Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.317
- Поени од реакции
- 18.731
Прво полувреме игравме исто како против Копенхаген и Норсјеланд минатите сезони ако гледаше. Без идеја, без шанси и плус со мал ризик од примен гол, што за среќа не го примивме.Абе прво видов нотификации и цитирав па после ги дочитував мислењата. Баш сеа го видов видеото од Видук, имало пенал, така да моја грешка.
Абе ај кој го гледаше Јуве нека каже како изиграа... Јас видов 2-3 пати на Арена 2 дека Јуве имаше 100% шанси на 1-0, онаа на Тевез и оној поништениот гол на Љоренте. Али ме занима вкупниот впечаток, пошо играа без Пирло и Видал.
Во второто беше друга приказна. Се разиграа страшно Тевез, Асамоа и Лихштајнер и почнаа да се редат шанси, додека не им дозволија на противниците ниту еднаш да се приближат барем 20 минути после водството. Регуларен гол му поништија на Љоренте во меѓувреме. После тоа имаа некоја полушанса овие, па влезе Мората и го реши натпреварот. Се залета, помина неколку и го фаулираа. Од тој слободен бидна 2-0.
Инаку заебано е малку без Пирло и Видал, посебно без Пирло затоа што некогаш се чувствува недостиг од прецизност на теренот. Вчера во првото средината беше многу лоша, па тука фалеше Пирло. Во секој случај штом без неколку клучни играчи наваѓаме решение да ги решиме натпреварите, значи на добар пат сме.