Или само бараш изговор да го мразиш. Мене и тоа како ми се допаѓа потегот. Правилен потег во секоја смисла.
Колку само во никаква смисла не е правилен потегов.
Тоа што си отиде пред 4 години од Кливленд беше непопуларен потег, но беше разбирлив, отиде кај што ќе има услови за прстен. Имаше опрадвување за тој потег тогаш.
Избега од неспособна управа, во екипа со одлични услови, во 4 години изигра 4 финалиња, освои 2 прстени. Сега што?
Ова писмово, патетики живи, од секогаш сакал во родниот град, жими куров сакал он. Да кажеше идам пошто сум пичка, поише ќе го почитуваа луѓево.
Знаеш лесно е да одржиш ветување што никогаш не си го дал. Да беше маж, ќе изјавеше пред почетоков на сезонава, ко слободен агент се враќам дома, а не од кога им ја дупнаа главата, и стана јасно дека со Мајами не освојува уште некоја титула. Он чекаше да види како ќе се обвиваат работите, за да донесе одлука.
Леброн од секогаш сакал да ја заврши кариерата во родниот крај, само никогаш не го кажа тоа јавно

, и кога Кливленд стигна до скоро аселен состав, пред се млад и многу потенцијален за во иднина, тој реши да се врати.
Единствена правилна одлука што можеше да ја донесе е да остане во Хит. Мушки да се помири дека нема да освои следнава сезона (а и којзнае дали немаше?) и да си изградеше имиџ на карактерна личност, која созреа низ годините.
Сум бил секогаш против Леброн, за да ми е интересно да контрирам со другари, но после првиот прстен не ми остана ништо да му оспорувам.
Сега веќе не е вреден да се расправаш со некого за него, никаков карактер на голем спортист, му остана само играчкиот квалитет, кој нема да го стави рамо до рамо со "големците" ради неговите погрешни одлуки.
пс. Нејќам да ја уништувам темава и да терам дискусија во овој правец, само за последен пат му посветувам пост на Кралот со Многу Кралства