), доста се опасни ако им оставиш простор за контри...
Бујче резерва станал ебате :LOL:

На трибина добра забава иако бевме во мал број. Во споредба со првенствените мечеви, пак имавме солидна бројка на запад и добро навивање. Имаше парола за Иван Билински, кој загина во сообраќајката кај католичка и минута молчење за него.
 
од кај излезе Јасир Асани, од кај го ископавте ова дете :)
 
На таа ледара што беше на стадион добро и толку луѓе што имаше. Играта не убедлива ама па и против Ренова неможеш којзнае колку да се изнаиграш. Ми се свиѓа што не ја пумплаат многу многу туку знаат да ја бапнат од 16-18-20 метри башка и тие шутеви се прилично опасни.
So taka si zgresil na utakmica da otides ti ? :icon_mrgr:
 
Далеку сме од сериозна екипа, далеку.. мислам дека пред 3 сезони со Илчо бевме дури класа подобри. Класа шпиц обавезно, Петковски и покрај головите, далеку е од квалитетен напаѓач, Ивановски далеку од тоа што беше, Миранјан сеуште не сме го виделе на терен повеќе од 15-тина минути и тоа претежно во мечеви на кои победникот е веќе решен. Гледам за Б-тимот игра и даде неколку голови, не знам зошто не добива шанса, лани гледам играл за младите на Шахтјор во младинската лига на шампиони и на повеќето мечеви бил стартер. Има настапи и за младинските категории на Украина, а го повикуваа и за Ерменија неколку пати за сениорите иако не доби шанса. Не ми се верува овој да биде послаб играч од Петковски, сметам дека треба да добие шанса, поготово поради тоа што е млад. Петров катастрофа, знае само да се најде на потребно место и да собере некој отпадок и да даде гол, иначе очаен. Ако се точни најавите за Блажевски, толку од Петров во Вардар. Глигоров и Дашјан солидни, па и Деспотовски, ама сепак средината не ми функционира баш најдобро. Ако може некако да искешираат за Даре Велковски би било идеално решение за дефанзивниот дел од средината, и како организатор и како деструктивец... Ќе видиме и како ќе ги уклопи Попов и Глишиќ кога ќе се вратат на пролет, и двајцата отскокнуваат со квалитет од моменталниве играчи и штета би било еден од нив да биде на клупа. Јас би пробал со 3ца одбранбени позади од кои еден би бил Попов, има конституција, снага, добро игра дефанзивно, мислам дека би се снашол покрај Грне и Таневски позади, а Глишиќ и Хамбарџумијан би ги играл како офанзивни бекови, имаат добра техника и доста трчаат, ќе стигаат и дефанзивно и офанзивно да помагаат. Сепак за Европа потребно е време, а и добар тренер, кој мислам дека го немаме ..
 
Стварно бе што кур е со песниве? Ај ако не, на струшки вечери на поезија да ги рецитираме...многу глупави песни се вадат, со глупави ритмови спори никакви, и од ооооооо наннанана лалаллалала у сите песни по 300 саати што се пеат преку три лепе !
 
Смислете подбори песни не дека некој ви забранува. Лесно е само да се критикува без да се понуди нешто подобро.

Околу утакмицата ги повлекувам сите лоши зборови што ги имам кажано за Јасир. Дечкото на почетокот забушаваше ама сега дефинитивно се истакнува како еден од лидерите на екипата. Убедливо најдобар од младинците :cuc::cuc:

До крај на полусезоната остнуваат уште две утакмици. Со ренова во тетово каде очекувам бод и со комшиките кои се надевам ќе ги измочаме максимално пред еве да речеме петиљадната публика на градски :icon_lol:
 
Последно уредено:
Стварно бе што кур е со песниве? Ај ако не, на струшки вечери на поезија да ги рецитираме...многу глупави песни се вадат, со глупави ритмови спори никакви, и од ооооооо наннанана лалаллалала у сите песни по 300 саати што се пеат преку три лепе !

Drugarce za evrovizija nemase dobra pesna od nas baras ti , aj glej si rabota tamo. Novava pesna e ok samo treba da se pee kako sto treba. Toa sto ima skapanici so neznaat da peat, odnosno nemaat oset toa e druga rabota
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom