Лига на шампиони 2014/2015

Статус
Затворена за нови мислења.
Flens mozno e da stanat Hamburg br. 2, imaat problem so glavniot sponzor, saka da gi napusta.
 
Гром да ги акне, ме одраа на фајнл форот и на двете утакмици, сеа ќе се распаѓаат :tapp::tapp:
 
Митровски е две класи подобар од овој сељово Коциќ, кога влезе тој, ПСЖ ја направија разликата. Нека си се врати во Србија.
Околу публиката, прави мртовци, едвај ако навиваа десет минути. Многу грешки, ваквата игра на ПСЖ мораше да се казне.
 
Ајде мал коментар и за Металург-ПСЖ. Се изначитав еден куп коментари наназад и можам слободно да кажам дека не се согласувам со впечатокот, напротив имам сосема различно мислење за некои ситуации.

1. ПСЖ е далеку подобар од минатата сезона. Во напад сеуште зависат скоро исклучиво од индивидуални акции, ама во одбрана се далеку далеку подобри од лани кога буквално на секој напад им се шетаа екипи со брзи продорни средни бекови (како Металург) низ одбраната. Сега доста се подобрија макар што имаат уште многу работа. Плус Омејер е Омејер. Точно е дека не е оној од порано ама сеуште е класа. А и ако има 2-3 појаки од него моментално (а точно е дека има најмалку толку) тоа не знам како се сфаќа како да е слаб. Зарем 3-4 најјак голман во светот е мало засилување во однос на Аноне? Не знам колкав му беше процентот на одбрани ама факт е дека одбрани неколку многу тешки топки во клучни моменти. И реално тој беше клучот зошто се одлепи ПСЖ во финишот. Апсолутно се сериозни кандидати за Ф4 дури и со Гарден како тренер (колку е изгубен човекот чудо едно, замислете немаа спремено игра за ако му играат фластер на Хансен и тотално се изгубија во тие неколку напади).

2. Металург не беше сјаен ама не беше ни лош ми се чини (сигурно подобар отколку Вардар вчера на пример). Сосема солидни 50тина минути, ама не издржаа до крајот и паднаа во самиот финиш. 5 разлика и не е баш реален одраз на настаните, разликата буквално ја донесоа неколку "ситни" ситуации кои можеа да одат во било која насока. Одбраната имаше и добри и лоши моменти. Неколку нефатени одбиени топки скапо ги чинеа и тие одат целосно на вина на одбраната. Одбраната во транзиција беше просечна. Била подобра ама била и многу полоша. Од друга страна, на позиционен напад, со 2-3 исклучоци беа доста солидни. Се мачеа доста играчите на ПСЖ да најдат простор за удар. Во напад, Лино бараше цело време постава која ќе може да се носи со одбраната на ПСЖ и до некаде ја најде во Циндриќ/Миркуловски/Липовина. Ама ај што ја најде во второ ги заборави на теренот. Особено Миркуловски не можеше да го издржи тоа темпо беше очигледно. Дека можеше да добие некоја минута во напад Борозан можеше, колку за промена и го натера Гарден да размислува малку, ама не се согласувам дека тој бил решението за одбраната на ПСЖ. Против Омејер такви шутери не поминуваат. Особено не против висока одбрана која свесно ги "упатува". Играта со брзи средни бекови против бавните Коплјар, Хансен и компанија беше правилен избор, ама Лино малку ја претера, не можеш да играш така 60 минути.

3. За играчите што да се каже. Миркуловски имаше одличен натпревар. Потроши и некои топки бесмислено, ама реално тој беше моторот на екипата. И Манасков имаше одличен натпревар пред да се повреди (ако Ојлески беше во подобра форма лани сега е обратно, Манасков е во навистина добра форма засега). Марсениќ продолжува да ме имресионира. Големо засилување за Металург на позицијата каде беа најслаби лани. Ми се чини дека сигурно ќе прерасне во еден од најдобрите светски пикери (имаше една лоша грешка во одбрана, ама генерално одличен во двата правци). Искрено делуваше како да е едно 2 класи подобар играч од едни Вори и Гунарсон на спротивната страна. Ако вака продолжи којзнае до каде ќе стигне. Станиќ, Циндриќ и Липовина не беа лоши, ама не беа ни којзнае што. Џукиќ даде некој гол ама можеше и подобро. Од друга страна, Мојсовски, Коциќ и пред се Атман беа катастрофа. Особено Атман мислам дека доби и преголема минутажа. Се изнатроши топки, се изнапромашува, па дури и грешки во додавања имаше доста. Дека има топ во раката има, ама некако не е вклопен соодветно во тимот оваа сезона (некако најдобро функционираше со Мојсовски лани, без него и Атман не е толку добар).

4. Факт е дека недостигаше Вугринец и со него (под услов да е во форма), Металург ќе биде многу сериозна екипа сезонава, дури би рекол и поопасна за јаките тимови од минатата (едно е а ги победиш екипите од самиот врв кога те потценуваат или во не толку важни натпревари, друга е во елиминациска фаза на пример)

5. Ќе треба да се прегледа натпреварот, да не грешам душа, но имам впечаток дека судиите судеа тотално бесмислено. Исти ситуации за раличен тим различно ги судеа. И врв беше кога кренаа рака за пасивен после 2 додавања на Металург (буквално 6-7 секунди откако почна акцијата). Тоа првпат во живот го гледам, стварно не знам што мислеа. Вакви ситуации се случуваат (иако поретко дома) и не мислам дека поразот беше заради судиите, ама судењето не беше на ниво за ЛШ (настрана коментарите на спикерот контра судиите тоа е тотално недозволиво).

6. Во неколку ситуации после изгубена топка или одбрана или слично играчите на Металург наместо да трчаат назад буквално стоеја збунети и чекаа судиска одлука. На тој начин примија 2-3 клучни гола кои да не беа можеше и поинаку да заврши натпреварот. Едноставно мора еднаш засекогаш да научат дека прво се доигрува акцијата па после нека се жалат колку сакаат при паузи тајмаути и сл. И во право беа во некои од ситуациите, ама не е битно, прво осигуруваш да нема контра после размислуваш што досудиле судиите и зошто. Сериозна екипа тоа не смее да си го дозволи.

7. На толку безвезни судиски одлуки на штета на Металург, фрлени предмети на онаа која беше најпрецизно досудена (2 минути за Хансен после нерезонски старт над Ојлески во контра) :facepalm:. За ова не вреди ни да се коментира.

8. Загреб го победи Кил :eek:. Групата очигледно ќе биде поинтересна од очекувањата. Кил има катастрофален старт на сезоната. На сите тие засилувања (имаат практично дрим тим годинава), играат катастрофално засега. Губат и во домашното првенство од второкласни екипи, а еве сега и од Загреб. Сепак Кил е Кил, ќе се средат евентуално. Во победата на Загреб не би гледал премногу. Загреб така играат, против некој јак може да одиграат добро и да се изглупираат против некој послаб. Далеку се од сигурен патник во втората фаза. Еден натпревар не значи ништо. Ла Риоха очекувано дома го победи Брест. Солидна екипа скоцкаа шпанците, прашањето е колку ќе можат во гости да освојат бод против било кого. Брест дома е тежок противник, ама во гости нема што да бара против било кого. Се на се сеуште мислам дека Металург е релативно сигурен на третата позиција на крај.
 
Нема играње со плин,изгледа шо го сменија името беше пресвртница во клубот....:pos:
Е кога ќе ми текни,какви екипи имал Загреб,со Киро Лазаров,Балиќ,Вори и компанија не успевал да го добие Кил,најмногу до нерешено стигнувал,сега против Кањелас,Дувњак,Палмарсон и цела сурија звезди успеаа за 20 минути од -4 да стигнат до +2,за едно полувреме на еден Кил му бапнаа дури 18 гола,:icon_mrgr:и тоа со играчи од калибарот на брача Валчич,Сандро Обрановиќ..:pos:
Браво во секој случај,вие сте победници на денот...
За Кил шо да кажам,очај,ноншалантна игра,како да им беше сеедно шо губат....:pos:(изгледа знаеја дека јас ја чекам в кладилница):icon_lol:
А Швабите примија уште еден шамар,хихи,и тоа каков шамар,Фленсбург изгуби од Колдинг со 14 разлика...:pos:
Ма немој да ме јебеш..
И на крај пак швабите со 2,3 претставници во Келн...:pos:
Заебан спорт овај ракометот...:гик:
 
7. На толку безвезни судиски одлуки на штета на Металург, фрлени предмети на онаа која беше најпрецизно досудена (2 минути за Хансен после нерезонски старт над Ојлески во контра) :facepalm:. За ова не вреди ни да се коментира.
Пред фаулот на Хансен, ако мислиме на истиот во второ полувреме, имаше чист фаул врз Абало мислам кога изгуби рамнотежа и падна, удар со рака во лице но судиите не го видоа тоа па досудија 2 за Хансен.
 
Имаше фаул над Абало во таа ситуација, а потоа исклучувањето не требаше да биде за Хансен, туку некој од другите играчи направи фаул за две минути, додека Хансен само во жарот на играта се обиде да ја земе топката (пред да биде свирен фаул). Судијата не забележа баш кој го направи фаулот и го исклучи Хансен кој беше најблиску до играчот на Металург.
 
Пред фаулот на Хансен, ако мислиме на истиот во второ полувреме, имаше чист фаул врз Абало мислам кога изгуби рамнотежа и падна, удар со рака во лице но судиите не го видоа тоа па досудија 2 за Хансен.

Не се сеќавам на тоа, муабетот ми беше дека фрлаа предмети (што во старт е неприфатливо) баш на одлуката која беше правилна и беше во корист на Металург. Fuck logic...

А ако ти е целта да ги браниш судиите, точно е дека над Абало имаше еден недосуден фаул ама не знам дали зборуваме за истата ситуација. Ама имаше и доста глумење од французите (особено Нарсис) на кое судиите постојано наседнуваа. Имаше недосудени чекори, очигледна игра со нога и што уште не кои поминаа неказнето. Тоа не се ситуации со контакт каде се остава некогаш на судиите да проценат и се греши, тоа се одлуки каде не смеат така катастрофално да грешат во повеќе наврати. Да не зборувам за една акција на почетокот каде имаше оччигледен фаул врз ми се чини Наумче, по што тој некако успеа да ја додаде топката до Марсениќ кој беше сам на 6 метри и откако излезе зицер ситуација, со огромно закаснување, судиите ја враќаат играта (Марсениќ можи и даде гол не ми текнува) на 9 метри. Тоа е судење без никаков осет за ракомет...
 
Да ми кажете како се вика дебилот што збори за време на утакмица? Значи од таков дебил да земеш за ПСЖ да навиваш, па ало дибеку, каде се наоѓаш? Во прво полувреме во 10та минута вика ние треба да ги учиме да судат, НЕПИСМЕНИ СУДИИ? Алоооооо дибеку, од тебе и такви како тебе ние неможеме да одиме напред, џабе ни се сите пари вложени во ракомет, А ГЛАВНИ ВИНОВНИЦИ СЕ И ТИЕ ШТО ТЕ СТАВААТ ТАМУ се понашаат така како што се понашаат, СРАМОТА!

Ааа пасивна, пасивна не беше ова пасивна? 2 минути, не ли беше тоа минути? ГО ЗБОРИ СПИКЕРОТ НА НАТПРЕВАРОТ, СЕЉАК, КЛОШАР, ДИБЕК - СРАМОТА. Ова се аматерски ствари од клуб кој се претставува за добро организиран и европски, АМАТЕРСКИ. И најжалното е што ова не му е прв пат, ми се згади од се, се срамев во сала. Разочаран сум, а ќе одам и на следниот натпревар од што го сакам спортот и среќен сум што 2 наши тима не претставувааш во ЛШ, но ако седи тој повторно таму и збори глупости ќе одам позади него ќе му пукнам едно шише у глава и никогаш повеќе нема одам да ги гледам додека не се тргне тој дибек од таму.

Еве го напишав ова и во Фан Клуб Металург, сакав и тука да го напишам. Додека вакви дибеци го оцрнуваат сето тоа што Минчо и Самсоненко вложуваат прилично големи пари за наши стандарди, џабе ни е.
 
Последно уредено:
фали уште како федерација да јадеме суспензија за ова...
 
фали уште како федерација да јадеме суспензија за ова...
Го избркаа второ полувреме, седеше некаде на трибина не видов каде и од таму продолжи да збори дебилни работи. Разбирам ако човекот е дебил, но сите во клубот се дебили? Ја да сум ќе го избркам на клоци.
 
Нема играње со плин,изгледа шо го сменија името беше пресвртница во клубот....:pos:
Е кога ќе ми текни,какви екипи имал Загреб,со Киро Лазаров,Балиќ,Вори и компанија не успевал да го добие Кил,најмногу до нерешено стигнувал,сега против Кањелас,Дувњак,Палмарсон и цела сурија звезди успеаа за 20 минути од -4 да стигнат до +2,за едно полувреме на еден Кил му бапнаа дури 18 гола,:icon_mrgr:и тоа со играчи од калибарот на брача Валчич,Сандро Обрановиќ..:pos:
Браво во секој случај,вие сте победници на денот...
За Кил шо да кажам,очај,ноншалантна игра,како да им беше сеедно шо губат....:pos:(изгледа знаеја дека јас ја чекам в кладилница):icon_lol:
А Швабите примија уште еден шамар,хихи,и тоа каков шамар,Фленсбург изгуби од Колдинг со 14 разлика...:pos:
Ма немој да ме јебеш..
И на крај пак швабите со 2,3 претставници во Келн...:pos:
Заебан спорт овај ракометот...:гик:
Топ си е Обрановиќ бе....го имам гледано повеќе пати и добар дечкото.Малце поголем потрошач на лопти е,али кога ќе му тргне игра како вечерва.Не го вреѓај дечкото,не заслужува да се става во иста реченица со Јосо Валчиќ :D

Али вака така со Јосо во екипа и Барса и Кил ги тепаа,а од 90ти кога имаа дрим тим,па до тој со Кире,Балиќ,Џомба,Вори итн ништо не им можеа :pos:[DOUBLEPOST=1411943423][/DOUBLEPOST]
Вујо мајсторе, а Вујо два дена во Загреб :))
Ова е втора утакмица веќе.И со Војводина се виде дека играат пожестоко во одбраната него со Дворшек.
Не е дека многу има сменето во екипата,ама неговото доаѓање малце ги раздрма.Нов тренер, кој е лудак иначе, пред кој мора да се докажуваат нормално дека ќе има повеќе енергија во нив.
Сега за сега одличен почеток има треба да гради на тоа понатаму.
 
Хахаха почнале да ја пеат Пирати нашата Попај морнарот песна :D
Се учат копиљаците од најдобрите, таман наредна утакмица може некоја друга песна ќе научат :icon_mrgr:
Таа песна се пее веќе 2-3 години, не е од сега. Иначе малку потешко дека е ваша таа песна. Јас до сеа не сум ве слушнал да ја пеете, а Манијаци да.
Иначе атмосферата во сала стандард, слабо, освен на моменти.
 
Таа песна се пее веќе 2-3 години, не е од сега. Иначе малку потешко дека е ваша таа песна. Јас до сеа не сум ве слушнал да ја пеете, а Манијаци да.
Иначе атмосферата во сала стандард, слабо, освен на моменти.
Мелодијата си е од Попај морнарот, не е ни на Манијаци ни на нас, ама во Македонија ние ја пееме уште од пред 15-тина години, и сеуште се пее, и против вас мислам дека ја пеевме. Срамота е да крадете мелодии кои ги користат ривалите, а не се некои универзално користени ритми :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom