Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Шо е филмот на сите шо сакаат да бидат крип? Од лично искуство, на некој шо цел живот се осеќал таков, it ain't fun. It even sucks. :D

 
Пошо ретардираната ќе дава резултати у септември тек, кој го ебе рагбито, у некоја наредна прилика.
coffee.gif
 
.

Во моментов сакав да избегам од 2014, и да се вратам некаде 2005/6...златното време на твоите почетоци. Кога интернет социјализација подразбираше интелектуализирање на една тема...највеќе од страни на млади луѓе.
:вонзем:

Но wifi генерацијата на паметни телефони со глупи сопственици очигледно веќе го зазема својот замав.
Благодарен сум што сепак живеам во време каде што можам своите мисли, идеји и визии да ги споделам со целиот свет. Верувајте ми, тоа е благослов кој што го земаме здраво за готово скоро секогаш.

Нашиот ум е всушност најважниот универзум што можеме да си го истражуваме и да уживаме во него.

Ако завршам со прикачено линкче на песна од YouTube, знам дека никој нема да ја погледне.
Но за да го дофатам моментот, сепаќ за свој мерак и задоволство на љубителите на убава музика ќе си удрам една безвременска тука...

Драга Кајгана...
 
Драга Кајгана,
Мене искрено не ми е јасно како може деца од 15 и 16 години да се трескаат од земја за легализација на марихуаната.
Сфаќам некој со добри аргументи и факти навистина да има познавање од темата,ама дебили со половина мозок што пробале еден петок и сега се влезени у Боб Марли трип и глумат боеми,е тоа не го сфаќам.
Шо не се трескате за бесплатно членство у библиотека така,ебате кретените... :facepalm:
 
Искрено ги замолувам МВР, наместо да пуштаат полицајци и сообраќајци на кривината пред парк и да застануваат 20 годишни што испиле 2 пива, да се посветат да пуштаат патроли низ улициве, затоа што на 500 метри од парк и во него виреат психопати кои не смеат да бидат пуштени на улица и малтретираат поштен народ кој излегол најфино да се забавува. Наместо да бидат толку посветени на казнување на народот, нека се посветат на заштита на народот, затоа што вечерва се осеќав секако освен заштитено.

Не зборам за луѓе кои се запиле во кафана, па трескаат глупости, зборам за прави психопати.

Никогаш во животов не сум била толку исплашена, не можев да си дојдам на себе.

А бе вечерва некој да ја планирал да биде волку одвратна, немало да му успее.

Да имаше натпревар за најодвратна вечер летово, месецов, годинава, животов, вечерва ќе го освоеше првото место без никаква конкуренција.

Немам коментар.
 
Диар Кеј...пак јас ќе ти тупам малце,невермајнд..

Знаеш она кога си 15-16 години и кога го гледаш некој 20 и си викаш АУУ,голем/стар е овој. Епа пред 4 саати и јас официјално си наполнив. Искрено,со умот сум застанат на 16-17 години. Уште си ги имам глистите,уште се понашаам ко мало дете во одредени ситуации ИАКО ми имаат кажано дека делувам посозреано во последните 2-3 години...20 години,а? По се шо ми се има случено,би си дал минимум 30...некој толку немаат доживеано и за повеќе,ама ако. Колку посериозно звучи таа 2-ката напред,или пак 3-тата деценија од животот,страшна работа...Или пак јас си праам филм? Нема врска,алкохолот го вади најдоброто од мене,ама страшна мрза ме тепа...П.с. за крај,да ставам една слика со која шо се тешам,дека 2-ката напред искрено ми изгледа ПРЕМНОГУ сериозно

tumblr_m9fcniWfoW1qciesyo1_500.jpg
 
Драга,

Смрт ми е кога треба дома да си одам. Не што ќе сум дома, таман работа, ами патот ме нервира. Ау, просто изненадена и вчудоневидена сум од пола цена за студенти, секој четврток и секој трет викенд гратис да се кљацкаш во воз. Фала ви, мамето ваше, ви текна конечно да се фрли некој гратис и за тие под 70. Тенкју идиоти едни.
Друг факт општо што ме нервира више низ овие 4 години мрцвалење нагоре-надолу е фактот што велешани имаат 3968598650978659879687 возови до дома, а упорно некако им одговара тој што оди до мојата дома. Еден зафаќа за 10 души, кои иако нема да стигнат до 5 секунди пред да тргне возот, треба да ги чекаш, а за тебе нема место. Ми е гајле дали рмбале цел ден, дали секој ден по саат се гњават до работа, нивен избор, не мој, али нејќам да стигам бар 40 минути предвреме за да си фатам место секој ебан пат кога ќе ми текне да си одам. Кога скопјаниве нареден пат ќе прокенкаат за тоа дека некој им фаќа работни места, хахаха, you know who to blame.
Многу мрчат за една кофа вода за ова предизвикот како и да се викаше. Мене па ме нервира тоа што мочкото Роналдо зема толкава плата. Ме нервира и што некоја си Лима зима енормни пари за да биде исушена. Да не спомнувам фаци кои радо би ги збришала од земјава, пример подуената од секој аспект, Кардашијан. За што па таа зима толкави пари? Шоубизнисот, модата, ми се повраќа од парите кои се вртат таму, а реално, никој скоро не прави ништо асално.
 
Draga Kajgana Chan

Napraev Ice Bucket Challenge i se cuvstvuvam gordo :cool: i te predizvikuvam!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom