Со ред.
Прво во однос на тоа што сте поделени атеистите. Ако незабележа во прашањето се состои дел каде што вели секој од вас поединечно или ако евентуално имате заеднички став.
Потоа, во однос на нучните теории, прашањето беше порано поставено а тогаш одговорот ти беше - немам поима. Згора на се и тогаш не беше прашањето со кои линкови ги објаснувате а како вие самите. Сега прашањето е од малку поразлична природа, и како ти едно нешто може да го објасниш на пет корено различни начини. Ако си се премислил за научните теории навратисе на претходното прашање и ќе продискутираме.
Потоа кога ќе синтезираат вештачка днк, или вештачки живот пиши ама засега воопшто не го земај за некаква релевантност.
Без да си го објснил твојот поглед за настанокот на животот веќе негираш туѓи погледи, слабо нели.
За крај немора да сте сигурни но еве ти лично искажи се по прашањето.
Глеј, тоа ти викам, кога ме читаш, пробуеш да го побиеш тоа што ти го кажувам од старт, не бараш ти одговор, бараш начин на кој ќе ја дискредитираш валидноста на моите или ставовите на другите атеисти.
Јас ти реков дека не знам која од тие теории е највалидна и се' уште не знам. Тоа што треба да го разбереш е дека без разлика на тоа која јас лично ја фаворизирам, јас не знам која од тие е точна бидејќи не е потврдено. Не знам, никој не знае.
Тоа ти го пишав и на првиот пост, тоа ти го пишувам сега. Нема потреба да навлагам во биологијата на теоријата и да ти евалуирам илјадници страни хемија и физика која ако немаш доволно знаења и онака нема да ја разбереш. И што очекуеш сеа, да ти пишам претпоставка за волтажата и интензитетот на громовите, кои протеини се претпоставува дека се кристализирале од минерали и колкава била дебелината на мразот кој ги штител протеините? Од друга страна повлекуваш заклучоци за тоа колку јас знам и колку сум информиран само и само поради тоа што сум ти одговорил директно на прашањето кое си го поставил, а тоа е дека пази сега...
Не знам како настанал животот, претпоставувам, не знам.
Без разлика на тоа дали до детаљ ги познавам теориите или не, ако почнам да ти ги опишувам, се' што ќе направам е некое фалење со мојот фалус бидејќи реално не знам која од тие е точна. Знам што кажуваат теориите, на кои премиси се базираат, не знам која е точна, ме разбираш? Никој не знае. Твоето прашање беше следново...
„Како вие атеистите мислите дека настанал животот и која од тие и тие теории ја фаворизирате?“
И како што ти одговорив на почеток, ја лично
верувам дека животот настанал по пат на абиогенеза, но не знам дали е така или не. Совршен и најсоодветен одговор на твоето прашање. Дали ќе ти ја опишам теоријата до тачка или не, не го мења фактот дека НЕ ЗНАМ дали е точна, ме разбираш?
И синтетичка ДНК како што можеш да прочиташ погоре, е направена. Штета немаш доволно познавања од англискиот за да гуглаш, вака сеа мора изџвакано све да ти се сервира на маса пошо не можеш да искуцаш, „Synthetic DNA“, да читнеш и да видиш што е муабетот. Лошо е кога постои таков вид на „информациски мрак“ поради Х причини, во ситуацијава непознавање на јазик, ќе се инаетиш до сабајле што е што, а не можеш да провериш и да се информираш.