Абе дајте не заебавајте многу се 4 примени гола од тим како Парма. Точно дека е доволно оваа сезона да се победат истите и да се избори пласман за во ЛШ ама со онаква одбрана тешко, Милан некако денес изгледаше како Земан да ги води. Не знам мене искрено не ми мириса на добро и мразам вакви пирови победи плус имаше никаков пенал и судијата леташе во облаци, па и одличниот гол на Менез дојде од катастрофална грешка на одбрана што нема сите екипи да ја направат, кога би бил фан на Милан би се грижел и дајте жити се не го кревајте толку Пипо 2 утакмици е само тренер, и Ферара беше одличен првите утакмици после се ојде надолу.
Можда грешам ама ај да видиме
1) Пенал можеби не беше, но црвен секако беше, а Лукарели доби само жолт. Со оглед дека на Милан не му беше проблем да даде гол (даде дури пет), многу подобро ќе беше Лукарели да добиеше црвен на 2:1 за Милан. Затоа што Милан ги изеде на контра и со играч помалку, а доколку тргнеше Парма со играч помалку да брка изедначување имаше да биде и повеќе наполнета, барем според тоа што го видовме вчера.
2) Не се работи за ’тактика Земан’. Нема врска, погледни само дека поради претпазливост во средина ги бира Мунтари, Поли и ДЈ. И од тоа може да се види дека важна му е дефанзивата. Но, не само тоа. Милан головите не ги прими затоа што форсираше офанзива по секоја цена. Напротив, тие беа примени на поставена одбрана, од корна и по грешка која се случува еднаш во сезона (барем се надевам

). Реално, Милан нема одбрана која гарантира победи без примен гол, што е доста лошо...
3) Милан и под Алегри знаеше после Тиаго Силва да прими доста голови (а, тој сигурно не форсирал тактика како Земан)... Но и претходно, со Удинезе дури дома прими четири, од Лече три на гости за само едно полувреме...
4) Дали Пипо ќе биде како Ферара е само нагаѓање, глупо и непотребно е во овој момент да се прави тој муабет. Тоа е исто како после првите натпревари на Конте да сме пишувале дали ќе биде како Ферара или не. Ова не значи дека го споредувам Пипо со Конте, башка тогаш Јуве не примаше голови, што секако е проблем за Мила и Инзаги кои примаат голови. Но, сепак Милан започна со две победи, а види во нашиот фан клуб колку се плашевме од првите три кола. Јас напишав дека би било одлично да земат барем шест бода, еве тоа се случи. Сега со Јуве може се да биде, но потоа Милан игра со Емполи и Чезена на гости и со Киево дома. Ако нема некои глупирања Милан може да ја започне сезоната многу добро, а тоа сигурно ќе внесе самодоверба кај играчите и Пипо, па тимот заедно со тренерот ќе имаат добри услови да растат како ќе одминува сезоната.
Секако, може тотално да се изглупираат во следните четири кола, па да се внесе немир и потоа кој знае какво негативно сценарио може да се случи.