karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
- Член од
- 31 мај 2006
- Мислења
- 3.595
- Поени од реакции
- 2.720
Значи генерално нашите балкански политичари се невидени тутурутки.. Абе еден барем да имаше муда да направи нешто повеќе. Овие се сите ко од калап праени.
Ова е и дефакто признавање на независноста на Косово од страна на српското раководство. За да биде иронијата поголема Даќиќ е роден во Призрен.
Сега немаат право да се лутат на никого од соседите што го признале Косово. Така ќе биде и со нас ако прифатиме било каква промена на името.
Срби, ако не излезете да гласате, градоначалникот ќе ви биде Албанец!
Апел до Србите да излезат и да гласаат на повторните избори на 17 ноември, упати премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, истакнувајќи дека станува збор за опстанок. Србите сега се во предност, бидејќи знаат колку од нив треба да излезат на избори за градоначалничкото место на Косовска Митровица да не го заземе Албанец, порача Дачиќ. "Како ќе направите така и ќе биде. Немојте утре да кажете дека ние во Белград сме криви", изјави Дачиќ, и додал дека со секо кој нема да излезе на гласање, се ризикува да се изгуби се. Тој, како што пишуваат српските медиуми, поставил прашање дали некој мисли дека Србија ќе ја загрози својата иднина поради 10 000 луѓе? Српскиот премиер, прашал и кој ќе ги брани ако не Србија и дали тоа би биле ДСС, Двери, Образ, или навивачките групи.
Дачиќ напоменал дека пред ова, Србија на Косово немала ништо освен принципиелен став дека Косово е Србија и дека власта на северно Косово била легитимна од гледна точка на Белград, но не и на меѓународната заедница. Тој уште еднаш укажал на ставот дека Србија треба да влезе во ЕУ пред Албанија.
"Ако Србите не излезат на избори, градоначалник ќе им биде Албанец. Нека им е со среќа", изјави премиерот на Србија и додаде дека Србија е на удар затоа што им помага, но и дека не станува збор за статусот, туку за опстанокот.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A7D4FF4A76BAA840BBD9AD2D18A8B800