Ранокија и Бонучи беа главната причина што тогаш Бари кој дојде од Серија Б, заврши во горниот дел на табелата. Одкако Интер и Јувентус ги земаа овие двајца, Бари никогаш не се вратија повеќе во Серија А.... Инаку интересното е што тој период, Јувентус бил многу блиску до потпис со Ранокија, но вие сте ни го земале пред нос, па затоа нашиве решиле да ја земат "послабата" варијанта, неговиот партнер Бонинаторот
Како што кажав пред некое време, Лука Тони со 45 години, и со една нога да им игра со скинати лигаменти, пак може да им држи лекција на повеќето напаѓачи во Италија. Последнава сезона Тони докажа дека сеуште е класа играч, и многумина го потценија на 33 години сметајќи дека неможе веќе ништо да му даде на фудбалот. Овој им врати на најдобар начин, со 20 постигнати гола во Факинг Верона, и беше подобар стрелец од Тевез, Љоренте, Игуаин, Ди Натале, Паласио, Балотели, Берарди, Каљехон итн да не набројувам. Едино само Имобиле беше пред него со 22 постигнати голови. Фиорентина гадно се заеба што го даде, можеше да им биде екстра џокер од клупа. Крај на дискусијата за Тони, немора веќе ништо да пишуваш за него.