Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Јас би го прифатил се додека имаме корист од него, ако не го бива по само 2 лоши резултати фрли го како што избега. Но џабе се натегаме и расправаме кога од нашиве нема фудбал, нити ќе има во следните 15-20 години. Можеби и никогаш.
 
нема да има никогаш фудбал, само идеме назад, пред 20 години завршувавме 3-4, па 4-5 па сега ќе завршиме последни со луксембург...само назадуваме
 
Не се знае што е пострашно, тоа што паѓаме на УЕФА листата или тоа што нема надеж дека во блиска иднина нешто ќе се промени на подобро?
Само селектори менуваме како само кај нив да е проблемот. А тие очигледно гледаат само да си лапнат 5000евра месечно и да си проживеат година или две на висока нога.
Мене да ме стават селектор нема да има голема разлика во краен пласман на табела.

Со овој избор на играчи толку ни се можностите. Кина, Тајланд, Казахстан ... таму играат нашите интернационалци.
Ете читам „бомба“ трансфер во најава. Попов во Вардар. Лани на Ол трафорд и Стемфорд Бриџ, годинава ќе ора на нивата во Турново и Тетово.
 
Попов лани беше на Олд Трафорд, ама во публика...
Фифа ранкингот нема врска, и последни да сме не ми менува ништо ако на пример играме на првенство. Не може една екипа со една-две победи да скокне 55 места.
 
Разочаран сум што пак Спировски е повикан назад,нема натпревари за Берое,не е во форма,далеку подобро ќе беше да го видиме Рангеловиќ од Минск,скоро цела сезона ја изигра. Бошко крајно ме разочарува со неговите одлуки на последните мечеви,од избор до формација и тактика. Цуцули,аман човече,ок е има потенцијал,ама момемтално е само за замена да се користи,премногу грешки имаше,барем некој да повикаше од поискусните , како Грне или Таневски,ок Грне скаран,но Таневски вреди барем да се повика за со Луксембург натпреварот . :oops:
 
Што е финтава со овој Кајмаковски што го мешаат со ФФМ? што изиграва Илчо незнам, па и во Валенсија го однесоа.

Бошко големи бламирања со составов, 1000% Илчо му го прави.
 
Македонскиот суперталент Давид Бабунски, членот на Барселона Б експресно му одговори на селекторот Бошко Ѓуровски, кој денеска на прес-конференцијата уште еднаш посочи дека младиот фудбалер за врска нема натпреварувачки ритам и дека во моментов може да игра само за малдата репрезентација, од која Бабунски се откажа поради желбата да биде дел од А-тимот.

Бабунски во изјава за порталот „Гоол.мк“, изјави дека тој секогаш игра за Македонија, а не за селекторите, потенцирајќи дека не е послушник и поданик на ФФМ.

„Ќе бидам искрен како што сум и секогаш и на самиот старт ќе кажам дека селекторот не ја зборува вистината, бидејќи на последниот собир кога бев со А-тимот, лично дојде до мене и ми раскажуваше очигледно само „приказни“ дека верувал во мене, дека ме планира во селекцијата и дека јас сум дел од нив. Јас сум многу различно воспитан и живеам во друг менталитет. Во Македонија скоро и никој да не верува дека ние можеме на Светско или Европско првенство, а само јас верувам дека можема. Јас знам дека можеме и секогаш давам сѐ од себе да можам да им го сменам ставот и на оние кои се до мене и во самата репрезентација. Но, очигледно дека тоа не треба да го правам!? Дали селекторот и останатите сакаат да бидат вечни „губитници“, дали тоа им одговара да се во таква положба, дали вистински тој нивни менталитет не може да се промени, навистина веќе не знам. Но, знам дека кога ќе се појави светлина надеж, кога ќе се здружиме со нова сила и енергија да тргнеме напред, некој одеднаш става точка и прави разрушување. Тоа е многу чудно!? Јас ниту играм за селекторите, ниту ќе бидам нивни поданик и послушник. Јас играм и секогаш ќе играм за мојот народ, за овој народ што копнее по успех, што заслужува најдобро, бидејќи цел живот само се надева, а ништо не добива како резултат. Не ми е важно дали ќе ме викне или вака нема да зборува вистина. Него еден ден ќе го сменат, но јас останувам тука уште посилен и уште подобар и секогаш ќе сум тука за мојата Македонија. Ако не беше така, одамна ќе го сменев репрезентативниот дрес. Тренирам секојдневно во еден од најголемите фудбалски клубови во светот. Минатата недела играв заедно со Луис Суарез и Томас Вермалеен, сите можеа да го видат натпреварот преку медиумите во Шпанија и треба да се докажувам за да бидам дел од А? Да не треба нешто друго, што селекторот не кажува? Не знам само како не им е срам така да се однесуваат со мене, но очигледно дека моите реченици, мојата вистина им смета. Веќе сите знаете зошто е ова вака. Тие не сакаат деца што размислуваат, не сакаат луѓе и личности меѓу фудбалерите, сакаат само поданици кои ќе си ќутат и ќе мируваат. Јас не сум таков!. Ниту некогаш ќе бидам! Ова ќе го издржам по секоја цена! Ќе се борам за сите генерации кои доаѓаат! А селекторите не се вечни“, му одговори Бабунски на актуелниот кормилар на најсилната наша селекција.
 
Разочаран сум што пак Спировски е повикан назад,нема натпревари за Берое,не е во форма,далеку подобро ќе беше да го видиме Рангеловиќ од Минск,скоро цела сезона ја изигра. Бошко крајно ме разочарува со неговите одлуки на последните мечеви,од избор до формација и тактика. Цуцули,аман човече,ок е има потенцијал,ама момемтално е само за замена да се користи,премногу грешки имаше,барем некој да повикаше од поискусните , како Грне или Таневски,ок Грне скаран,но Таневски вреди барем да се повика за со Луксембург натпреварот . :oops:
Се согласувам, и јас сум разочаран за овие двајца. Цуцули беше најголема дупка претходната утакмица, и сега пак го повикал а ги тргнал Тодоровски и Алиоски :facepalm: Значи за следните 2 натпревара сме со само еден десен бек, на клупа нема резерва за Стефан Ристовски, ако евентуално се повреди ондак ќе импровизираме со кој знае кој на таа позиција.. А во исто време, за ЦМ/ДМ позициите има цел куп играчи, и да сака нема да може сите да ги искористи. Демири и Адеми ќе бидат стартери и би требало да го одиграат целиот натпревар. Ете како резерва нека го има Глигоров на клупа, а тука се и Дарко Велковски и Муарем Муарем кои првично за други позиции се повикани но можат и како ЦМ да играат ако дојде до потреба.. Но што има и Спировски да се вика не сфаќам, а на негова сметка да одиме без резервен десен бек, иако Тодоровски редовно и сосема солидно игра во Австрија... Значи место Цуцули мораше да земе друг лев бек, или Алиоски или можеби Леонард Жута да го проба, ако ништо друго барем млади се двајцава и може за во иднина да ни користат, за разлика од овој Цуцули од кој нема иднина. И наместо Спировски кој ни игра во Бугарија, ниту пак има шанси да ни затреба при толку играчи на таа позиција, требало Тодоровски да го земе да не бидеме на еден ДБ. Уствари по мене Тодоровски би требало и стартер да биде, а Стефан Ристовски ЛБ да игра оти ЛБ асален немаме, така да боље со овие двајца да играме по бековските позиции, Стефан и онака има и по левата страна... Другото ај ок, јес да и за Дарко Велковски многу не разбирам што има да го вика (како стопер) оти уопште не е он решение за таа позиција (зборам за во Работнички не е решение стопер да игра, а не па за во репрезентација да бил), али ај, и онака само на клупа ќе седи па нема многу врска, барем ќе се воигрува со репрезентација оти за во иднина ќе се најде...
 
Искрено Давид ми е досаден веќе а и повеќето наши фудбалери со оваа навика . Ако имам нешто лошо против ФФМ,да одиме преку статија или преку порака . Ако имам нешто против ФФМ , ќе го направиме после натпревар кога ќе помине една недела или ќе изгубиме 5-1 . Аман , ако нешто се случува ,одете јавно и критизирајте или пак кога си повикан ,појди и јавно направи протест ,тоа и тоа ,Илчо не ми се свиѓа,Стратев не ми се свиѓа,ФФМ е корупција , иако сум повикан, јавно пред камера се дава изјава . Се научивме препукување преку портали или преку пораки,после како ништо да не било,ќе отиде ,дава изјава за натпреварот ,се е ок ,добро изигравме ,треба подобро на следниот натпревар .... :tapp: Ах веќе постојано е вака . Тасевски даде порака дека ФФМ е она тоа , фати магла за Тајланд ни изјава на Тв пред камера ни ништо .... :facepalm::facepalm:

1392067238125.jpg
 
Бошко пријателе не си ти крив толку знаеш и ти и тие што ја водат федерацијата, на полувреме против Луксембург ако не водиш леташ у старт! Кои НЕСРЕЌИ сме во фудбалов еј.
Тешка казна е да ги гледаш на терен со дрес на држава Алијоски, Цуцули, Мојсов, Шиков и Спировски. Со душа ја чекам утакмицава со Луксембург. Многу работи ќе бидат разјаснети после утакмицата. Ако не победиме ќе биде потоп. Пазете ми го кажаново.
 
Искрено Давид ми е досаден веќе а и повеќето наши фудбалери со оваа навика . Ако имам нешто лошо против ФФМ,да одиме преку статија или преку порака . Ако имам нешто против ФФМ , ќе го направиме после натпревар кога ќе помине една недела или ќе изгубиме 5-1 . Аман , ако нешто се случува ,одете јавно и критизирајте или пак кога си повикан ,појди и јавно направи протест ,тоа и тоа ,Илчо не ми се свиѓа,Стратев не ми се свиѓа,ФФМ е корупција , иако сум повикан, јавно пред камера се дава изјава . Се научивме препукување преку портали или преку пораки,после како ништо да не било,ќе отиде ,дава изјава за натпреварот ,се е ок ,добро изигравме ,треба подобро на следниот натпревар .... :tapp: Ах веќе постојано е вака . Тасевски даде порака дека ФФМ е она тоа , фати магла за Тајланд ни изјава на Тв пред камера ни ништо .... :facepalm::facepalm:

1392067238125.jpg
Баш е отворен и реален и си ја кажува реалната слика за тоа како стојат работите во ФФМ, подиректен од ова не знам како да биде, да дојде и да ги ишутира сите од ФФМ или да ги речам МФМ(Мак. фудбалска мафија). а и сега порталите се главни медиуми така да не гледам кои други медиуми. единствено со врски и со пари се купува место во репрезентација, за после да се продадат што поскапо, тоа го знаат и пандев и тасевски и давид и сите ние, и затоа има нонаме играчи (кои не се ни родени во мк а и немаат никаква врска со мк) кои играат за репрезентација, па што сеа тасевски ќе се замара ќе се објаснува со МФМ, си ја брка човекот кариерата и прави пари додека е во играчки години
 
Немам никаков против за ова, но веќе е глупав начинот веќе на кој се изјавуваат . Имаш проблем , имаш негативност ,ќе одиш директно , не околу за после некое време да се пасивизира и после ете ти некое време кога ќе се случи нешто лошо ,ФФМ е крива . Добро, нешто не е во ред , јавно пред камера со тело и лице физички присутен јавно се изјавува ,тоа и тоа не е добро, барам и се поставува услови веќе да се среди . Веќе во рок од 20 години имаше само 2пати реакции вакви против ФФМ , првиот на Македонија Ѓорче и Слога со неколку клубови проти Хари па на крај да се случи од сите клубови да си останат на збор Македонија и Слога и ги прати ја во 3та лига , втор пат, не ми текнува оној судијата со неколку наши фудбалски легенди(двајца/тројца) и искрено правилен потег беше до последен момент додека луѓе на ФИФА не дојдоа во Македонија со ултиматум дека ни се заканува исклучување од организацијата за натпреварување .

20 години ни се потребни да се среди нешто и само 2 реакции имаше за тоа време . Дали некој од домашните фудбалери или фудбалски легенди ќе им текне дека вака не се средува и дека не е начинот на кој мора да се бара средување ?! Најголем дел се пасивни,гледаат наоколу дека се пропаѓа,никој и ништо не прави ,ете тоа е тој дел што го рече = што сеа тасевски ќе се замара ќе се објаснува со МФМ, си ја брка човекот кариерата и прави пари додека е во играчки години = . Додека не се промени тој менталитет ,ни страда и фудбал и спорт и култура и театар и музика и политика и економија и било што . Денешниот Македонец е човек кој сака да лежи и ништо да не прави ,а кога ќе дојде моментот чека друг да му среди ,а со тоа се плаќа данок ,времето си тече .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom