One Оператор - Генерална Дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
И овие од ОНЕ се тешки хоштаплери..
Ми истекува договорот,и сакав да го продолжам...
Ми следуваше бонос од 6500 денари..
Ама бонусот да ти важел само ако продолжам на старата тарифа,значи не можам да мигрирам на нова(подобра тарифа)...
Тогаш ми го намалуваат бонусот за повеќе од 50%,за тие пари не можам ни најобичен телефон да зеам:pos:..
А и да ти го пребијат бонусот во претплата одел на 24 месеци,значи тие 3000 денари ќе ми ги враќаат по 100 и нешто денари месечно...:icon_mrgr:
И како е сега фер,јас како претплатник кој 24 месеци даваше по 550+ денари и некој нов кој склучува договор со ОНЕ ,и му даваат подобра тарифа и подобри услови(телефон било шо)...а мене ми кинат привилегии како постоечки корисник...
Ајде сиктер таму,си се префрлам на при-пејд(колку бројот да го задржам),барем за дупло помала сума од претплатата која ја плаќав на Џа Бест ќе иам неограничени разговори кон сите мрежи,и 8 ГБ интернет месечно,за разлика од старата тарифа(неограничено кон Оне,250 мин кон други мрежи и 512 мб интернет:гик:)......
 
уште еден месец ми истеква договоро на 2 години,можам уште сега да си го обновам? или мора да чекам уште 1 месец?
и дали ќе има некој бонус ако земам телефонче. сметката ми идеше 2 години од 500 - 1000 денари
 
Мислма дека можеш веќе да го продолжиш договорот, на т-мобиле е 6 месеци пред да ти истече а овде не знам. Бонус сигурно ќе имаш некаков
 
уште еден месец ми истеква договоро на 2 години,можам уште сега да си го обновам? или мора да чекам уште 1 месец?
и дали ќе има некој бонус ако земам телефонче. сметката ми идеше 2 години од 500 - 1000 денари
Може три месеци пред истекот на договорот да се обнови. Бонус ќе имаш ама немај големи очекувања.
 
Јас имам слушнато дека бонус има само во случај ако ја продолжиш истата тарифа, ако одиш на друга не следува, а тарифите (или пакетите) од пред 2 години не се баш конкурентни спрема поновите, па сега....
 
Има ли некој од Драчево на Оне задоволен ли е од 3г или јок?
 
Има ли некој од Драчево на Оне задоволен ли е од 3г или јок?
Да Оне имаат генерален проблем со 3Г мрежата на голем број локации низ скопје, а и пошироко низ државата.

Ама дали и на некој друг му се случува да му прекинува на сред разговор и да паѓа повикот. Или да неможе да воспостави повик, или пак да го јавува недостапен и слично
 
МЕНЕ :( Понекогаш морам да завртам 3-4 пати за да се воспостави конекција. Но и мора да се поместиш за да фати
 
Тешко па никогаш. 13-14 год сум на космофон/оне и секогаш ми биле доволни нивните понуди, услуги и подршка.
Инаку проблемот што го споделив со викса е највероватно заради тоа што во таа точка се “тепаат“ повеќе предаватели. Односно, сигналот со иста јачина се заглавува помеѓу два или повеќе предаватели и не знае кој предавател да го превземе. Односно почнуваат да се вртат во круг. Затоа и напомнав дека е потребно да се помести човек. А овој проблем не е од немање мрежа, него баш од спротивното, од имање сигнал па се тепаат кој да биде носечки.
3Г е друга прича
 
Мислам дека последниве неколку дена 3Гто е полошо од кога и да било. Можев дома у соба кај мене да си фатам 3Г а сега само на Еdge стои. Исто и низ улициве во населба
 
Успеал некој на 4Г да се конектира?Можеби спидтестови?
 
Мислам дека последниве неколку дена 3Гто е полошо од кога и да било. Можев дома у соба кај мене да си фатам 3Г а сега само на Еdge стои. Исто и низ улициве во населба

Same here. Пред една недела направив прв договор (неограничени разговори, пораки, и 10 гига интернет) арно ама интернетот 80 % од времето досега ми е Edge и едвај 30 mb имам потрошено. Ако е така цело време си еба мајката.

(заборавив да напоменам дека живеам во Струмица)
 
Последно уредено:

За жал во последно време е така и ќе мора да се соочиш со тоа, моментално и вип имаат подобар интернет од Оне.

Иначе @kooperativa да може да е проблемот поради преголема јачина на сигналот, ама па од друга страна контакт центарот нивни вика дека имаат проблем бидејки менувале опрема.

Испратено преку македонски пошти
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom