NBA драфт, трансфери, шпекулации

  • Креатор на темата Креатор на темата маркетар
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Пол Џорџ според мене по повредава ептен мали шанси ќе има и на плејофот да игра,ако стигнат Индијана се разбира.Гадно за гледање и жално.Уште пожално ќе беше ова на Роуз да му се случеше...
 
Пол Џорџ според мене по повредава ептен мали шанси ќе има и на плејофот да игра,ако стигнат Индијана се разбира.Гадно за гледање и жално.Уште пожално ќе беше ова на Роуз да му се случеше...

Каков плејоф, аут е цела сезона сигурно. Треба да се луди да ризикуваат.
 
Страшно :place::place::place:
Со нетрпение ги очекував дуелите помеѓу Индијана, Кливленд и Чикаго на истокот, а вака ќе има еден конкурент помалку. Жалосно е една атлета ко Пол Џорџ да доживее ваква повреда, навистина не знам како ќе му се одвива кариерата после ваква хорор повреда. :(
 
уживајте годинава дур можите

Adrian Wojnarowski @WojYahooNBA · 34m
Owners and GMs united tonight: Paul George injury could be tipping point for use of stars in international play. "Game-changer," GM told me.
 
Tibula-fibula .....dvete koski,strashno.Mn teska povreda,kako na Livingston spomnaa pogore.Za da se vrati vo forma dve-tri sszoni sigurno.
 
Читав коментари како поблиску да била основата на кошот во споредба со НБА терените но ни беше страв да го погледнам видеото.
 
Читав коментари како поблиску да била основата на кошот во споредба со НБА терените но ни беше страв да го погледнам видеото.
Гадно е видеото, ама не се гледа отворен прелом, заради високите чорапи.
Можно е да е нешто поблиску, вака од голо око не можам да кажам. Ама како рипна, директно со ногата отиде на основата...
 
Tibula-fibula .....dvete koski,strashno.Mn teska povreda,kako na Livingston spomnaa pogore.Za da se vrati vo forma dve-tri sszoni sigurno.

Вие Арсеналовци ги знајте Латинските називи за повредиве. :D
 
Aууу каква повреда. Основата на кошот беше преблиску, таму нека ја бараат причината, и одговорноста кај тој што ги пратил вакви атлети да вежбаат во таква субстандардна сала. Пол дефинитвно треба да ги тужи.

И ајде нека се опорави и нека се врати назад, во НБА фалат добри момци како него.
 
Не е воопшто слична повредата со онаа на Ливингстон. Ливингстон ги скина сите можни лигаменти значи медиален, латерален, двата во средината ACL и PCL, медиален и латерален менискус, изместување на капачката на коленото и мислам скршена коска. Тотално две различни повреди, на Ливингстон му беше поопасна бидејќи жилите и 'рскавецот на коленото многу побавно зараснуваат и можат да имат проблеми со стабилност натаму на коленото и странично движење.
Џорџ слично како Веар од Луивил, си ги скрши двете коски на подколеното, тибиата и фибулата. Има и разни артерии таму па и таа е исто заебана повреда. Враќањето од таква повреда не е од физички аспект туку повеќе од психички. Значи богами страв во коски. PG е силен, се надевам дека ќе издржи и дека ќе се врати подобар. Премногу талент има посветеност за да го бутне оваа повреда. Ако не се подобрат некои играчи од Индиана, нема шанси плејоф да играт со и така анемичната офанзива што ја играа со Ленс и Џорџ лани. Значи ако не се подобри Хиберт или пак некои крило како Коупленд тешко за 8мо место.
Иначе точно е тоа дека основата била преблиску до кошот, според некои репортери дури 30 цм поблиску. Голема грешка на дечки одговорни за таа работа. Може оваа повреда да смени многу работи, како за ПГ и Индиана така и за сите "sвезди" кои 2 пати ќе размислат дали ќе бидат дел од тимот на репрезентацијата.

Повеќе за повредата, рехаб, и враќање имате овде
http://www.reddit.com/r/nba/comments/2celab/xpost_doc_here_talked_to_my_colleagues_and_did/
Наводно е анализа од стучни лица од таа област.
 
Последно уредено:
Абе види, повредите се составен дел од спортот. Не знам зошто оваа повреда би им го сменилa мислењето на одреден дел од играчите што играат за репрезентацијата. Можеш да си најјак на светот а да се повредиш дома кога менуваш сијалица, кога проаѓаш покрај ниска масичка и слично. Така и оваа повреда, јебига, лошо слета Џорџ и тоа беше тоа, отиде јабана ногата.
 
Да, у право си, ама реално гледано у последно време се повеќе се повлекуваат играчите од интернационални должности токму поради превенција од повреда и повеќе сакаат да се посветат на клуската кариера и успеси.
Иначе ова е од твит од Вој,
https://twitter.com/WojYahooNBA/status/495436105752526849
 
Абе види, повредите се составен дел од спортот. Не знам зошто оваа повреда би им го сменилa мислењето на одреден дел од играчите што играат за репрезентацијата. Можеш да си најјак на светот а да се повредиш дома кога менуваш сијалица, кога проаѓаш покрај ниска масичка и слично. Така и оваа повреда, јебига, лошо слета Џорџ и тоа беше тоа, отиде јабана ногата.

Морам и јас да се согласам со ова. Мора да се прекине со размислувањето дека екипите се целосни газди на играчите. Во секој случај главната промена која мора да настане претходно е соодветно да бидат компензирани играчите и кога играат за репрезентација (макар и во вид на сериозни наградни фондови какви што ги има во фудбалот). Ако финансиски нема смисла за играчите тешко ќе ги убедиш да ризикуваат.
 
Па реално се е поврзано со финансиите. Не знам како е правилото во НБА, т.е. како им стои во договорите сега, али знам дека Туркоглу, пред 7-8 години кога играше за Турција отиде на свој ризик, ако се повредеше немаше да добива плата за периодот додека е повреден. Ова по мене ако е и сега така мора да се смени, не може никој да му го одземе правото на играчот да ги брани боите на својата земја, ипак да играш за својата земја е голема чест.

Сега јебеш га, повреди имало и ќе има, ама според мене многу педерски е клубовите да ги условуваат играчите со неиграње за репрезентацијата заради ризик од повреда. Па од кај знаат, може на првата утакмица за клубот ќе скрши нога и што ќе прават тогаш?
 
Не е само тоа. Според мене треба да добиваат сериозни награди и за настапите за репрезентација. Не може да се очекува дека сите ќе ризикуваат многу само заради љубов кон татковината. Ако државата смета дека е тоа добра промоција (а реално подобра и не постои) треба и да плати. Не е проблемот во тоа дали ќе им ја плаќаат платата. Проблемот е што може да им се забави или дури и запре развојот на кариерата така. Една повреда еве Џорџ најмалку ќе го чини една година надвор од терените, а тоа го лимитира максимумот кој може да го постигне во иднина. Не е поврзано со платата која ќе ја зема.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom