Таткото на италијанскиот репрезентативец Грацијано Пеле вели дека Луи ван Гал ја спасил кариерата на неговиот син кој за малку ќе се откажел од фудбалот. По четири тешки сезони во клубови како Лече, Катанија, Кротоне и Чезена, Пеле бил многу депримиран, но тогаш на сцена настапил искусниот тренер кој го забележал неговиот потенцијал.
- Ако не го сретнеше холандскиот гуру Ван Гал, а потоа и Роналд Куман, син ми денеска веројатно ќе беше столар или ќе продаваше кафе во мојата приколка, - потенцирал Роберто Пеле потсетувајќи на одлучувачката епизода, односно трансферот на Грацијано во АЗ Алкмар, а подоцна и во Феенорд каде обезбеди трансфер во Саутемптон.
- Сега неговите соништа се исполнети и го заборави разочарувањето што не беше дел од мундијалот. Сепак некој забележал дека италијански фудбалер постигнал 64 гола во холандското првенство, - коментира таткото на италијанскиот репрезентативец кој дебитираше со погодок во мрежата на Малта.