Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
ако не успеат да го победат Луксембург, нека не ги играат повеќе квалификациите..
 
Пачовски на гол одличен. Одбраната не е толку лоша колку што изгледаше, вината беше во средниот ред односно во Бошко. Против Шпанија излезе со еден играч од среден ред (Спировски, кој подоцна беше заменет со крило, Радески) и со три крила.. Шиков, Мојсов, Грнчаров, Дамчевски се оние кои треба да се борат за 2те штоперски позиции. Бекови десно ги имаме Ристовски, Тодоровски, Георгиевски, лево сме нешто послаби може да се проба со Глишиќ и Попов или евентуално Ристовски да отиде лево. Среден ред обавезно два деструктивци, Адеми, Глигоров, Велковски и Спировски треба да се борат за тие две позиции. Пред нив Бабунски/Рангеловиќ или евентуално Хасани. По крила сме солидни, Трајковски, Тричковски, Ибраими, па и Абдурахими не е лош, тука е и Радески.. И како најистурен напред не би ги играл ни Јаховиќ ни Костовски, подобро да проба со некој од Крсте и Мирко Ивановски, а тука е и Марко Симоновски кој е млад и може да испадне добар играч ..
Најголема слабост ни е неконстантноста . Имаме добар напад,имаме добра одбрана од играчи , но средината ни е слабо поле која верувам со Адеми и со младинците полека ќе се засили во иднина . Мора да се остане на усвоената формација и да не се менува како со Шпанија предвреме , Бошко се гледа дека сеуште нема контрола и генерален поглед на сите играчи . Ранџелович зошто не е повикан , постојано игра ,ок Глигоров,и он во Вардар , Спировски ептен лош избор ,Алијоски има потенцијал но не ич спремен за повисоко ниво да игра , грешка направи со Србија,грешка со Шпанија . Само да се запази понормална игра и без паничење со смиреност и иницијатива да играат .
 
Вчера воопшто преку скоро целиот натпревар немаше нормален пресинг ,ни нормална игра од страна на нашата репрезентација. Средината ја уништи целата работа , немаше пресинг,немаше точни пасови,немаше посед ( 65 имаше Шпанија,наспроти 35 за Македонија) . Пеналот за нас дојде во период од првото полувреме во малиот дел кога почна Македонија да игра нормално со мирен и стабилен пас од играч до играч. Понатамошниот дел од натпреварот е стара болка која ни се турка , нема континуитет на нормална игра , нема држење на топката, брзо туркање на топката цело време ,сакаме акција одма со долги топки ни да резонираат да смират и преземат иницијатива и контрола во натпреварот . Со Чеде го имавме ова , затоа и добри резултати имавме ,но што се остана на крај се повлекоа последиците на поделби и си отиде Чеде предвреме ,изгуби контрола .

Па тоа и јас викам де, средината не уништи овој Спировски врска нема а на Трајковски не му е таа позиција он игра кај тој Абураххархуиааурбми подобро Демири да си играше во средина. А и за пресингот не можеш да го играш со Јахович кој со два спринта јазикот до земја му е :D
 
Па тоа и јас викам де, средината не уништи овој Спировски врска нема а на Трајковски не му е таа позиција он игра кај тој Абураххархуиааурбми подобро Демири да си играше во средина. А и за пресингот не можеш да го играш со Јахович кој со два спринта јазикот до земја му е :D
Абдурахими(Локерен-Белгија), :) квалитетен играч е ,можеби имате негативни стартни впечатоци за него,но добар е . На неговото деби за Локерен .

 
Најголема слабост ни е неконстантноста .
Порано проблем ни беше неконстантноста.
Сеа проблем ни e константноста,за греота сме сите утакмици.
 
После оној ass to mouth што ни се деси вчера се потврдува старата народна дека од гомна гибаница не се прави.
 
А каква група имаме само.Украина во ваква состојба,Словачка која е просечна екипа,Белорусија губи од Луксембург моментално и не се ништо посебно само да имавме малце квалитетни играчи и класа тренер кој ке знае да постави игра и знае што сака реално ке беше да фатиме 2 или 3 место.Вака класика единствени под нас екипите од типот на Луксембург.
Ако се лажеме.
Најслаби сме во групава и ќе бидеме последни.
 
Ако ни е утеха и Велс го прими од Андора, има уште многу да се игра ама ипак :D
 
Шо има врска Руни и неговиот деби-гол против Македонија? :confused: Не разбрав.
Иначе, убаво е ако успее да победи Андора(курац ќе победи, изедначиле Велс веќе). Пошо моментално, единствената победа што ја имаат во историјата(во официјален натпревар, не пријателски) знаете против кој е, така? :place:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom