Цел октомври помина и така хронолошки може да ги распоредиме натпреварите од овој месец, каде што Алегри го се изгуби целосно и почна да прави глупост врз глупост.
Се започна со оној очаен натпревар Атлетико-Јувентус на 1ви октомври. Да го прашате Алегри што излезе да бара тогаш Јувентус на теренот, сигурен сум дека нема да знае да одговори. Тимот не се обиде да создаде нитуедна шанса во текот на целиот натпревар се додека не ни дадоа гол. После тоа имавме еден напад, али тоа беше се. Натпревар од 90 и кусур минути со еден мочан напад и тоа после примен гол. Ми испука филмот после тој натпревар, уште тогаш реков дека така на терен не се излегува без да се има за цел победа, а очигледно беше дека имбецилов токму тоа и го сакаше.
После тоа беше Јуве-Рома, каде што победивме со голема среќа. Пенали и гол од одбивна топка после корнер, што се случува еднаш во 100 пати. Пристапот беше очаен, каде што наместо на тим како Рома да му се дозволи малку посед на почетокот, затоа што контрата им е одлична, тој зеде уште на почетокот нападна и често пати ги доведе дефанзивците во ситуации 3 на 3 против напаѓачите на Рома. Имавме среќа кога промашија на почетокот од второто добри шанси.
После паузата беше Сасуоло-Јувентус, каде што Алегри повторно направи очајна грешка. Во првото полувреме биде што биде, Сасуоло се напаѓаки тим и не е страшно тоа што ни дадоа гол и што не нападнаа посериозно, колку што е страшно начинот на кој тимот излезе во второто полувреме. Тогаш мистерот направи измени и ја промени формацијата, очаен потег затоа што немавме ниедна шанса во второ полувреме. А и како би имале кога со Џовинко и Коман во игра, тактиката беше да се упатуваат центаршутеви.
Олимпијакос-Јувентус беше мислам натпреварот што најдобро ја отслика онаа карактеристика на неиграње во првото полувреме. Немавме појма на теренот, Олимпијакос не надигра со брзите играчи Домингез, Касами и Митроглу па и заслужено заводија. После во второто се средивме, али во ЛШ со тој притисок при негатива од 1-0 тешко дека ќе се вратиме. Нека пробат пак во Торино, може ќе им успее, а може уште по 4тото коло ќе се испаднати.
Јуве-Палермо беше натпревар против очаен противник, каде што победивме без воопшто да играме добро и да создадеме шанси. Една контра и еден од прекин. Толку беше против мртвите од Сицилија.
Вчера мислам дека се прели чашата со изјавите после натпреварот кога се жалеше за теренот и кога рече дека подобро било нерешено отколку пораз. На тој човек една работа треба да му е јасна. Лошо е и нерешено и пораз. Не смее да се бира меѓу овие два резултати кога си тренер на Јуве, посебно против тим кај кој што бодовите се вкалкулирани. Конте лани после нерешеното со Верона кога од 0-2 ни израмнија 2-2, наредниот ден им ја сокрши кичмата на сите и ги растури на тренингот, за се разбира после тоа да сврзат 7-8 победи по ред. Да не зборуваме тоа што се деси после поразот од Фиорентина.
Алегри го нема карактерот да реагира после лош резултат, таков беше и во Милан таков е и овде. Инаку комплетна подршка за Ширеа и цитатот во врска со тоа кој би сакале да го освои Скудетото. Нема сомневање дека ако Рома го заслужи треба да го освои, но не смееме ни да помислуваме на такво нешто. Оти сепак Јуве е Јуве и секогаш првото место без разлика на се, мора да е цел. Исто како што моментално е цел и минувањето на групите, кое за жал делумно поради тренерот, но многу повеќе поради составот кој го состави оваа управа има тешки проблеми таму.