Нема да е лесно, мене нема воопшто да ме чуди Белгија и во гости да ја тепа Данска со 20+. Имаме шанси ама моментално сме 20 разлика зад Белгијците...
Во секој случај ова до некаде ја објаснува одлуката да не се фаулира. Спротивно е на тоа што го кажуваше коментаторот и како што беше порано.
Инаку стварно не ми е јасно што се случува во
квалификациите...
Екипи како Русија, Црна Гора, Германија и сл се со големи проблеми за пласман, а анонимуси како Исланд, Романија,Унгарија, Австрија и Холандија се со реални шанси за пласман. Дефинитивно цела Европа веќе игра кошарка.
И отсуства на најјаките играчи од квалификации скапо ги чинат екипите.