На стадион не повеќе од 200 души.Комити околу 70-80, сепак и ова е премија со оглед на тоа дека е работен ден.
За новата песна немам зборови, полоша амин
Не заебавај, во второ полувреме сигурно имаше бар 120 души на наша трибина, а може и повеќе

Песната, каква-таква ја рамрда атмосферата.
Натпреварот беше лош во глобала, но одлично е што славевме со два гола разлика.
Не не посака среќата на два-три пати денеска, кога бевме многу блиску да дадеме гол, но среќата ги чуваше гостите.
Првата шанса беше слободниот на Дашијан кој заврши во стативата. Добро надворешно ефе и даде на топката, ама истата некако бегаше од голот и заврши во надворешниот дел од стативата.
Во истата акција Асани имаше одлична ситуација, но голманот на Ренова одлично одбрани.
Не се лоши овие Ренова, за разлика од другите екипи, секогаш знаат да организираат некоја добра акција на Градски. Имаа доста добри акции, лесно не работеа и тука негде се виде отсуството на Таневски

Најдоски лошо покри за првиот гол, практично им овозможи да шутираат од добра позиција, а ударот беше маестрален, среќа што Павловиќ не се здрви во статива па да заработеше некоја тешка повреда

Одма тука почнаа сите да серат, ете сме ја местеле, ќе сме им ја дале за првенството итн...
Ирзамнивме практично без игра. Видовме уште еден одличен гол, и уште еднаш стрелец Асани

Гази Јаско во последниве кола

Прекрасно пласираше под пречката, многу убав гол од слободен.
Во второ полувреме почнавме да напаѓаме иако беше видливо дека не им се игра многу на играчиве. Петковски се испуца некако, време е да биде сменет со Ивановски, затоа што е отсечен во нападот. Првата шанса мислам дека ја имавме преку Асани кога беше блокиран во последен момент од еден дефанзивец на Ренова.
Па Петковски биеше со глава за малце над пречката.
Тогаш при едно нафрлување, Петковски продолжи со глава до осамениот Петров, кој од втората статива лесно погоди за 2-1.
Ренова имаше неколку добри акции до крајот на мечот, особено при едната шанса расчистивме од пред самата гол линија.
Имаше и една многу смешна ситуација, кога изблокиравме еден удар од работ на шеснаесетникот, ама топката се одби до играч на Ренова кој беше осамен во десниот агол од шеснаесетникот, ама дур се местеше некој успеа да му го блокира ударот. Топката толку силно му се одби во фаца, што просто го нокаутира



Тука го видовме и еден од поубавите моменти, ако влезеше топката ќе беше голчиште од невидени размери

Хамбарџумијан ја распука од далеку, со одлично ефе, ја искрши стативата. Како пукна само

Потоа и Глигоров мислам дека биеше за малце над пречката.
Ренова имаа уште една добра акција кога одвај спасивме пред гол, а на 1-1 имаа и еден слободен кој Павловиќ го одбрани со крајни напори.
Да биде победтаа поголема се погрижи Темелков кој влезе во 80-та минута. Хамбар влезе од страна, сврти во шеснаесетникот, некој ја пропушти топката, оваа дојде до Темелков кој шутираше одлично, а маркираниот гостински голман немаше шанси добро да реагира.
Дојдовме до посакуваната победа, само на овие мечеви според мене треба повеќе да играат младинците, затоа што некако првотимциве немаат некоја јака мотивација. Не викам да се почне со цел младински тим, туку обавезно требаше да играат барем дел од нив, пример Серафимовски или Иванов...
Мислам дека нема да имаме проблеми да ја задржиме предноста во Тетово, само во првенството може да загубиме два бода таму...
Ренова ако треба да напаѓа нема да ни претставува некој поголем проблем, ама ако одат на 0-0 (а ќе одат), доста се опасни ако им оставиш простор за контри...
Бујче резерва станал ебате
На трибина добра забава иако бевме во мал број. Во споредба со првенствените мечеви, пак имавме солидна бројка на запад и добро навивање. Имаше парола за Иван Билински, кој загина во сообраќајката кај католичка и минута молчење за него.