Ајде мал коментар и за Металург-ПСЖ. Се изначитав еден куп коментари наназад и можам слободно да кажам дека не се согласувам со впечатокот, напротив имам сосема различно мислење за некои ситуации.
1. ПСЖ е далеку подобар од минатата сезона. Во напад сеуште зависат скоро исклучиво од индивидуални акции, ама во одбрана се далеку далеку подобри од лани кога буквално на секој напад им се шетаа екипи со брзи продорни средни бекови (како Металург) низ одбраната. Сега доста се подобрија макар што имаат уште многу работа. Плус Омејер е Омејер. Точно е дека не е оној од порано ама сеуште е класа. А и ако има 2-3 појаки од него моментално (а точно е дека има најмалку толку) тоа не знам како се сфаќа како да е слаб. Зарем 3-4 најјак голман во светот е мало засилување во однос на Аноне? Не знам колкав му беше процентот на одбрани ама факт е дека одбрани неколку многу тешки топки во клучни моменти. И реално тој беше клучот зошто се одлепи ПСЖ во финишот. Апсолутно се сериозни кандидати за Ф4 дури и со Гарден како тренер (колку е изгубен човекот чудо едно, замислете немаа спремено игра за ако му играат фластер на Хансен и тотално се изгубија во тие неколку напади).
2. Металург не беше сјаен ама не беше ни лош ми се чини (сигурно подобар отколку Вардар вчера на пример). Сосема солидни 50тина минути, ама не издржаа до крајот и паднаа во самиот финиш. 5 разлика и не е баш реален одраз на настаните, разликата буквално ја донесоа неколку "ситни" ситуации кои можеа да одат во било која насока. Одбраната имаше и добри и лоши моменти. Неколку нефатени одбиени топки скапо ги чинеа и тие одат целосно на вина на одбраната. Одбраната во транзиција беше просечна. Била подобра ама била и многу полоша. Од друга страна, на позиционен напад, со 2-3 исклучоци беа доста солидни. Се мачеа доста играчите на ПСЖ да најдат простор за удар. Во напад, Лино бараше цело време постава која ќе може да се носи со одбраната на ПСЖ и до некаде ја најде во Циндриќ/Миркуловски/Липовина. Ама ај што ја најде во второ ги заборави на теренот. Особено Миркуловски не можеше да го издржи тоа темпо беше очигледно. Дека можеше да добие некоја минута во напад Борозан можеше, колку за промена и го натера Гарден да размислува малку, ама не се согласувам дека тој бил решението за одбраната на ПСЖ. Против Омејер такви шутери не поминуваат. Особено не против висока одбрана која свесно ги "упатува". Играта со брзи средни бекови против бавните Коплјар, Хансен и компанија беше правилен избор, ама Лино малку ја претера, не можеш да играш така 60 минути.
3. За играчите што да се каже. Миркуловски имаше одличен натпревар. Потроши и некои топки бесмислено, ама реално тој беше моторот на екипата. И Манасков имаше одличен натпревар пред да се повреди (ако Ојлески беше во подобра форма лани сега е обратно, Манасков е во навистина добра форма засега). Марсениќ продолжува да ме имресионира. Големо засилување за Металург на позицијата каде беа најслаби лани. Ми се чини дека сигурно ќе прерасне во еден од најдобрите светски пикери (имаше една лоша грешка во одбрана, ама генерално одличен во двата правци). Искрено делуваше како да е едно 2 класи подобар играч од едни Вори и Гунарсон на спротивната страна. Ако вака продолжи којзнае до каде ќе стигне. Станиќ, Циндриќ и Липовина не беа лоши, ама не беа ни којзнае што. Џукиќ даде некој гол ама можеше и подобро. Од друга страна, Мојсовски, Коциќ и пред се Атман беа катастрофа. Особено Атман мислам дека доби и преголема минутажа. Се изнатроши топки, се изнапромашува, па дури и грешки во додавања имаше доста. Дека има топ во раката има, ама некако не е вклопен соодветно во тимот оваа сезона (некако најдобро функционираше со Мојсовски лани, без него и Атман не е толку добар).
4. Факт е дека недостигаше Вугринец и со него (под услов да е во форма), Металург ќе биде многу сериозна екипа сезонава, дури би рекол и поопасна за јаките тимови од минатата (едно е а ги победиш екипите од самиот врв кога те потценуваат или во не толку важни натпревари, друга е во елиминациска фаза на пример)
5. Ќе треба да се прегледа натпреварот, да не грешам душа, но имам впечаток дека судиите судеа тотално бесмислено. Исти ситуации за раличен тим различно ги судеа. И врв беше кога кренаа рака за пасивен после 2 додавања на Металург (буквално 6-7 секунди откако почна акцијата). Тоа првпат во живот го гледам, стварно не знам што мислеа. Вакви ситуации се случуваат (иако поретко дома) и не мислам дека поразот беше заради судиите, ама судењето не беше на ниво за ЛШ (настрана коментарите на спикерот контра судиите тоа е тотално недозволиво).
6. Во неколку ситуации после изгубена топка или одбрана или слично играчите на Металург наместо да трчаат назад буквално стоеја збунети и чекаа судиска одлука. На тој начин примија 2-3 клучни гола кои да не беа можеше и поинаку да заврши натпреварот. Едноставно мора еднаш засекогаш да научат дека прво се доигрува акцијата па после нека се жалат колку сакаат при паузи тајмаути и сл. И во право беа во некои од ситуациите, ама не е битно, прво осигуруваш да нема контра после размислуваш што досудиле судиите и зошто. Сериозна екипа тоа не смее да си го дозволи.
7. На толку безвезни судиски одлуки на штета на Металург, фрлени предмети на онаа која беше најпрецизно досудена (2 минути за Хансен после нерезонски старт над Ојлески во контра)

. За ова не вреди ни да се коментира.
8. Загреб го победи Кил

. Групата очигледно ќе биде поинтересна од очекувањата. Кил има катастрофален старт на сезоната. На сите тие засилувања (имаат практично дрим тим годинава), играат катастрофално засега. Губат и во домашното првенство од второкласни екипи, а еве сега и од Загреб. Сепак Кил е Кил, ќе се средат евентуално. Во победата на Загреб не би гледал премногу. Загреб така играат, против некој јак може да одиграат добро и да се изглупираат против некој послаб. Далеку се од сигурен патник во втората фаза. Еден натпревар не значи ништо. Ла Риоха очекувано дома го победи Брест. Солидна екипа скоцкаа шпанците, прашањето е колку ќе можат во гости да освојат бод против било кого. Брест дома е тежок противник, ама во гости нема што да бара против било кого. Се на се сеуште мислам дека Металург е релативно сигурен на третата позиција на крај.