Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Дрва невидени сме, се додека ирачите играат во репрезентација само за подобро да се продадат, ќе имаме вакви резултати...Овој циклус Андора, Луксембург, Лихтенштајн, Гибралтар и останти добиваат сериозна конкуренција во нас :tapp:
 
Kaj ќе се продадат, кој нормален ќе купи играчи што немаат техника, брзина и кондиција?
 
баш би сакал да се организира еден натпревар на Филип Втори..помеѓу сегашнава репрезентација и најдобрите 11 граѓани (значи кои не се професионални фудбалери), баш ме интересира како ќе заврши мечот..
 
Tи сериозен ли си или се шегуваш? Па нашите фудбалски репрезентативци здраво би го окркале и од овие:

US%20Womens%20Soccer.jpg
 
Tи сериозен ли си или се шегуваш? Па нашите фудбалски репрезентативци здраво би го окркале и од овие:

US%20Womens%20Soccer.jpg
Добро од овие и некоја топ 20 селекција би го окркала.
 
Tи сериозен ли си или се шегуваш? Па нашите фудбалски репрезентативци здраво би го окркале и од овие:

US%20Womens%20Soccer.jpg
Оваа со број 1 како би го окркала не е свесна.:D

Нашава репрезентација во моментов и од слепата реп. на Франција ќе изгуби а не пак од овие хранетиве со амерички батаци.
130612141057970_151217340.mainpicture_612.jpg
 
После Тричковски кој потпиша за тим од пичке си материне, сега и Даниел Георгиевски отиде уште подалеку...
Потпишал за факинг Мелбурн Виктори :vozbud::facepalm:
И после сакаш силна репреентација, а ова играчиве сите лакоми за пари :facepalm:
 
Кај заминал Тричковски?
 
Tи сериозен ли си или се шегуваш? Па нашите фудбалски репрезентативци здраво би го окркале и од овие:

US%20Womens%20Soccer.jpg
Овие се најдобри сеа за сеа, да не ги потценуваме, најди послаби некои, срам да пукне :D
Оваа со број 1 како би го окркала не е свесна.:D
Таа со бр. 1 има подебело досие од библијата, лепота лаже :D
 
Од ова полошо здравје. Ние сме најмртвата фудбалска нација у свет! Илчо е спасот!!!
ujyyhgfb.png
 
Јаневски: Не сум и свртел грб на Македонија

9CF5108374976249A8582D96988F9DBD.jpg

„Моето заминување беше од приватни причини. Во иднина нема да има проблеми да се вратам во мак - фудбалот, дали во репрезентацијата или во некој клуб“, истакна Јаневски

По точно една година откако си замина од местото селектор на нашата најдобра репрезентација Чеде Јаневски ексклузивно во емисијата „Во недела попладне“ на ТВ АЛФА, каде беше гостин, даде свое видување за причините за неговата оставка.
„Моето заминување беше од приватни причини. Познато е дека моето семејство живее во Бриж и морав да се вратам во Белгија. Немам никакви замерки кон никого, имав добра соработка со сите. Не се расправав со никого, можам да се пофалам дека имав поддршка од сите околу мене. Така да слободно можам да кажам дека сум горд што бев селектор на репрезентацијата на Македонија, што го дадов својот придонес, што помогнав колку што можев со својата работа. Верувајте дека никогаш не сум ѝ свртел грб на мојата земја“, посочи Јаневски.

СЕКОЈ СИ ОДГОВАРА ЗА ПОСТАПКИТЕ
Познато е дека Јаневски откако си замина од Македонија седна на клупата на Монс, последнопласираната екипа во шампионатот на Белгија. Но не успеа да ја извлече од најлошото и Монс се пресели во понизок ранг.
„Секој си одговара за постапките, за своите потези. Се виде дека тој мој потег со Монс беше погрешен, но сега од оваа временски дистанца тоа го знам“.
За квалификацискиот дуел со Шпанија не беше премногу расположен да коментира.
„Мораме да бидеме реални, се знае каков е квалитетот на Шпанија, така да не смее да не обесхрабри првиот неуспех во квалификациите“ посочи екс - селекторот.

НЕМА ПРИЧИНИ ДА НЕ СЕ ВРАТАМ
Јаневски ги запозна гледачите и со својата животна приказна, но и со фудбалската и тренерска кариера. На прашањето дали би се вратил во Македонија, во мак - фудбалот тој посочи...
„Нема причина да не се вратам. Во иднина нема никакви проблеми од моја страна да работам во мак - фудбалот. Без разлика дали во репрезентацијата или во некој друг клуб. Иако една година не престојував во земјата, сепак, ги следам настаните што се случуваат. Без разлика дали станува збор за фудбалот, спортот воопшто и др. Познато ми е дека во последната година во Вардар и Шкендија дојдоа големи спонзори кои инсистираат на најголеми дострели, кои имаат високи амбиции. Имаат големи буџети и секако дека тоа е за поздравување. Да има среќа и во другите наши прволигашки клубови да влезат така големи спонзори, секако дека ќе се подигне квалитетот, а со тоа и репрезентацијата ќе има поголем избор на квалитетни фудбалери на располагање“.[DOUBLEPOST=1410973653][/DOUBLEPOST]Пред некој ден баш го видов у Лептокарија. Ако Бошко не го тепа Луксембург, оставка му даваат 1 секунда после последниот свиреж на судијата. Чеде сега се гребе да се врати у репрезентација иако штета направи со откажувањето на Пандев и Новески.
У друг живот никад не би го примил назад ама реално според мене само он има капацитет да води. Штознам...:unsure:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom