Primera División 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување

Млад играч со најголем напредок во досегашниот тек од сезоната:

  • Кастиљехо

    Гласови: 8 21,1%
  • Вието

    Гласови: 26 68,4%
  • Криховјак

    Гласови: 9 23,7%
  • Гаја

    Гласови: 10 26,3%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Духовитост левел: ManUtd fans
Јас па заборавив дека си имам работа со дечки што за секоја заебанција во темата за смешни слики, кога ќе се постира слика од Јунајтед, ги цитираат сите еден по еден и им држат предавања.

А шо мислиш лесно е со толку дупли профили да држиш толку предавања ?

Хах
 
Уште да бев за Јунајтед добро ќе беше. Само сеа кога ќе им ги пушти видеата од Јагиелка... :ROFLMAO:
 
Пелегрини освои ПЛ. Пелегрини. МАНУЕЛ ПЕЛЕГРИНИ!

end of story. :icon_lol:

Туре,Силва,Насри и Агуеро скоро цела сезона не се повредија и играа во топ форма...настрана тоа што четворицата се вонсериски играчи,после со останатото е лесно..сега ова сезона веднаш се гледа малку разлика..Насри не му се игра,Силва повреден,Туре е како балон истушен и само на Агуеро му се игра[DOUBLEPOST=1415579020][/DOUBLEPOST]
@Stefan-kobe @Џонтра Волта пишете им бе дека крофнарот има освоено Шпанска.

ама во 2004 година
 
Пишуваме дека крофнарот има освоено Примера. :D
Има и финале ЛШ со Валенсија. :facepalm:[DOUBLEPOST=1415579058][/DOUBLEPOST]
Пелегрини освои ПЛ. Пелегрини. МАНУЕЛ ПЕЛЕГРИНИ!

end of story. :icon_lol:
Пелегрини беше тренер на Реал. :D Замисли да освоеше со Реал... Пепел! :D
 
Туре,Силва,Насри и Агуеро скоро цела сезона не се повредија и играа во топ форма...настрана тоа што четворицата се вонсериски играчи,после со останатото е лесно..сега ова сезона веднаш се гледа малку разлика..Насри не му се игра,Силва повреден,Туре е како балон истушен и само на Агуеро му се игра.

Мојс со овие ЛШ ќе ја одбранеше два пати! :D


Пелегрини беше тренер на Реал. :D Замисли да освоеше со Реал... Пепел! :D

Најглупиот тренер од сите кои Реал ги преврте изминатава деценија. До душа ја бев еден од ретките кои не го сакаа, особено шпанците го сакаа јер (Златко) играл офанзивно, нда. Тренер за просечни тимчиња... ко Сити... :icon_lol:

Пишуваме дека крофнарот има освоено Примера. :D
Има и финале ЛШ со Валенсија. :facepalm:

Тој со Ливерпул освои, не па финале со Валенсија.
 
Мојс со овие ЛШ ќе ја одбранеше два пати! :D




Најглупиот тренер од сите кои Реал ги преврте изминатава деценија. До душа ја бев еден од ретките кои не го сакаа, особено шпанците го сакаа јер (Златко) играл офанзивно, нда. Тренер за просечни тимчиња... ко Сити... :icon_lol:



Тој со Ливерпул освои, не па финале со Валенсија.
Ниту сум фан на Реал, ниту на Сити, ама јас колку го мразам Пелегрини не си свесен. Лузер!
 
Примера ги нема Хул и Стоук...тие ја прават јака Премиер.
 
Немаше финале со Валенсија..грешка сте

точно. :)

двете финалиња на Валенсија беа со уште еден тренер кој го има водено Интер :) - (Х)Ектор Купер, човекот е жив доказ дека животот не е фер. :(
 
Кордоба е дефинитивно најслабата екипа во лигата. Сеуште се без победа, а онаква шанса да не искористиш со играч помалку и пенал против директен ривал за опстанок е срамно. Џабе им е Ѓукиќ ако не земат нешто на зима скоро сигурно отпаѓаат. Депор извлече максимум од гостувањево со оглед на раниот црвен картон, кој рака на срце беше смешно досуден. Овој Матеу Лахос е еден од најглупите судии, а што е најтрагично магарето веќе е долго време во Ла Лига. Дур сме кај Депор Постига е жив очај, ај што не си ја врши напред работата туку само се курчи и еве ги кошташе два бода кои со оглед на тоа колку се очајни Кордоба.
Алмерија изигра доста добар меч само на крајот пресуди Суарез кој имаше одлично второ полувреме.
Хетафе разочара на Колосеумот, Јода доста слаб, Сарабиа и Лафита речиси ништо не искреираа, а со оглед на играта на претходните утакмици многу повеќе очекував од нив. Од друга страна Елче имаше некои шанси ама задоволителен бод за нив после победата во прошлото коло и лошиот старт.
Малага и Еибар изиграа интересен меч. Многу цврста екипа е Еибар, доста физичка, знаат што сакаат и ја користат секоја грешка. Малага не импресионираше како претходно но на крајот успеаа да победат со голот од пенал на Амбрабат кој беше одлично затворен и не се најде во скоро ниедна прилика. Саму Кастиљехо го изигра можеби најдобриот меч во дресот на Малага, секоја утакмица е све подобар а има само 19 години. Пет победи по ред за Малага, покрај нив само Реал и Барселона можат да се пофалат со ваква серија.
Селта не успеа да ја скрши Малага, од хајлајтсите што ги гледав Селта имаше неколку шанси но не успеаа да поентираат. Капарош на крајот беше задоволен иако Гранада веќе 6-7 кола е на ниво на Кордоба.
Вистинска кланица беше во Андалузија, Бето го отепаа на два пати неговите соиграчи и на крајот таков зашеметен направи несвојствен кикс за него, Емери едноставно мораше да го извади. Исто имаше и мал број инциденти меѓу останатите играчи. Мечот беше продолжен за 15 минути(7 во прво и 8 во второ). Леванте изгледа многу, многу подобро со Алкараз на клупата иако според шансите Севиља заслужи да победи.
Виљареал е доста разнишан, веќе 4-та утакмица по ред без победа а денес во Каталонија не баш сјајна игра и сосема заслужено Еспањол израмни после силниот притисок во последните 15 минути. Асенхо имаше страшен пад, ја свитка глевата и се онесвести. Сепак после продолжи, но вечерва бил хоспитализиран, се надевам дека не е ништо сериозно.
Валенсија не успеа да го скрши Билбао, напаѓачите потполно отсечени, Андре се трудеше ама сам толку можеше. Се гледа дека фали Парехо, со него играта е доста потечна. Негредо кој влезе на 20-тина минути пред крајот беше тотално отсечен, истото важи и за Родриго и Пако. Едноставно средината беше премногу некреативна. Несфатливо беше вадењето на Пијати кој беше најдобриот играч на Валенсија дотогаш. Атлетик дојде без Адуриз и Муниаин и овој резултат е одличен за нив, фаќаат залет полека имаат 7 бода од 9 во последниве 3 кола.
Сосиедад повторно изиграа перфектно против претендент за шампионатот. Седум од деветте бода им се против Реал, Валенсија и Атлетико. Луда екипа. :D

п.с. Знам дека сум офтопик
 
точно. :)

двете финалиња на Валенсија беа со уште еден тренер кој го има водено Интер :) - (Х)Ектор Купер, човекот е жив доказ дека животот не е фер. :(
Да, јас ги испомешав брзините изгледа. Купер има и 1/2 финале со Интер во ЛШ, кое доста несреќно го загуби од Милан. Првиот меч кога Милан беше домаќин беше 0-0, а во вториот Милан поведе, а потоа Интер израмни преку Мартинс. При крајот Калон имаше шанса која се промашува еднаш во 1000 пати, али за наша несреќа го погоди Дида во бутниот мускул и успеа да промаши...
Т.е. могуче е и да беа две 1/2 финалиња по ред со Милан ако добро се сеќавам, али во тоа другото убаво не растури Милан. :)
Купер беше махер за европските натпреварувања.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom