Ова е топ работа, ама само во комбинација со подно греење низ поголемиот дел од од станбената површина.
Така целата подна температура е грејно тело, и за греење е доволна и темепература на водата од 30-40 степени целзиуси. Огромна разлика е во ефикасноста на работата на топлинската пумпа кога треба да загрева вода на 30-40, или на 60-80 степени како што треба за класични радијатори, или за фен којлери (кои се приказна за себе, од аспект на неисплатливост).
Уште не можам да си опростам на себе си како преклани не поставив хидропонска инсталација, кога ја ставав кошулицата.
[DOUBLEPOST=1415315889][/DOUBLEPOST]
Кај мене баш сега се става фасада, екипата што сега работи се топ. Претходно почна друга екипа... не сакам сега да разглабам за тоа, само ќе кажам дека одамна така не сум се изнервирал. Планирам да отворам одделна тема за искуства со мајстори, а инспирација ми е токму искуството со лузерите што првично требаше да ја работат фасадата.
Како и да е, утре сум зафатен ама задутре (или друг ден) може на ПП да се договориме да дојдеш кај мене да ги видиш како работат и евентуално да си направиш муабет за се што те интересира. Кај мене засега искуството со нив е прилично позитивно, многу професионално си ја работат работата.
Пошто си во тек со работиве, дали знаеш цена на фасада (демит)? Само раб. рака, или пак комплет со материјал и раб рака? Знам дека и скелето игра улога.
Иначе печки за етажно греење, ти се печки на дрва кои имаат котел во нив, таму се грее водата која потоа се спроведува преку систем за централно греење (цевки, радијатори, и пумпа за да ја циркулира водата).
Тој термин „етажно греење„ ме нервира малку што го форсираат (препишуваат) продавниците, пошто некој српско-бугарски термин е. По нашки си е „систем за централно греење„.
Значи ако немаш во подот веќе изведена инсталација со цевки (а најверојатно немаш, чим прашуваш), ќе треба некако да спроведеш цевна инсталација до просториите што ќе се греат. И нормално радијатори и пумпа за вода.