Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Зејтинот здрав...? јас избегавам јајца на око или кајгана,мада имаме тафлонски тавчиња и мајка ми ме убедува дека ронче се ставало,пошто не се лепеле на такво тафче,од топшоп ни се,ама...

колку е таа кокосова маст ?
Брат убаво ти вика мајкати, и јас имам исти такви тавчиња и скоро секој ден јадам кајгана или јајце на око. И во голема тава каде што се праат 3+ јајца доволно е само 1 точка зејтин да распространиш и немаш никаков проблем. Не се лепат уопште.
 
И зејтинот е здрав, а кокосовата маст е значително поскапа. Од здравствен аспект кокосовата има бенефити но на тебе е да си одлучиш дали ти се исплати

Зејтинот здрав...? јас избегавам јајца на око или кајгана,мада имаме тафлонски тавчиња и мајка ми ме убедува дека ронче се ставало,пошто не се лепеле на такво тафче,од топшоп ни се,ама...

колку е таа кокосова маст ?

не е многу скапа јас што ја купувам во австрија е 250 грама 1.20 евра или 75 денари, само незнам у мк каде има и колку е
 
Каде можам да купам бразилски ореви? Дали има во поголемите маркети како Веро и сл?
 
После колку време по тренингот јадете оброк? Веднаш или не? Имам читано дека доколку се јаде веднаш по тренинг, се зголемува инсулинот, а се намалува HGH, па затоа најдобро би било еден час по тренинг. Според вас како е најдобро?
 
Зависи кога си јаден пред тренинг.
Многу му ја мислите на помалку битни работи.
15-20 минути, како што пишал овој над мене, се мн малце за мене пошто ко што сум уморен ништо освен вода не ми се става у уста. Јадам 2 саата пред тренинг и колку саат после.
 
Пример 5 дена низок внес на јаглехидрати и после полнење со јаглехидрати.
Има адаптација и се забавува метаболизмот затоа што без јаглехидрати нема да функционира тироидната жлезда оптимално.
Сепак многу е тешко без јаглехидрати да се вежба.
А и искрено нема нешто подобро од средена и балансирана исхрана во дефицит.
Стефа, правиме моабет за КЕТО диета. За да дојдеш до таа фаза, ЈХ се непотребни.
Секаде каде имаш било каков внес на ЈХ во денот, е ниско јаглено хидтратна диета.
 
Освен конзервирана туна и сардини, каква друга риба да почнам да јадам, а и месо освен пилешко што друго?
 
После колку време по тренингот јадете оброк? Веднаш или не? Имам читано дека доколку се јаде веднаш по тренинг, се зголемува инсулинот, а се намалува HGH, па затоа најдобро би било еден час по тренинг. Според вас како е најдобро?
После СЕКОЈ оброк расте инсулин а се намалува "HGH" како што го викаш ти. Хормоните се антагонисти.
 
После СЕКОЈ оброк расте инсулин а се намалува "HGH" како што го викаш ти. Хормоните се антагонисти.
Го знам тоа, но едни кажуваат веднаш по тренинг, други викаат 30 мин по тренинг, трети еден саат по тренинг, па затоа и прашав, нејасно ми беше.
 
Дечки каде да најдам декстроза, по можност по пошта да испорачуваат?
Гладијатори ја затвориле продавницата не носат веќе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom