Мене не ми е тоа ни поентата. Не сфаќам зашто мора секад од тој агол да се гледа на изведувачот, мотивите за правењето на песната,кој му платил, што му текнало ова да праи. Мислам океј е да се дискутира за ова, ама во втор план. Кога се работи за музика, првин би требало да се дискутира дали е добра песната, или генерално дали ви се свиѓа музиката што ја прави. Мене ми се свиѓаат некои песни од Тајзи. Оваа не ми се свиѓа како песна. Не ми го фати меракот, али тоа нема никаква врска со тоа зашто е направена, туку едноставно не ми се допаѓа. Не е дека не треба да се дискутира за the ulterior motives, туку тоа треба да биде нешто секундарно. Разгледајте ја темава и ќе видите дека само заради една песна, цела тема е испишана за тоа како Тајзи е манипулирана фигуринка претставена да влијае врз народот. Ретко кој ги има ислушано другите негови песни.
Кога ќе размислите, ретки се тие што уствари и дадоа мнение за песната како музичка композиција, тоа е тоа што не ми се свиѓа. Let's get that out of the way, и после може да дискутираме за ова, кај што патем и дури ќе се сложам со вас, верувале или не. Не го бранам, и мене ми е јасно зашто е направена песнава, мислам... очигледно е, али иако е очигледно и за некои ете, скандалозно, I would do the same anytime ако бев како него. Бар успеал у државава ни бедничка. Па сеа ние имаме три опции: да го голтаме тоа што го продава, да кењаме против тоа, или најдобрата опција (според мене), а тоа е да не се замараме со тоа како и зашто е направена песната, па да ја гледаме како композиција и како и за се друго да си даваме мислење дали чини или не чини.