Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.280
Ќе ти даев лајк али ќе се уобразеше многу!Не ми беше идејата на постот да се инаетам.
И Гевгелија, Скопје, Битола и Берово не се во Норвешка или на друг континент.
Со исклучок на оваа зима која беше една од поблагите , просечната температура во јануари помеѓу Битола и Скопје редовно е поголема од 15 степени и тоа во минус.
Така да мислам дека се прави голема грешка кога се фаворизира нешто а притоа не се гледаат локалните климатски услови. Нешто што функционира беспрекорно во Гевгелија на пример сигурурно нема да ги покаже истите перформанси во Битола па се работело за дрва, клима, струја или било што. Некој ако може да помини со обична клима во потопли краеви, тука нема да го помини ни ноември, за јануари, февруари и да не правиме муабет. И што, ке му сугерирате да купи клима( иако немам ништо против климите како грејни тела) од толку и толку пари само да ја користи во некој преоден период од некој месец , за да потоа или нема воопшто да работи или потрошувачката би била многу поголема па не би се исплаќало воопшто да се грее на неа. Нормално неинформиран купувач одма ке се залета по такво спасоносно решение и веќе истата сезона да сфати колку се заебал само затоа што тој што ја препорачал климата заборавил да спомене дека тој уставри зборувал за Гевгелија или Скопје каде нормалните зимски температури се повисоки во просек за 20 степени од Битола. Да не ја заборавиме и маглата која тука знае да легни и со месеци а сите видовме како се жалевте од перформансите на вашите скапи клими кога работеа( или поточно не работеа) во такови услови.
Затоа веќе кога давате совети за каква клима да се купи најдобронамерно ве советувам да ја земите во предвид и локацијата на тој што прашува, за да не го земите на душа не за друго пошто не исто дали се работи за Скопје, Битола или Струмица или Гевгелија. А и тој што прашува исто така да го земи тоа во обзир за да не испадни после дека цацко му е крив дека климата не му грее онака како што му кажале дека ке грее.
само да се надоврзам, јас работев околу 6 години во Охрид, некои 70 километри од битола, во то време масовно во Охрид ставаа луѓето парно на струја (нешто шо беше незамисливо во Битола) еднаш во охрид адна една вечер температурата околу -10. Па со денови не престанаа да са кажува за тоа на работа, кој како издржал, на кој му испукале цевки, кој фатил пневмонија..... и им велам, Добро да ве стегне едно недела дена секој ден околу -20 како Битола, шо ќе правите... ми вели еден Ништо ќе пратат камиони да не товарат смрзнати и насмеани во смртта.....
Интересно беше кога патував еден период секој ден на работа Охрид Битола, ќе тргнев од тука со џемпер, дебело поставено кожно нараквици шал и капа и бев атракција ко ќе стигнев во Охрид, колегите со лесно винтјаџе, ме гледаат и прашват “А бе од кај идиш ти?!“