И ја мислам дека Лопез не се повреди при примањето на четвртиот гол, него реакцијата откако виде дека ќе биде тоа автогол му беше повеќе алиби реакција, затоа што дебело ја заеба работата. Посмешен црвен картон од оној на Фелипе одамна немам видено, буквално не го пипна Менез, скроз го промаши, а судијава без трошка двоумење му рокна втор жолт.
Не можам да оформам мислење ниту за Милан ниту за Интер од првиве две кола затоа што скроз ги промашив и двете кола, едино сега го погледав Милан дваесетина минути. Ќе видиме против Јуве во следното коло колку Милан е напреднат сезонава и до каде му е долга чергата.
И ние не би требале да летаме многу у облаци после убедливата победа над Сасуоло, затоа што ипак тоа е Сасуоло.