Науката не објаснила се. Тоа е една од причините заради што опстојува религијата.
Еве еден пример каде што науката неможе да одговори убедително.
http://forum.kajgana.com/threads/Прашања-до-Атеистите-ii.66359/page-332#post-6866533
Да, ама ти правиш таква кардинална грешка. Само затоа што науката не објаснила се', тоа не значи дека религијата го објаснува тоа правилно.
Ќе ти го посочам примерот уште еднаш.
Ако ти дојдеш дома и видиш дека љубената е гола, а има туѓи машки чевли во ходник: и слушаш рипање од балкон (живееш на први кат):
a) Не знаеш дали шваљерот e повреден откако рипнал од тераса...(абиогенеза)
б) Заклучуваш дека пошто не знаеш дали шваљерот е повреден, ок е да претпоставиш дека уствари љубената имала секс со змеј кој носи машки патики и змејот доаѓа од друга димензија пошто му треба крвта на љубената за да може да направи магија која ќе го направи Timelord? (религија).
Или
Јас, татко ми и мајка ми сме симбол за атеист кој верува во абиогенеза, панспермија и нешто трето. Доаѓаме дома и заклучуваме дека некој ни го украл телевизорот.
Татко ми тврди:
„Според овие и овие показатели ова е банда од крадци кои можеби се од наслебава.“
Јас тврдам:
„Да, само што не се од населбава, во населбава нема толку крадци. “
Мајка ми е као:
„Мора да е комшијата, он лежеше затвор за кражба.“
И сега да, ние не сме сигурни која од нашите хипотези е тачна, ама само затоа што не знаеме која од тие е тачна, нема да го земеме тврдењето дека дошол розев еднорог со крилја, направил виножито кое е портал во друга димензија и го однел телевизорот таму бидејќи во таа димензија има дефицит од телевизори и телевизорите се основно средство за опстанок на еднорозите таму. (религија)
Многу е нон сенс да го пополниш незнаењето на науката со објаснување кое е буквално без навреда, нелогично.
„Ајде пошто за ова не сме сосема сигурни, имаме претпоставки ама не знаеме дали се точни, ќе се согласиме дека тоа триесто објаснување што е скрос без врска е точно бидејќи не сме сигурни во теорииве кои држат вода.“
Абе ајде?
Ајде бе, како знаеш ти дека Господ ги создал Адам и Ева од глина и дека го создал светот за 7 дена? Го исмеваш објаснувањето со молекулите, минералите и громот како електрицитет потребен за создавање на ДНК, да, признавам, ни ја не знам дали е точно иако хемиски држи вода, ама не знам, можда не е така, се' уште нема доволно квалитетни докази.
Како ти по ѓаволите знаеш дека Господ го создал човекот од кал и му вдахнал некоја енергија/дух, што и да е? Докажи го своето верување бе, еве ние у науката сме дрва, време е ти да пристапиш со твоите аргументи кои ќе го оправдаат твоето „логично“ објаснување.