Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Јас со 6 серии склекови, 6 серии стомачни, симнувам 500. Со извозени 6км со точак исто 500.
Ти мора да имаш некој дефект :D Премалку кинеш за тоа вежбање :)
Чекај, што?
Со 6 серии склекови и 6 серии стомачни трошиш 500 калории?
Дада :icon_lol:
Ако праиш по 40 во серија.

И со точакот толку трошиш ако возиш 40кмч по угорница :icon_lol:
 
Е ај сеа,кој е у право ? :D за склековиве и мене ме чуди и стомачниве...ама за точаков,стварно не знам...за трчањево ми беше ептен чудно,па сеа сум у план да купам точак.

Што е најдобро и со што најмногу се троши калории ? тренирам и боречка вештина,дефинитивно со тоа би рекол дека е најмногу,ама сега е пауза...
 
Чекај, што?
Со 6 серии склекови и 6 серии стомачни трошиш 500 калории?
Дада :icon_lol:
Ако праиш по 40 во серија.

И со точакот толку трошиш ако возиш 40кмч по угорница :icon_lol:
Кога директно почнувам со склекови, без загревање, обично втората или третата серија вадам максимум 50 склека, кога како ќе се осетам, а другите серии по 40 во серија. А кога сум загреан првата 50, останатите по 40 и секогаш правам плус 1-2 а не ги бројам, така се напредува.
Стомачни, 50 во серија, последната терам до максимум, до кај 60.
Е ај сеа,кој е у право ? :D за склековиве и мене ме чуди и стомачниве...ама за точаков,стварно не знам...за трчањево ми беше ептен чудно,па сеа сум у план да купам точак.

Што е најдобро и со што најмногу се троши калории ? тренирам и боречка вештина,дефинитивно со тоа би рекол дека е најмногу,ама сега е пауза...
Според мене, вештините многу те цедат, ама трчање наиизменично, темпо 20 посто некаде, па шпринт 70-80 посто по 50 метра и бе немал проблем.
Ја на кеј, порано праев сега не можам, од Палас до Жабарот споро темпо, па на враќање од една до друга канта шпринт па споро тепмо и така го израмнив мевот :)
 
Дали креатин е штетен , дали се исплати да се земе и за што служи?
 
Дали креатин е штетен , дали се исплати да се земе и за што служи?

Најпросто кажано, служи за да се зголеми енергијата при интензивни тренинзи.
Не е штетен, односно нема никакви несакани последици од негова конзумација.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 001
Дали кето диетата, со околу 50 до 70 грама јаглехидрати, троши повеќе телесни масти, отколку нормална и избалансирана диета? Во случај на ист калориски дефицит, дали е согорено еднакво количество масти или кето диетата е посупериорна?
 
Многу фактори треба да се земат во предвид пред да имаш груба слика за што повеќе а што помалку делува кога е во прашање топењето на масни наслаги.

Хормоните, годините, полот, стаж во вежбањето, досегашниот начин на живеење и ред други работи одредуваат за тоа колку брзо/споро една индивидуа успешно ќе топи масти со кето или друг вид на диета.

Најполезно е сам да пробаш, и со малку експериментирање со тек на време ќе заклучиш самиот што делува а што не кај тебе.

Сепак основата треба да остане иста - тежински тренинг, кардио по потреба, правилна исхрана и континуитет.
 
Каква е таа кето диета,може да објасни некој ?
 
Дали кето диетата, со околу 50 до 70 грама јаглехидрати, троши повеќе телесни масти, отколку нормална и избалансирана диета? Во случај на ист калориски дефицит, дали е согорено еднакво количество масти или кето диетата е посупериорна?
Кето диетата ќе е посупериорна.
 
Oд витамини и минерали,при вежбање кои додатоци ги препорачувате?
 
Сеа Стеф ќе ти каже дека парите е подобро у храна да ги дадеш
Луд човек, мисли така лесно е да буташ храна. Него да ве питам, дали е здраво да земам таблети од пивски квасец во период кога консумирам гејнер?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom