Девојки и жени од сите националности и вери - во вас е моќта!

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ќе молам без препукувања. Кој што сака да си каже нека си каже, но без навреди.
Особено на меѓунационална основа.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Е да де. Затоа насловот ми е таков. Затоа што главниот проблем се самите жени, и нивната издоктринираност.

Еј пази го ставов човече. Некој нешто ти натура и ти наметнува со сила, и ЗАТОА ШТО ТАКА ТРЕБА, не прашувајќи се за твоите ставови чувства и желба за среќен живот, и тоа бланко го прифаќаш за ТИ да не расипеш однос. Го жалам и тој од истата вера што ќе заврши со тебе!

Р.Ѕ. Оф топик, 90% (минимум) од тоа христијаните и муслиманите во Македонија, немаат појма од вистинска вера, не знаат ништо за куранот и библијата. ГАРАНТИРАМ...

Или у превод, конкретно да се изразам, куранот го неам нешо посебно читано (само извадоци), али во цела Библија никаде не пишува за светци, али затоа многу пати вика дека народот треба да верува само во Господ Бог и неговиот еднороден син Исус, а сепак македонските Христијани, веруваат и се молат на: Света Петка, Света НЕдела, Свети Архангел, Свети едикојси... И немаат појма дека тоа не е верата христијанска како што е замислена. И ја бранат верата со срце и душа, и се со затворени умови кон муслиманите (па и кон католици и протестанти, иако и они се христијани, а немаат појма што се туку викаат дека се православни по вера).

Другарка ми Македонка е мажена за другар ми Албанец. Мери Џејн Поизон, ти посакувам да имаш партнер кој што ќе биде барем пола човек како него!!!

Слушај не е дека сме програмирани дека не треба да стапиме со барк со некој од друга вера..Доволно е јасно дека сето тоа е до националната омраза,затоа што и јас не би се омажила со муслиманец,т.е. со албанец,ама пак комотно би се омажила за јапонец или кинез или некој со будистичка вера..Значи не е толку до верата колку до омразата..и фала богу не сме глупави да се омажиме со некој од причина дека многу сме ги сакале,по цена на фамилијата или сл,и не дека се програмирани доволно сме свесни да сватиме што можеме да направиме со својот живот.Секако и кога би бил православен кога би била ставена да избирам меѓу фамилијата и него,ќе го изберам првото..
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
На кратко мое мислење, пред да одговорам на некои мислења со кои не се сложувам. Луѓето не ги делам на ништо друго освен на добар и лош, убав и грд, паметен и глуп. Кога е верата во прашање, најниско ми е некој верник да го оцрнам или плукам. Како што јас верувам во Господ, така верува и тој, без оглед што го вика со друго име. Тој со тоа не е сто скалила под мене или јас под него. Значи тоа е една најглупава поделба на луѓето во светов, што најмногу може да ме изиритира! Сите исто дишеме, на ист начин се прехрануваме, на ист начин умираме ... зошто тогаш мора да се мразиме? Несфатливо ми е и точка.
Е сега ...
Како бе зборувате родителите не смееле да се мешаат во вашиот живот?? Па фала богу родители ви се. Од кого сте дошле? Цел живот ве воспитувале, донесувале одлуки за вас, ете сте биле помали, но тоа не значи пример да речам еве 23 години и мислете господа за муда сте го фатиле и се што ќе решите е правилно. Тие ги поминале вашите години, поискусни се, и доколку решат наместо вас, нема ништо лошо. И викате демек ај ќе згрешам ќе увидам дека е грешка и готово. Да е така плукни залепи. Па стапуваш во брак со личноста од друга вера, и не ти е убаво и ај ќе се разведам, толку е тоа убаво и лесно, ами ако тој не сака? Колку проблеми настануваат за глупости само ако послушаш мајка или татко. Зошто да страдам бе ако ја заборавам личноста и си барам некој од моја вера? Абе шо краја света. Па порано се земале видим те узмим те и најубав живот живееле(пример ова), сега од толку избор и можности, јас ќе се залетам по некој од друга вера. Никогаш! Ги почитувам другите вери, се дружам и со нив фала богу, ама врска, брак?? НИКОГАШ!! Па сме имале и долга врска со некој од наша вера, сме биле лудо заљубени, па дошло до раскинување а уште сме се сакале, па еве сме здрави и живи поминало утре сме со друг и среќни сме. Како што напиша Bacillus gagous
Има многу мажи сигурно има некој толку добар и шармантен ко тој со кого би си имале проблеми со родителите, треба само подобро да побарате.
Точно. Да расипам однос со родителите, роднините, сите мои ближни што си ги сакам, за кого? Зошто да не се потрудиш да најдеш соодветен за тебе, од твоја вера, па се да си биде убаво? Ко демек толку јака е љубовта јаоо. Абе ај.
Мислам дека тука муабетов забега далеку. Јас па мислам дека родителите треба да се тие кои ќе не истераат на еден пат додека сами не можеме, а потоа животот го живееме како сме научиле и сметаме дека треба. Доколку би биле толку зависни од нив, што после нивната смрт на пример? Не ќе знаеме како газот да си го избришеме?
Не мислам со ова дека родителите не треба да се сакаат и почитуваат, дури и слушаат за некои работи, но нашиот живот е само наш и неможат тие да ни го живеат. Нивно е да се потрудат на секој начин нивните деца да се среќни, па и под услов нивната среќа да се наоѓа во нешто што со што не се согласуваат. Е сега, јасно дека таква хармонија нема никаде, но нема ни таква како во твојот пост, па исто е.
И друга работа ... ако твоите родители ти кажат да не пушиш, нема да пушиш? Ако ти кажат да останеш невина до брак, ќе останеш? Ако ти одредат со кого ќе се омажиш, ќе се омажиш?
Мислам ... некои работи немаат смисла.
Е сега, викаш се земаат двајца од различна вера и не им чини па оп се разведуваат. Прво, не мислам дека некој би избрал толкава тешка работа ако не се сака. А ако се сака, зошто да се разведува? Но ете, нека се отсакаат после некое време ... што е различно од развод со христијанин? Или и тоа е уште табу тема во нашиве градчиња заостанати?
А викаш ги почитуваш другите вери, се дружиш со нивните припадници а не со верите, но сепак не би се земала со некој таков ... тоа е почитување за тебе? Или почитуваш некого во се` и секако или не почитуваш и точка. Неможе да сакаш некој другар, а ако ти се удвара да му кажеш:бегај бе тргни ми се, муслиман си.
Муабетот од Гаго што го имаш цитирано ... јасно е како ден дека има толку многу луѓе, како што е и јасно дека само една е вистинската љубов. Кога ќе почнеш да веруваш во неа, односно кога ќе се заљубиш, тогаш можеш малку повеќе да дискутираш на вака посериозни теми. До тогаш, немаш претстава за тоа и не мислам дека можеш најјасно да ги сфатиш работите.
Иначе љубовта е тоа што тебе ќе те исполнува и твојот дом ќе е среќен ако си заљубена, а не домот на твоите комшии и родители. Впрочем да не ја тупам, убаво е тоа кажано во првиот пост на Делфин.

И добро, едно техничко прашање.

И да се согласат дека не е проблем различната вера двајцата партнери, и бидат заедно, брак и сл.

Ама што правиме со детето кое би се родило?

Што ако партнерот инсистира да биде по неговата вера,а другиот исто.

Како би реагирале?
Ако има љубов, ќе има и слога. Ако има слога тоа ќе е помеѓу двајца паметни и зрели луѓе. Тие би биле паметни и да го остават своето дете само да си одбере која вера ќе си ја земе, а не би му наметнале ниту една додека е мало.

Јас сум голем поборник за секс со припадници од друга вероисповест, за пријателства и интимни односи, впрочем најпријатните мигови сум ги доживеал со муслиманки.

Но НИКАКО никако не сум за брак со нив, а не дај Боже да имам деца, тоа е криминал спрема детето.
Абе ај. Ти сакаш да се е*еш, а да не ти влезе баш. Ако не се достојни за тебе припадничките на други вери, зошто воопшто би легнал и за една вечер со нив? Сфашта.

Не треба да дојде до брак, тоа е суштината.

Еве пример, јас имав девојка од Египет која беше решена да ја смени религијата и да стане православна Христијанка (значи МПЦ) ако се оженам за неа. Мене иако ми е драго да се зајакнува МПЦ, а потсвесно не ми е е драго некој да се менува заради мене, тоа некако во старт е проблем.

А дали треба да се откажат од бракот ако немаат деца, само тие можат да решат. Јас би се развел пред се за да можам да најдам некоја со која ќе имам деца - тоа е суштината на бракот.
Девојка ти била глупава. Тоа е тоа лошото нешто од некои такви врски, кое тера на гадење. Не гледам потреба било кој да ја промени својата вера само поради својот партнер. Би живееле добро и така.
А тоа дека ти би се развел ако немаш деца, веќе доволно ми кажа за тебе. И ти мислам дека не си компетентен да пишуваш тука, бидејќи или не знаеш што е или не веруваш во љубовта, па би поминал брак со секоја која би ти родила пет шест христијанчиња.

i aj sega da se otkazam jas?
e aj ke se otkazam od vrskata moja od covekot so na mnogu hristijani ne im e ni do kolena i taka ke gi usrekam i mama i tato i bato i celo maalo a bogami ne carsijata...
i site ke si ziveeme srekno do krajot na nasite ZIVOTI BEZ ZIVOT:D

moze taka?:vozbud:
Може, може. Само тогаш ќе ти кажат браво, го направи вистинскиот чекор и сите ќе бидат среќни, а ти ќе си го заебеш животот засекогаш.

Слушај не е дека сме програмирани дека не треба да стапиме со барк со некој од друга вера..Доволно е јасно дека сето тоа е до националната омраза,затоа што и јас не би се омажила со муслиманец,т.е. со албанец,ама пак комотно би се омажила за јапонец или кинез или некој со будистичка вера..Значи не е толку до верата колку до омразата..и фала богу не сме глупави да се омажиме со некој од причина дека многу сме ги сакале,по цена на фамилијата или сл,и не дека се програмирани доволно сме свесни да сватиме што можеме да направиме со својот живот.Секако и кога би бил православен кога би била ставена да избирам меѓу фамилијата и него,ќе го изберам првото..
Не сме програмирани да не стапуваме во брак со некој од друга вера, а програмирани сме да мразиме. Да, така е, се сложувам.
И пак после тоа, истото од погоре.
Не би да општам многу дека навистина многу ме нервираат вакви баш заостанати муабети, па без навреда, со должна почит ама вие немате свое јас и свој живот.
И да, на сите вас ви посакувам да се заљубите вистински, па да сфатите како им е на тие кои мораат од таквите како вас да избираат помеѓу семејството и партнерот/ката.

п.с. Дејан, преубава ти е темава, ама за жал џабе си трошел време за нејзино отварање. Сеуште е џабе, да.
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Не би да општам многу дека навистина многу ме нервираат вакви баш заостанати муабети, па без навреда, со должна почит ама вие немате свое јас и свој живот.
И да, на сите вас ви посакувам да се заљубите вистински, па да сфатите како им е на тие кои мораат од таквите како вас да избираат помеѓу семејството и партнерот/ката.

п.с. Дејан, преубава ти е темава, ама за жал џабе си трошел време за нејзино отварање. Сеуште е џабе, да.
Дивајн, седни и препрочитај ги уште еднаш постовите од погоре. Секој си кажува за себе - дека тој/таа лично не би сакале да стапат во мешан брак. Никој не ги осудува луѓето што се одлучиле на тој чекор. Никој никого не обвинува и не етикетира, освен ти.
 
MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Тоа е мое мислење и став и останувам на моето. Абре војни се водеа во 2001 та, јас сега некој таков да земам за маж?? Па колку македонци умреа бре од нивна рака, јас да менувам вера бре? Барем јасно ти е и ти си од Струга па знаеш како е. А мора да смениш вера никој муслиман не те зема православна. А за детето која вера ќе ја има....еве јас сум крстена од мала, значи верата веќе ја имам, таа е. Така да ќе настанат збрки помеѓу парот... Е брее, Цвета главата ја давала а да не ја потурчат, вие овде ми изигравате нешто :uvo::pos2:
И да, имам онака муабет здраво како си, со некои школски муслиманки и муслимани, и ако ми се пушти, фала богу дека ќе му речам извини си одам по мојата вера не сакам ништо со тебе...тоа е:toe:
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Дивајн зборуваше за вистинска љубов?Па нели вистинската љубов не бара откажување од ништо а овдека од старт треба да се откажеш од нешто...А еве да предпоставиме ја сретнувам вистинската љубов се случува несреќа тој погинува..Нормално таа била вистинска љубов но јас секако ќе треба да продолжам напред така?Значи така ќе биде со некој припадник и од другата вера(со тие што ги споменав дека никогаш не би стапила во брак со некои од нив)Со самото тоа што тој ќе ми каже дека е од таа вера во мои очи тој умира тој не би бил некој што би стапила во брак..Можеби за другари би имала некои,ама за маж да земам:nenene:..Е сега ние можеби ќе се филмаме колку заостанати мислења се овие а веќе 21 век сме и.т.н. и.т.н.Но бевме и 21 век кога наши умираа заради таквите како нив,и се уште сме 21 век а се уште планираат некои големи албании и слично.Можеби мешам политики ама не може а да не измешам кога е во прашање верата на нашите "сакани"сонародници..И морам да спомнам заради што постојат и паравославни Албанци ама со самото тоа што се Албанци јас (а и мислам и некои други)не би имала ништо повеќе со нив..
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Ја читам темава и си мислам истото ко за абортус темата шо викаја некои, ја не абортирам, ќе го родим, ќе го дадем. Ама ако им дојде јајцето на г`зот(извинете на израз) да видам дали ќе родат, на 16 год. на пример. Исто и овде, ако се заљуби некој/а во муслиман и сл. да видам дали ќе се откаже од него, дали нема да се бори за да биде со него, ако навистина се засакаат.
За сакање вистински збориме нели? За саглам заљубување, да не може без него. Да видам дали тогаш ќе се откажат. Ако имаат муда (извинете на израз пак) ќе идат до крај...покасно или порано и родителите ќе мора да се помират со тоа.
Ама го знаеме менталитетот овде, никој не се секира нему да му биде убаво, сите се секираат што ќе кажат другите.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
И на крај измешавте и баби и жаби :nesum:...

Муслиманство и Христијанство е многу широк поим, а сите вие го заменивте овој широк поим само со Македонци и Албанци, тоа е една работа.

Друга работа, останете си на своето никој не бара од вас да менувате мислење. Ваш став, ваш живот, ваше право.
Не сте се нашле во ситуација и може до утре да зборите, но факт е дека кога нешто ќе почуствуваш на своја кожа поинаку ќе размислуваш.

И не тропајте глупости со убиства и војни ( и тука Муслиманите ги изедначивте со албанци )...
Еве јас сум од Тетово и кај мене се водеше војна па пак им давам право на таквите кои се одлучиле на тој чекор и не ги осудувам.
 
Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Тоа е мое мислење и став и останувам на моето. Абре војни се водеа во 2001 та, јас сега некој таков да земам за маж?? Па колку македонци умреа бре од нивна рака, јас да менувам вера бре? Барем јасно ти е и ти си од Струга па знаеш како е. А мора да смениш вера никој муслиман не те зема православна. А за детето која вера ќе ја има....еве јас сум крстена од мала, значи верата веќе ја имам, таа е. Така да ќе настанат збрки помеѓу парот... Е брее, Цвета главата ја давала а да не ја потурчат, вие овде ми изигравате нешто :uvo::pos2:
И да, имам онака муабет здраво како си, со некои школски муслиманки и муслимани, и ако ми се пушти, фала богу дека ќе му речам извини си одам по мојата вера не сакам ништо со тебе...тоа е:toe:
Не се само албанците муслимани,и турците се и многу други.Тоа што имало војна не се ни тие криви,ни ние,тоа е политичка работа.
И НЕ МОРА да смениш вера за да се земеш со муслиман,нема ваљда ако те сака да те присилува да ја смениш верата.Комшивката моја се омажи за албанец,и не ја присилуваше на ништо,туку ТОЈ ја смени верата.Значи,можело и подруго.
И ако се сакате за се има решение,и за верата на детето,и за твојата и за неговата,ама ако се сакате.
И да,Цвета присилно сакале да ја потурчат,не била заљубена.

Дивајн зборуваше за вистинска љубов?Па нели вистинската љубов не бара откажување од ништо а овдека од старт треба да се откажеш од нешто...А еве да предпоставиме ја сретнувам вистинската љубов се случува несреќа тој погинува..Нормално таа била вистинска љубов но јас секако ќе треба да продолжам напред така?Значи така ќе биде со некој припадник и од другата вера(со тие што ги споменав дека никогаш не би стапила во брак со некои од нив)Со самото тоа што тој ќе ми каже дека е од таа вера во мои очи тој умира тој не би бил некој што би стапила во брак...
Продолжуваш дека знаеш дека не може да се врати тој.А овој е тука,ќе го гледаш секој ден,нема да ти биде така лесно да продолжиш.

Ама добро,ваше мислење,итака со само една тема на еден форум ништо не може да се промени:toe:
 
V

[vladimir]

Гостин
Тоа е мое мислење и став и останувам на моето. Абре војни се водеа во 2001 та, јас сега некој таков да земам за маж?? Па колку македонци умреа бре од нивна рака, јас да менувам вера бре? Барем јасно ти е и ти си од Струга па знаеш како е. А мора да смениш вера никој муслиман не те зема православна. А за детето која вера ќе ја има....еве јас сум крстена од мала, значи верата веќе ја имам, таа е. Така да ќе настанат збрки помеѓу парот... Е брее, Цвета главата ја давала а да не ја потурчат, вие овде ми изигравате нешто :uvo::pos2:
И да, имам онака муабет здраво како си, со некои школски муслиманки и муслимани, и ако ми се пушти, фала богу дека ќе му речам извини си одам по мојата вера не сакам ништо со тебе...тоа е:toe:
Главата ќе ја дадам верата не ја менувам,рече Калеш Анѓа на турците силеџии....хехехех:smir::smir::smir:.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Балкански менталитет, немање самодоверба, незнање кои гени ги носиш или што е проблемот тука?
Одиш , излегуваш со жена од друга вероисповед, си со неа, ја допираш, ја имаш, твоја е, доживуваш моменти како со никоја друга или приближно исто...И на крај за да докажеш дека не си тоа ти, туку дека си едно големо ѓубре кое не знае да се цени доволно, да го цени својот идентитет само поради едно задоволство го докажува сето тоа што на крај од сето тоа нема да испадне брак?
Навистина смешно, глупаво и несвојствено за така големи бранители на својот идентитет!
 
duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
13
Лично јас-сум православна христијанка и не би влегувала во никакви интимни врски со муслимани или некои други од било кој друга вера-значи муслиманството не е единствената вера што постои, има будисти,католици,разни секти и слично.Значи погрешно е кога ние со оглед на нашата ситуација кога ке се спомне друга вера одма муслимани.Другите не ги осудувам затоа што сепак тие така одлучиле и знаат што е добро за нив ама и не ги оправдувам.А не би влегла во никаква врска со нив од проста причина што мислам дека немаме една многу важна работа заедничка-религијата која признале или не е гооолема пречка.А ако некој мисли дека за љубов нема граници нека се потсети прво на 2001 и нека размисли која страна би фатил тогаш и кога ке надојдат еден куп проблеми по ваквата разлика ќе сфатат дека секојдневниот заеднички живот не е љубовна идила од шпански серии.Сепак наназад корените ни се христијански и треба да одиме по патот по кој сме се родиле како такви и по патот на нашите предци.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Ја читам темава и си мислам истото ко за абортус темата шо викаја некои, ја не абортирам, ќе го родим, ќе го дадем. Ама ако им дојде јајцето на г`зот(извинете на израз) да видам дали ќе родат, на 16 год. на пример. Исто и овде, ако се заљуби некој/а во муслиман и сл. да видам дали ќе се откаже од него, дали нема да се бори за да биде со него, ако навистина се засакаат.
За сакање вистински збориме нели? За саглам заљубување, да не може без него. Да видам дали тогаш ќе се откажат. Ако имаат муда (извинете на израз пак) ќе идат до крај...покасно или порано и родителите ќе мора да се помират со тоа.
Ама го знаеме менталитетот овде, никој не се секира нему да му биде убаво, сите се секираат што ќе кажат другите.

Зборуваме за сопствен став..А кога е веќе така јас можам значи за мене лично да гарантирам дека никогаш не би била со некој од муслиманска вероисповед.Не станува збор за филамање или за нешто друго..Затоа како прво јас не би ни дозволила да се вљубам во таков,а доколку би се случило нема шанси да останам на истото на секаков начин ќе се обидувам за да го заборавам..Некој од будистичка вера би зела ама некој од муслиманска:nenene:....
 
Мојот пост не беше за тебе, ама добро, знам дека секој си зборува за себе.
Е сега за болдираното, не можеш ти против срцето, ако тоа засака некој муслиман, ти тука не можеш ништо, ама ако стварно засакаш. Е сега викаш нема да останеш со него ќе се обидуваш да го заборавиш, а што ако не сакаш/не можеш да го заборавиш, ако ти е најубаво со него и ако не можеш ни да помислиш на друг, затоа што ти колку и да не сакаш може да се заљубиш во некој муслиман, можно е да се заљубиш и главата да ја изгубиш по него. И што тогаш? Ако не сакаш никој друг, сепак ти ќе се откажеш и ќе си го уништиш животот само затоа што не ги сакаш муслиманите? Ако си доволно храбра ќе си заминеш со него и ќе си живееш среќно, барем нема цел живот да се прашуваш (ако си се омажила за друг) што и како би било со овој.
Јас во тој случај би настојувала да заминам што побргу од овде, некаде далеку кај што не ме знае никој и за да можам да живеам слободно без никакви притисоци.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Тоа е мое мислење и став и останувам на моето. Абре војни се водеа во 2001 та, јас сега некој таков да земам за маж?? Па колку македонци умреа бре од нивна рака, јас да менувам вера бре? Барем јасно ти е и ти си од Струга па знаеш како е. А мора да смениш вера никој муслиман не те зема православна. А за детето која вера ќе ја има....еве јас сум крстена од мала, значи верата веќе ја имам, таа е. Така да ќе настанат збрки помеѓу парот... Е брее, Цвета главата ја давала а да не ја потурчат, вие овде ми изигравате нешто :uvo::pos2:
И да, имам онака муабет здраво како си, со некои школски муслиманки и муслимани, и ако ми се пушти, фала богу дека ќе му речам извини си одам по мојата вера не сакам ништо со тебе...тоа е:toe:
Војни се водеа, но како што кажаа, тоа е политика, во која не се помешале сите муслимани. Тоа е една така лоша генерализација, но добро, да не ме исплука повторно екс машина, да пазам што ќе напишам, за да не испадне дека ве осудувам.:nesvest:
А со тоа дека сум и јас од Струга и дека и јас знам како е, не би се сложила. Јас тука живеам поинаков живот од твојот. Не мразам никого, не ми се повраќа од никого, не се плашам од никого и сл. А на мешаните парови, кои ги има повеќе од што можеш да претпоставиш, би им пуштила рака за тоа што живеат како што сакаат, без оглед на твоето или моето мислење.

Дивајн зборуваше за вистинска љубов?Па нели вистинската љубов не бара откажување од ништо а овдека од старт треба да се откажеш од нешто...А еве да предпоставиме ја сретнувам вистинската љубов се случува несреќа тој погинува..Нормално таа била вистинска љубов но јас секако ќе треба да продолжам напред така?Значи така ќе биде со некој припадник и од другата вера(со тие што ги споменав дека никогаш не би стапила во брак со некои од нив)Со самото тоа што тој ќе ми каже дека е од таа вера во мои очи тој умира тој не би бил некој што би стапила во брак..Можеби за другари би имала некои,ама за маж да земам:nenene:..Е сега ние можеби ќе се филмаме колку заостанати мислења се овие а веќе 21 век сме и.т.н. и.т.н.Но бевме и 21 век кога наши умираа заради таквите како нив,и се уште сме 21 век а се уште планираат некои големи албании и слично.Можеби мешам политики ама не може а да не измешам кога е во прашање верата на нашите "сакани"сонародници..И морам да спомнам заради што постојат и паравославни Албанци ама со самото тоа што се Албанци јас (а и мислам и некои други)не би имала ништо повеќе со нив..
Не, баш напротив. Вистинската љубов секогаш бара откажување од нешто ... некогаш тоа е помало, а некогаш поголемо. И во овој случај уште еднаш се потврди тоа дека покрај откажувањето, вистинската љубов е само за храбрите, за тие кои можат сите пречки со насмевнато лице да ги пребродат.
Иначе, баш ме интересира што опишуваш со тоа "таквите како нив" ... животни, предмети, кујнски апарати или?
Но сепак ништо не е важно, кога вие тука мешате поими. Вера и нација не е исто нешто, аман научете еднаш.

И да,Цвета присилно сакале да ја потурчат,не била заљубена.
Морав да го цитирам и овој дел, колку да се увиди збунетоста во повеќето постови.:pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom