Тајзи/Tyzee

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Ко е глупо.....
па ако му дава лажна надеж а што очекуваш од тинејџерка најнормално ќе се напали си вели која среќа со пеач а јадната не знае што ја чека колку што разбрав тој си имал девојка и долга врска од 3-4 години а си се гледа и со малечки
 
Зар е можно како не се срами да лаже мали девојчиња од 18 свашта точно дека го свиѓам али од друга страна па ало тој има 27 чупево на фејс е многу затрескано по него
>Мало
>18 години

Бирај едно.
 
па ако му дава лажна надеж а што очекуваш од тинејџерка најнормално ќе се напали си вели која среќа со пеач а јадната не знае што ја чека колку што разбрав тој си имал девојка и долга врска од 3-4 години а си се гледа и со малечки
Ти да не си женска му на Тајзи? Таа шо одат 3-4 години и сакаш да научиш од форумов дали се гледа со малечка :D.
 
хах камо среќа да бев јас ќе си кажев одма
 
хах камо среќа да бев јас ќе си кажев одма

Сега да заклучиме дека сакаш да си на местото на чупето малечкото? Бидејќи постојано одоколу го хејтоваш, а сеа одма сакам дечко да ми е. Не ода така работите (n)
 
Сега да заклучиме дека сакаш да си на местото на чупето малечкото? Бидејќи постојано одоколу го хејтоваш, а сеа одма сакам дечко да ми е. Не ода така работите (n)
јас кажав што ме интересира за него и не го хејтувам но ако има врска подобро да кажи да не се затрескуваме напразно
 
јас кажав што ме интересира за него и не го хејтувам но ако има врска подобро да кажи да не се затрескуваме напразно
Tи уствари мислиш за дечко да си го фатуваш така?

Чув дека медени срца сакал многу со црвено вино. Прати му по пошта со име, презиме, број телефонски и фејсбук профил ;)
 
аа до толку многу не си имам јас некој контакт со него али не е нешто спешл па турвиор ај ако сакаш во инбокс да ми пишеш нешто за него
 
јас кажав што ме интересира за него и не го хејтувам но ако има врска подобро да кажи да не се затрескуваме напразно

А зашто да кажува јавно нешто што е приватна работа? Ако си толку затрескана у него, кажи му и прашај го лично дали има женска, а не да прашуваш на форум. Од кај да знаеме ние тука? У гравче гледаме?
 
Оваа "дома си е дома" колку добра работа им заврши. Изгледа уште кога ја пуштија онаа "Империја" и видоа како се попали интелектуална омладина, си зацртаа мисија секогаш кога ќе планираат некоја глупост како покачување струја, поскапување патарини, менување УСТАВ, земање кредити од 500 000 евра, насилно превземање на легално избран совет преку апсење и малтретирање на едно сирото утепано советниче комуњарче, зголемување старосна граница за одење во пензија... да лансираат по нешто вакво, се разбира, ако не решат муџахедините дополнително да им помогнат со по некој протест. Со 3000 евра имаат гомно способно да привлече огромен дел од непријателски настроените муви и да им даде малку повеќе слобода во поткаструвањето. Се ова што набројав горе не успеа според реакцијата да му натежне на Тајзи и неговава pesmicka. Прегоре фејсбук со плукање по Тајзи, прегоре твитер, се разви дебата на форум. Се јави и Рики да каже колку е он посебен. Партали летаа и негде попат, ни го сменија уставниот поредок и ни го поскапеа животот.

Алал да им е. Вака се владее со проста, бедна, завидлива и малициозна раја.

Да се дообјаснам само, не "плукам од поткровје" со напишаново, затоа што, очигледно, и мој пост има на темава. А има оти вчера ги читав оние наводни pros & cons на предлогов баби и дедовци до 67/65 години да работат. После отворив кајгана и одма дојдов на темава да какам малку по "дома си е дома". Да ми олесни де. Ем Тајзи не е тука да ми пише дека тој е мојот најмал, ако воопшто, проблем и не треба да трошам прсти на него, ем малку ќе избијам негативна енергија врз гомново заедно со моите многу истомисленици. Па ќе си лајкаме. Па некој ќе спука некое гиф-че, па ќе се насмееме, па може пивце ќе падне и ќе плукаме по Тајзи заедно во меанче. Па ќе му пишам на Рики дека има хелиум во главата, со шо дополнително ќе си избијам фрустрација, па Рики ќе ме тагне у Драга Кајгана и ќе ме нарече клошар.
Почнав да пишувам пост во стил "еј која бизонска повраќаница е овој Тајзи, човече, аууу", па прекинав за кратко, фатив да му преслушам од pesmickite, за да го опфатам целосно хејтот. Налетав на оваа:


и на следниов коментар:

Arhinsha Mkd

4 months ago
go iznadrkav na marijana xD

Оваа амеба од коментаров го прави истото што и ние го правиме. Цицките на Маријана ја будат животињата во него, он мора да се излесни, согласно на тоа "го изнадркува", го споделува фактот дека "го изнадркал" со цел јутјуб и си легнува да спие мирен. Нас ни дадоа поинакви цицки, за поинаку да "го изнадркаме", да си олесниме и да си легнеме да спиеме мирни, спокојни, релативизирани и тотално наебани.
cleardot.gif
 
^ Фала до членовите за лајковите на (анти)коментаров за мене.
 
Зар е можно како не се срами да лаже мали девојчиња од 18 свашта точно дека го свиѓам али од друга страна па ало тој има 27 чупево на фејс е многу затрескано по него

А ти чупе, колку години си...?

Он Топик: @RickyLFC9 , навистина е срамно песната на Тајзи да ја споредуваш со онаа на Јонче Христоски или пак Земјо Македонска... Незнам колку музичко непознавање треба да имаш за да ги споредиш овие две легендарни Македонски песни кои датираат уште од времето кога Тито бил у пелени. Го почитував твојот избор на музика, иако мене не ми се свиѓаше, ама не ти реплицирав долго време... ама за ова што си ги ставил песните си пукаше у колено.Уште не ми е јасно кај ја најде разликата кај Јонче и Тајзи? Едниот беше прав патриот во душа, секоја песна со мерак ја пееше, верувај таков човек со таков глас и емоција кон сопствената песна нема да се роди во брзо време. Или пак Земјо Македонска која е препевана од 1000 Македонски автори...

Како можеш ова да го споредуваш со Тајзи...?

За другите песни што си ги постирал не ни сакам да коментирам. Ристо Самарџиев си го ставил бре...:facepalm: неговата песна е чисто навивачка
Има голема разлика меѓу Тајзи и овие автори што си ги постирал... на едниов некој одозгора му има наредено да се избламира вака, додека другиве чисто се сомневам дека некој им има кажано што да пеат...

Оваа песна на Тајзи ја ставам во ист кош со онаа на Есма и Влатко Лозановски за Евровизија... ништо повеќе од платена пропаганда од владата, песни испеени без емоции, песни правени колку да соберат некои си поголем број гледачи на Јутуб.

И да онака чисто, Тајзи од никогаш не сум го сакал, никаков глас, никакви песни, едноставно катастрофа од "естраден уметник". Жално е на кое дереџе е дојдена Македонската музика... (n)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom