Твое право е да не ти се допаѓа. Но факт е дека музиката не е поезија иако може да биде (ЕКВ, ДОРС и други). Но на прво место музиката служи за опуштање и добро расположение. А музиката на Тајзи според мене е токму таква. Нарачуваш коктел, легни на тераса или на плажа опушти се и уживај. Текстовите се од таа причина лесни но воглавном имат некоја порака која е многу секојдневна и секој може да ја разбере. Дали му се допаѓа или не тоа е индивидуално. Да заклучам има еден куп песни кои ги слушаме а вооптш немат текстови, имат банални текстови или пак текстови кои не ги разбираме па сепак ги слушаме.