На кратко мое мислење, пред да одговорам на некои мислења со кои не се сложувам. Луѓето не ги делам на ништо друго освен на добар и лош, убав и грд, паметен и глуп. Кога е верата во прашање, најниско ми е некој верник да го оцрнам или плукам. Како што јас верувам во Господ, така верува и тој, без оглед што го вика со друго име. Тој со тоа не е сто скалила под мене или јас под него. Значи тоа е една најглупава поделба на луѓето во светов, што најмногу може да ме изиритира! Сите исто дишеме, на ист начин се прехрануваме, на ист начин умираме ... зошто тогаш мора да се мразиме? Несфатливо ми е и точка.
Е сега ...
Како бе зборувате родителите не смееле да се мешаат во вашиот живот?? Па фала богу
родители ви се. Од кого сте дошле? Цел живот ве воспитувале, донесувале одлуки за вас, ете сте биле помали, но тоа не значи пример да речам еве 23 години и мислете господа за муда сте го фатиле и се што ќе решите е правилно. Тие ги поминале вашите години, поискусни се, и доколку решат наместо вас, нема ништо лошо. И викате демек ај ќе згрешам ќе увидам дека е грешка и готово. Да е така плукни залепи. Па стапуваш во брак со личноста од друга вера, и не ти е убаво и ај ќе се разведам, толку е тоа убаво и лесно, ами ако тој не сака? Колку проблеми настануваат за глупости само ако послушаш мајка или татко. Зошто да страдам бе ако ја заборавам личноста и си барам некој од моја вера? Абе шо краја света. Па порано се земале видим те узмим те и најубав живот живееле(пример ова), сега од толку избор и можности, јас ќе се залетам по некој од друга вера. Никогаш! Ги почитувам другите вери, се дружам и со нив фала богу, ама врска, брак?? НИКОГАШ!! Па сме имале и долга врска со некој од наша вера, сме биле лудо заљубени, па дошло до раскинување а уште сме се сакале, па еве сме здрави и живи поминало утре сме со друг и среќни сме. Како што напиша
Bacillus gagous
Има многу мажи сигурно има некој толку добар и шармантен ко тој со кого би си имале проблеми со родителите, треба само подобро да побарате.
Точно. Да расипам однос со родителите, роднините, сите мои ближни што си ги сакам, за кого? Зошто да не се потрудиш да најдеш соодветен за тебе, од твоја вера, па се да си биде убаво? Ко демек толку јака е љубовта јаоо. Абе ај.
Мислам дека тука муабетов забега далеку. Јас па мислам дека родителите треба да се тие кои ќе не истераат на еден пат додека сами не можеме, а потоа животот го живееме како сме научиле и сметаме дека треба. Доколку би биле толку зависни од нив, што после нивната смрт на пример? Не ќе знаеме како газот да си го избришеме?
Не мислам со ова дека родителите не треба да се сакаат и почитуваат, дури и слушаат за некои работи, но нашиот живот е само наш и неможат тие да ни го живеат. Нивно е да се потрудат на секој начин нивните деца да се среќни, па и под услов нивната среќа да се наоѓа во нешто што со што не се согласуваат. Е сега, јасно дека таква хармонија нема никаде, но нема ни таква како во твојот пост, па исто е.
И друга работа ... ако твоите родители ти кажат да не пушиш, нема да пушиш? Ако ти кажат да останеш невина до брак, ќе останеш? Ако ти одредат со кого ќе се омажиш, ќе се омажиш?
Мислам ... некои работи немаат смисла.
Е сега, викаш се земаат двајца од различна вера и не им чини па оп се разведуваат. Прво, не мислам дека некој би избрал толкава тешка работа ако не се сака. А ако се сака, зошто да се разведува? Но ете, нека се отсакаат после некое време ... што е различно од развод со христијанин? Или и тоа е уште табу тема во нашиве градчиња заостанати?
А викаш ги почитуваш другите вери, се дружиш со нивните припадници а не со верите, но сепак не би се земала со некој таков ... тоа е почитување за тебе? Или почитуваш некого во се` и секако или не почитуваш и точка. Неможе да сакаш некој другар, а ако ти се удвара да му кажеш:бегај бе тргни ми се, муслиман си.
Муабетот од Гаго што го имаш цитирано ... јасно е како ден дека има толку многу луѓе, како што е и јасно дека само една е вистинската љубов. Кога ќе почнеш да веруваш во неа, односно кога ќе се заљубиш, тогаш можеш малку повеќе да дискутираш на вака посериозни теми. До тогаш, немаш претстава за тоа и не мислам дека можеш најјасно да ги сфатиш работите.
Иначе љубовта е тоа што тебе ќе те исполнува и твојот дом ќе е среќен ако си заљубена, а не домот на твоите комшии и родители. Впрочем да не ја тупам, убаво е тоа кажано во првиот пост на Делфин.
И добро, едно техничко прашање.
И да се согласат дека не е проблем различната вера двајцата партнери, и бидат заедно, брак и сл.
Ама што правиме со детето кое би се родило?
Што ако партнерот инсистира да биде по неговата вера,а другиот исто.
Како би реагирале?
Ако има љубов, ќе има и слога. Ако има слога тоа ќе е помеѓу двајца паметни и зрели луѓе. Тие би биле паметни и да го остават своето дете само да си одбере која вера ќе си ја земе, а не би му наметнале ниту една додека е мало.
Јас сум голем поборник за секс со припадници од друга вероисповест, за пријателства и интимни односи, впрочем најпријатните мигови сум ги доживеал со муслиманки.
Но НИКАКО никако не сум за брак со нив, а не дај Боже да имам деца, тоа е криминал спрема детето.
Абе ај. Ти сакаш да се е*еш, а да не ти влезе баш. Ако не се достојни за тебе припадничките на други вери, зошто воопшто би легнал и за една вечер со нив? Сфашта.
Не треба да дојде до брак, тоа е суштината.
Еве пример, јас имав девојка од Египет која беше решена да ја смени религијата и да стане православна Христијанка (значи МПЦ) ако се оженам за неа. Мене иако ми е драго да се зајакнува МПЦ, а потсвесно не ми е е драго некој да се менува заради мене, тоа некако во старт е проблем.
А дали треба да се откажат од бракот ако немаат деца, само тие можат да решат. Јас би се развел пред се за да можам да најдам некоја со која ќе имам деца - тоа е суштината на бракот.
Девојка ти била глупава. Тоа е тоа лошото нешто од некои такви врски, кое тера на гадење. Не гледам потреба било кој да ја промени својата вера само поради својот партнер. Би живееле добро и така.
А тоа дека ти би се развел ако немаш деца, веќе доволно ми кажа за тебе. И ти мислам дека не си компетентен да пишуваш тука, бидејќи или не знаеш што е или не веруваш во љубовта, па би поминал брак со секоја која би ти родила пет шест христијанчиња.
i aj sega da se otkazam jas?
e aj ke se otkazam od vrskata moja od covekot so na mnogu hristijani ne im e ni do kolena i taka ke gi usrekam i mama i tato i bato i celo maalo a bogami ne carsijata...
i site ke si ziveeme srekno do krajot na nasite ZIVOTI BEZ ZIVOT
moze taka?
Може, може. Само тогаш ќе ти кажат браво, го направи вистинскиот чекор и сите ќе бидат среќни, а ти ќе си го заебеш животот засекогаш.
Слушај не е дека сме програмирани дека не треба да стапиме со барк со некој од друга вера..Доволно е јасно дека сето тоа е до националната омраза,затоа што и јас не би се омажила со муслиманец,т.е. со албанец,ама пак комотно би се омажила за јапонец или кинез или некој со будистичка вера..Значи не е толку до верата колку до омразата..и фала богу не сме глупави да се омажиме со некој од причина дека многу сме ги сакале,по цена на фамилијата или сл,и не дека се програмирани доволно сме свесни да сватиме што можеме да направиме со својот живот.Секако и кога би бил православен кога би била ставена да избирам меѓу фамилијата и него,ќе го изберам првото..
Не сме програмирани да не стапуваме во брак со некој од друга вера, а програмирани сме да мразиме. Да, така е, се сложувам.
И пак после тоа, истото од погоре.
Не би да општам многу дека навистина многу ме нервираат вакви баш заостанати муабети, па без навреда, со должна почит ама вие немате свое јас и свој живот.
И да, на сите вас ви посакувам да се заљубите вистински, па да сфатите како им е на тие кои мораат од таквите како вас да избираат помеѓу семејството и партнерот/ката.
п.с. Дејан, преубава ти е темава, ама за жал џабе си трошел време за нејзино отварање. Сеуште е џабе, да.