Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Од пред некое време е официјално. :D Pejo eфектот на дело, ти го зеде божино и не знајш на кај тераш.
 
Рачунај дека за Eraserhead или Inland Empire ни гугл не ти помага, али тоа е во овие филмови интересно, секој своја интерпретација може да даде.
А одговорот можеби го знае само режисерот, а многу често ни тој.
Нема што да се сфаќа у овие филмови, не носат скриени пораки, едноставно се снимани од аспект на режисерот и пренесување на неговите сфаќања, неговата персона на филмското платно. Посебно овие два филмови од Линч идат у екстреми заедно со Mullholand и Lost highway, со мал исклучок на Ерејсер, кај другиве муабетот е да се сконта структурата на филмот, пошто најчесто не е правилна и нема обележја на обичен филм со тоа што вметнува суреалност(имагинација/сон-реалност) и комплицирани точки на свртување. Филмовите на Линч за мене се значи структурно тешки за разбирање, немаат сценариска длабочина и заплети кои ќе емитуваат некое универзално значење, впрочем и Линч не цели кон тоа. Сепак без сомнеж, оригинален режисер е и еден од најдобрите.
 
Boyhoоd одлично филмче, одлична режија и особено ми се допадна фокусот на детали низ теков на филмов, ситни моменти што сме ги сите прошле на некој начин онака ти влегува под кожа филмов едноставно, лесен за гледање, препорачувам до сите. 9/10
 


NGtkjln.gif
 
Дајте нешо слично на ова The Man from Earth (2007)

Слично како.... ? Така добра мистерија или те бендиса приказната. Ако си за мистерија, имаше страна две назад, стварно добри филмови што ги наборја Вот
 
Ке го пробам Coherence (2013)
Иначе како ми легна Man from earth страшно добро филмче
 
Го имаш гледано оригиналниот Iron Sky? Имаше јаки моменти кецот, посебно тоа со Канада, прснав од смеење.

Guilty pleasure 101 ќе биде.
Го немам гледано, ама сепак сакав да ја искористам приликава да си го постирам гифот :D

Знам дека е намерно чуден филм и дека е смешен.

Исто има и една серија ваква слична во Австралија (или не знам каде точно) што излегува и исто е во ваков стил со неколку луѓе (војници ваљда) беа што го бркаат Хитлер. Па сега втора сезона најавија ќе патуваат низ времето...


Ако знае некој за што зборам нека постира линк или име од серијава, ваљда на Тегла ќе му се допадне :D
 
Од тројца луѓе досега лично што слушнав сите под импресии, и не знаат што да искоментираат ама буквално не знаат. Полн со емоции бил, не очекував да е таков филм, во недела вечер го гледам, а може и утре ако не издржам! :)
 
Паа добар е навистина добар, сега има моменти каде што тотално се збунив и нема што да го кријам тоа. Можеби улога има и тоа што искрено не сакам многу вакви филмови, но тие на Крис сакам да ги гледам, а сега и Метју глумеше, а филмови со него не се за испуштање :D

Мада имам цимери што обожаваат вакви филмови, па сега разјаснивме некој работи :D
 
Од тројца луѓе досега лично што слушнав сите под импресии, и не знаат што да искоментираат ама буквално не знаат. Полн со емоции бил, не очекував да е таков филм, во недела вечер го гледам, а може и утре ако не издржам! :)
А имаш и рецензии у двеве теми за рецензии :D

И да, и јас не очекував али стварно има неколку емотивни сцени :)
 
Не можам да дадам некој "стручен" коментар, ама ќе пробам да ги споделам моите аматерски импресии :icon_mrgr:
Филмов од мене има 10 дебели бели бумбари. Не трепнав цели 3 сати, какво само возење беше...Дури и малку беа 3 сати, уште сат/два да траеше срањево пак малку ќе ми беше. На крајот кога видов дека 3 сати траел не ми се веруваше, ми се чинеше дека сат/сат и пол има поминато... Да не претерувам ама Инсепшн сега ми е гола вода во споредба со овај.
Визуелно беше уживање, спејс нрдовите ќе свршуваат в гаќи на кино. Многу ми е криво шо немав можност да го гледам ова визуелно совршенство во IMAX кино или барем во Синеплекс, ама ние работничката класа мора да се задоволиме со битолсково piss poor excuse of a cinema.
Meконахи си е ѕвер. Ане е срцка. И така :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom