Денеска завршив со двете најголеми дела на еден од нај-големите писатели во историјата на литературата - господин господин Ерик Артур Блер или подобро познат како Џорџ Орвел.
1.1984
Една од топ 3 книги што ги имам во животов прочитано. Особено ја красат убаво концептираните реченици и длабоките размислувања на писателот. Ќе биде интересна на секој што го интересира политика, економија, државно уредување, демографија, уметност на војување, уметност на владеење, конторла на медиуми и секако што е човечкиот живот па и еден прекрасен роман ако во него не е опишана една прекрасна тајна љубовна приказна.
Нема да ја должам многу работата, само ќе објавам еден цитат, за оние што ќе ги интересира, им давам до знаење ека целиот роман изобилува со вакви мисли:
"Проблемот беше, како тркалото на индустријата да продолжи да се врти, а притоа да не се зголемува вистинското богатство во светот. Стоките мора да се произведуваат но немора да се дистрибуираат. И во практиката единствен начин да се постигне тоа беше постојаното војување.
Суштински чин на војната е уништувањето, не само на човечките животитуку и на производите од човечкиот труд. Војната е начин да се разнесат на милион парчиња, да се истурат во стратосферата, или да се птопат во длабочините на морињата, материјали кои поинаку би можеле да бидат употребени за да им овозможат на масите премногу конфорт и, оттука, на долга патека, да ги направат премногу интелигентни""
2.Животинска фарма
Животинска фарма, првиот повоен роман во британија. Делумно полесен и поедноставен стил отколку 1984. Овде е иссмеан комунистичкиот систем кој владее во комунистичка русија, прикажан во форма на бајка, каде свињите ги претставуваат комунистите, а лидерот на свињите Наполеон го претставува Сталин, и сето тоа преку еден логичен редослед на настани со кои е опишан развојот на руското општество уште од времето на ленин и портерувањето на Лав Троцки се до втората светска војна т.е. Техеранската конференција и сето тоа опишано во едно микро општество, во една фарма каде животните се еднакви, но свињите го имаат последниот збор.