Штета за Вардар навистина..
Не го гледав најголемиот дел од првото полувреме,фатив само последен напад кога Карачиќ даде гол и намали на 2 разлика...
Во второ полувреме на старт се виде сосема друга игра,знаев дека ќе има проблеми Веспрем со таа одбрана на Вардар...
Ако не беше Шема немаа никаква идеја..едноставно дечкото на 34 години покажа која класа на играч е,мајсториште...
Како шо очекував,одеа многу преку пикерите,ако не се лажам двата пикери им беа без промашување....шо говори за фактот какви играчишта се,башка шо прават блокови,имаат соработка со средниот бек,едноставно таа е таа оска..
Посебно шо го немаше Ласло...
Како шо и реков мо мојата анализа(за собирање лајкови),без Ласло немаат решенија во напад,Илиќ не е таков шутер како Ласло...
Немаат офанзивни решенија како другите тимови,со неколку бекови кои ќе распалат од секоја позиција,играта на Веспрем е пред се кон внатрешната линија,кога не знаат шо со топката се осврнуваат на луцидноста на плејмкерите и пред се на силата на пикерите..
Вака добиваме мал милион мечеви,не е ништо ново ова за нив,многу се силни во завршниците...
Иако денес,рака на срце не заслужија да победат..
Голот на Столе беше чист како солза,ја исфрли топката пред да стапни на паркет со ногата,и мораше да го признаат голот..
Доказ колку динамичен спорт е ракомет,една судиска одлука и отиде мечот,иако веќе со едната рака си ја зграпчил победата..
Е сега шо го промаши Брумен пеналот,јебига,се случува...
Миклер покажа како шо и очекував дека е во голема форма и дека е класа голман...
Победата на Веспрем се должи на добрата одбрана,голманот,пикерите и Шема...
Илиќ иако беше најефикасен сепак не е јунак на мечот..
За Вардар,Карачиќ изигра страшен меч..
Но немаше подршка од левите бекови,нуту Горбок,ниту Лацковиќ не дадоа некој гол од далеку(барем од кога гледав јас)да ја разбијат малку таа агресивна зона,да тргнат и кон нив,да се отвори простор за другите...
Можеби ви фали еден помлад разбивач од таа страна,реално времето на Лац полеа е при крај(иако во одбрана е добар),а и Горбок не е некој константен играч да разбива со 10 голови по меч...
Ако е паметен Самс,и така има врски со Медведи,има едно младо бекче од Медведи,Деревен,е ова е класа лев бек,вистински топчија,слаб,висок,брз,техничар,на оваа екипа би се вклопил перфектно.
Сигурно го следат,иначе за дечкото допрва ќе се тепаат....
Пикерите ви изграа одлично..
Крилата имаа грешки,но во таа еуфорија и брканица грешките се секојдневие..
Штета за последниот напад шо заврши така,баш на укрстување во најнезгоден дел од теренот се изгуби топката..
Нема друго чаре во таква ситуација,освен да се прави одма фаул,зошто играчот оди во контра и има агол лесно да го претрча цел терен...
Иначе ако не згрешеа така тешко дека Веспрем ќе дадеше гол во последниот напад на поставена одбрана на Вардар.....
Тврд меч,очекував повеќе голови,но Веспрем доста добро ја простудирал играта на Вардар...
И без Наѓ покажаа дека се класа екипа...
Како и да е,Вардар покажа карактер,и изигра добар меч...
Шансите за висок пласман во групата се сеуште тука...