Најекономично греење и ладење

Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Арно кажа човекот не е тоа греење со климите кога нема да можеш да направиш да седиш по кратки ракави. И јас имам алфа плам во дневна и тоа нема ни 30м2 само проблем е што кај нас нема такви зими па немам потреба ни да го палам, лани два или три пати дали го запалив и тоа само ради тоа што немаше струја повеќе од 4-5 саати
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.614
Поени од реакции
7.422
Пред малце командант Марк напиша дека се грее на 24, ја на 23-24....може значи....на што клима си ?
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
умре времето на термопечки не се исплатливи јас имам дома за украс ми е ако сакаш ке ти ја продадам , само инвертер е лекот ама добар инвертер да те згрее како што се toshiba'mitsubishi,gree . јас кога ја користев термопечката само дебели сметки плакав а да не зборам ако ја пуштиш да испушти топлина отиде за 15 минути
Не прашував лично за мене, туку за една постара особа на која и треба грејно тело.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.614
Поени од реакции
7.422
Не прашував лично за мене, туку за една постара особа на која и треба грејно тело.
Ако не се снајдете со термо печка пролистај го ова пред некој ден го читав, наводно конвектор (со вентилатор) подобро и побрзо греел од панелка, колку е точно незнам.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.355
Поени од реакции
33.444
Тоа се цени што ги нуди Gree Mak...hansolot 12 e со цена 47500 без монтажа + 70 е монтажа, hansolot 18 ка е кај нив со монтажа 58000 ден. Благодарение на овој форум јас го најдов бројот на Зоки Зорба и го прашав за цени и тој рече вака: .hansolot 12 ми ја дава за 46000 со монтажа а hansolot 18 ка 49000 со монтажа.
....Форумџии морам да се корегирам со цена за hansol 18 ка во Gree Mak e 59900 + 80 е монтажа
Чекај сега ова последнава корекција е за Гри-Мак, или за Зорба.
Овака како што си го напишал, искача дека во Зорба 18ката е 49к со монтажа. Ако е така уште утре купувам! ;)
(претпоставувам лапсус е, и корекцијата е за Зорба... ама ајде да расчистиме)
 
Член од
12 септември 2013
Мислења
222
Поени од реакции
184
ја читам темава и неможам да верувам што се прочитувам во нејзе... луѓе.. мислите ли вие на своето здравје? плус давам предлог да се смени делот од насловот кај што пишува греење во ПРИГРЕВАЊЕ... 99% сте удриле дискусија на клими... клима па клима... стигате до баснословни суми за клими во некои постови, суми кои ни под разно нетреба да бидат дискутабилни за ЕДНО ГРЕНО ТЕЛО ВО ЕДНА СОБА-ПРОСТОРИЈА...

греење подразбира греење на цел стан-куќа... со клима не е греење... со клима е пригревање...
greenje podrazbira greenje na onoj del od kukata ili stanot koj sakash NO NAJCESTO KOJ MOZESH DA SI DOZVOLISH da go greesh. NAJEKONOMICNO GREENJE E TEMATA I batka KANO ne e promasheno. I jas sakam da imam VOLVO najnovo pred zgrada (ili kano sistem za greenje plus kamin za kuropek i uzivanje) ama NE MOZAM DA SI DOZVOLAM. Zatoa batka onak se e vo red so temava i postovite. Zdravje vo ovaa drzava odamna sme zaboravile. Zdravjeto e kompletna sostojba na covekot (dushevna, finansiska, ANTIPESIMISTICKA.....)
sekoe dobro[DOUBLEPOST=1415250057][/DOUBLEPOST]
Не ставаш линк до твојот сајт ?
:pos::vozbud::гик:
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Kako sto nekoj kaza deka klima nemoze da te gree kako alfaplam, da vo pravo si, ama ne sme site vo moznost da imame po nekoj kotlar doma za da manipulira so alfaplamot (citaj kotel na cvrsto gorivo), pa cepi drva, pa cadelo, pa nekoj nema kade da gi stavi drvata, pa vleci sekoj den, pa ugasnalo, pa nema koj da stavi drvo ...... Se e individualno, nekoj ne saka amalska i kotlarska rabota, nekoj saka itn...

Zatoa temava e taa sto e, i sekoj moze da se iznesuva kako i sto razmisluva, dali toa bilo greenje so klima ured, greenje so topl. pumpa, greenje so kotel so bilo kakvo gorivo (drva, peleti, nafta, gas itn itn,,,), greenje so termo pecki, greenje so panelki .......
A toa sto najmnogu se pisuva za klima ured pokazuva deka forumdziive se najmnogu zainteresirani za klima uredi.

Dajte napisete nesto sto ne znaeme, pa mozebi ke trgne diskusijata vo druga nasoka, pa i mnogu (tuka vklucitelno i jas) ke naucime nesto sto ne sme znaele, a da se pisuvaat gluposti bez fakti mislam deka ne e vo red.

Sepak ova e forum kade mozeme i treba da naucime novi raboti, taka da vie sto znaete poveke educirajte ne nas sto ne znaeme za metodi kade sto greenjeto e ekonomicno a i ne e zahtevno, i stavete gi na vaga site prednosti i site nedostatoci na nacinite i metodite na zagrevanje.

Jas ke kazam deka sum se greel skoro na site nacini na zagrevanje, (od nafta, preku drvo pa do struja) ke kazam deka najdobro zagrevanje e so sopstveno
parno na struja, arno ama ne korenspodira so mojota "finansiska makromonetarna politika i globalna fiskalizacija":vozbud: a i so temata voopsto ili prosto kazano so toa ke se zagream ama ne mozam da platam
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Пред малце командант Марк напиша дека се грее на 24, ја на 23-24....може значи....на што клима си ?
не се брои мојата во клими обичен нео уред купен 15К пред се за ладење ама топло е кај нас цела зима па затоа врши работа и за греење сега за сега во соба од 20м2.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.355
Поени од реакции
33.444
не се брои мојата во клими обичен нео уред купен 15К пред се за ладење ама топло е кај нас цела зима па затоа врши работа и за греење сега за сега во соба од 20м2.
Kako што ти кажав толку пати досега, се е тоа убаво што ти со 15 илјади ден. уред се грееш (иако и за тие пари имаш милион пати подобри уреди од Нео).
Но многу контрадикторен си бе бачка. Од една стара се фалиш како нема потреба од софистицирани скапи клими, а од друга страна па се жалиш како тоа ќумурот Нео не може да загрее да се шеташ по „кратки ракави„.

Епа не може бе баче тоа со Нео, добро е и што до 20с загрева. ;)
Чек ако залади повеќе тек ќе видиш колку не си во право.

Јес да тогаш ќе си го распалиш Алфа Пламот, ама па и тоа со греењето на дрва си е приказна за себе. Луѓето толку ги предимензионираат печките на дрва, што кога ќе ги разгорат како што треба да горат, потоа по кратки ракави се потат и држат отворени прозори. А потоа пак, го намалуваат дотокот на воздух во горилникот за да „горат поспоро дрвата„ и заради тоа им се затнуваат оџаците со саѓи а ефикасноста на согорување им паѓа и под 20%... другите 80%, цели кубици и кубици дрва им излегуваат низ оџакот и прават солиден придонес во зимскиот смог (и непотребна дупка во домашниот буџет).

Така да ако сеуште не ме разбра, таа Алфа Пламот ти „грее премногу добро„ затоа што си ја предмензионирал.
Ете земи го и најевтиниот (а прифатливо квалитетен) инвертор со некои 7киловати проектирана излезна топлинска моќ (ете Гри на пример), и бапни го да грее на некои 28-30 степени... па да видиш што е вадење сипаници и потење. Но климите ретко кој ги предимензионира, напротив најчесто се под-димензионирани.


Ајде да видиме дали сум во право, кажи кој модел ти е Алфа Пламот, и кажи колку квадрати е просторијата каде е таа сместена (може и висината на плафонот да ја кажеш).
 
Последно уредено:
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Овој текст воопшто не треба да се закачува овде затоа што младичот што го напишал, не потрошил ни половина час во истражување, за да добие барем малку предзнаења на темата. Вредноста на овој текст е НУЛА.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.976
Поени од реакции
1.246
Дали некој оваа сезона купувал пелети?
Како се движат цените?
Има ли сега понуда на пелети?
Обично цените се движат од 195 денари за вреќа од 15 кг па нагоре до 220 денари, зборуваме за фирми кои располагаат со големи количини во секој момент. Иначе се наоѓаат и под оваа цена од 160 до 180 денари за една вреќа. Јас конкретно загревам 50 м2 без изолација на собата на зададена температура од 22-23 степени и трошам една вреќа од 11 попладне до 22 часот.
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Ајде да видиме дали сум во право, кажи кој модел ти е Алфа Пламот, и кажи колку квадрати е просторијата каде е таа сместена (може и висината на плафонот да ја кажеш).
во право си за се што кажа, проблем е што пред 2-2ипол години кога го зедов ова неото не го пратев форумот па немав претстава оти толку убаво греат инверторите.
Инаку алфапламот е од тие старите што им се дига капакот на горе рустик мислам дека му е името уште ги има во продажба и се греев јас долги години на него ама тука кај што ми е компјутерот тешко загрева има еден ходник од 10-11м2, а тој е во поголемата соба околу 30м2(таванот е 2.6м) и топлината треба да помине низ две врати. И сега ако го запалам јас каминот таму не се седи оди и на 30с. температурата ако не ставиш дрва па ќе се изгасне затоа зимно време сум во оваа помалата соба од 20м2 плус имам панел од 2.5KW ама јаде струја како луд не е исплатливо да се грееш на него ич. Ќе видам како ќе ја поминам зимава со ова неото па здравје до другата зима планирам да си земам еден гри чејнџ ваљда ќе ми врши работа за 20м2 изолирана соба однадвор со стиропор и на таванот имам стаклена волна
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.355
Поени од реакции
33.444
Епа пријателе си требало да го земеш Рустикот што има и котел, и да си спроведиш цевки за парно (централни греење) низ собите. Имаш опција и сега да му вградиш котел, ама за тоа ти треба добар мајстор.
Иначе Рустикот (со котел) е специфициран да грее до 75м2 простор, а за тие 30м2 во поголемата соба ти е оверкил предимензиониран. Нормално дека нема да се седи во таа соба со температура над 30ц, а кога ќе го намалиш кислородот во горилникот, ќе ти иде зијан согорувањето под 20% ефикасност и дрвата низ оџак ќе ти излегуваат и ќе го затнува оџакот со саѓи.

Затоа треба правилно димензионирање и на печките за дрва, и секако да се со котел за цетрално греење бидејќи така многу поефикасно се искористува енергијата од дрвата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom