Ми се случуваат натприродни работи...
Пред година дена, од оправдани причини, ми требаше тишина и ред во куќата кај што живеам со родителите, но тие продолжуваа со расправиите за кој да гледа телевизор, кој да седи на компјутер. Само за да биде се мирно, им купив 2 телевизори и 2 лаптопи, но потоа некоја натприродна сила ги тераше да сакаат да гледаат на 2та одеднаш.
Пред 10тина месеци дадов голем заем на родителите, кои тврдеа дека ќе ми ги вратат парите, ама некоја натприродна сила, кога им ги побарав назад парите, еден од родителите ми рече ја сум те правел, шо се сеќираш, тие пари мене ме следат.
Пред 8 месеци, родителите ми побараа услуга, за која им дадов еден услов, кои тие го прифатија. Откако ја направив услугата, тие ПРЕТЕРАНО го прекршија тој услов и направија да биде уште полошо.
Пред 6 месеци дадов на заем на родителите повеќе пари, од кои 400 евра беа ставени во дневната (на регал) врз телевизорот и таму исчезнаа, а никој не влагаше во куќата освен членовите од моето семејство. Никогаш не ги најдовме, а не се ни замарав, бидејќи имам доверба во сите од семејството, па ваљда некоја натприродна сила ги зела парите.
Пред некоја недела дојдов пак до пари и како и увек членовите од моето семејство ми побараа пари, па од жал, дадов некој денар како за основни трошоци, бидејќи не можам нив да ги одбијам, но да им дадам повеќе одбив.
Вечерва од парите на моето семејство, кои што стоеле тргнати на страна, однема 5000, и требаше нешто да се плати и ја си дадов 5000 денари кога дигнаа паника дека ги снемало парите. Е сега знам дека освен другите 3 членови на семејството никој друг не влезе во таа соба и додека едниот родител е целиот потресен, другиот родител му зева, а кога реков да го претресам, ми се смешкаше, онака подмолно смешкање.
Имав пари во фиока, околу 12,000 ден, и извадив 4000 денари, еден родител одма приметил дека сум земал (од моите пари) и ме праша кај се другите. Дали е натприродна појавата тие да знаат јас колку пари чувам во фиока?
А сабајле додека спиев, некои, ваљда духови 5 пати ми ја отворија вратата, за да видат што правам и ич не се одморив. Овакви натприродни појави се дешаваат секој втор ден, а од оние поголемите кога снемува пари со богородица на нив 4-5 пати годишно.
Најмладиот член во семејстовото, со секоја почит и без лоши мисли, најверојатно под дејство на некоја натприродна сила, кога ќе направи нешто лошо, ако малце го повишам тонот, се јавуе на телефон и кажуе сум го тепал и што више не сум праел, а ако пробам учтиво, со смешка, да укажам на грешката, почнува да плаче зашто сум се смеел.
Бидејќи веќе не ми се трпат вакви натприродни појави, дали е време да си ги зберам куферите и да си фатам магла во природа, кај што ќе нема до толку натприродни појави како што имам дома (освен оние натприродни појави кои ги наметнува државата - на тие веќе сум навикнат)?