- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.424
- Поени од реакции
- 9.319
Моментално се грееме на панели, три панели (две 17ки и една 19ка, ако добро се сеќавам).Во тоа време беше доста популарен стиропорот како изолација во зградите (се ставаше внатре во сендвич, арно ама кога после 20-30 години некои од зградите ги рушеле - стиропорот внатре го немаше!! се испостави дека веројатно во допир со малтер или некоја друга градежна состојка... стиропорот едноставно се топел - исчезнувал така да пример зграда која беше изолирана пред 30 години - сега е без изолација. Најубо е да се распрашаш во тие згади некој искрено да ти каже или уште подобро покаже сметка за струја од пред 2-3 години кога зимата беше доста ладна (или од лани сметка па спореди со својата) иако и то не е најверен показател - некој сака да му е дома топло некој не, јас лично ми е најпријатно околу 18 - 19 степени дома, жената се треси и на 24. Провери дали дограмата е добра и дали дихтова, ако се стари прозори од времето на СФРЈ, дрвени веројатно се доста пропаднати, не дихтоваат, исто така и вратите.
Не знам на каква струја се топлиш дали со панели или ТА печки или мермерни радијатори.. јас сум со ТА печки, то е гломазно и не баш најпријатно греење, а кујна трепезарија и салон ми се со дрва (во кујна шпоре на дрва) то е пријатна топлина али пак си бара ложење палење, пепел фрлање.. што е непрактично за стан, иако имам приатели кои стан грејат на дрва али тој е на приземје и према негови зборови, нормална зима му е до кај 6 кубика (само камин не и парно и отворени врати. Имам комшија кој има ставено вво куќа мермерни панели и задоволен е вели економично и топло е..... јас планирам (да се пребројам првво ) да ставам парно на дрва и така готвам на дрва (цепење, ложење, палење, пепели..) па барем цел спрат да го грејам, а и поефтино ќе ми дојде да земам уште 6 кубици дрва (15.000 денари) од колку да плаќам по 6-8 иљади месецо да грејам тие простории на струја.
Во руските згради како што знам нема никаква изолација ставено при изградбата. Станарите потоа ставале стиропор и дограма. Ако веќе се отселуваме, а прозорците се првичните дрвени, сигурно ќе се менува целата дограма.
Тука кај што сум моментално, можам со сигурност да потвдам дека дограмата прави најголема разлика. Многу голема разлика се почувствува сега со новите прозорци, старите дрвени прозорци не дихтуваа (дуваше насекаде), и многу брзо се губеше топлината во зима.


Инаку ептен јак херој од многуте на Марвел. Лично, мој омилен. Читнете нешто повеќе на вики или подобро читнете некој негов стрип.