Тајзи/Tyzee

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Проблемот со Тајзи и овие што ги најброја е тоа што Тајзи ги копира и за тоа никогаш, ама никогаш нема да имаме поп музичар што ќе кажеме Светско, а наше. Имаме ние Светски, а наши
Marga Sol, Foltin, Leb i Sol итн, ама поп никогаш пред се веќе тие места се зафатени

Моја огромна жалост,за квалитетните бендови што не поминаа субвенционирани.Мојот вкус на музика е тотално различен од оној на тајзи и светските краткотрајни хитови.
Сакав да кажам дека текстот е плукан,а ако споредиме кое срање од текстови вртат по ЕМ-ТЕ-ВЕ ќе почниме да повраќаме и преку монитор.
 
нашите прават copy-paste на текстовите од ЕМ-ТЕ-ВЕ хитовите. И ако си забележал многу на тие телевизии се вртат претежно постари песни, т.е серијали 80, 90, 00's така да самите признаваат дека моментално е поп-музиката е катастрофа.
 
Не знам зошто се крена фама заради "Дома си е дома"

D677A54A4EBA8B47B106D530693F1CA2.jpg
"Најлесно е пасош во рака и да фатиш магла од тука. Наместо држава своја, градиме држава туѓа. А, јас имав баш добро планче, одиме на тројка да ќариме станче. Мали плати, но душа топла, не, не...никој нема да те љуби како Македонка..." се само дел од стиховите на новиот сингл на Тајзи кој го носи името "Дома си е дома".

Станува збор за песна околу која се крена голема прашина, а причина за тоа е фактот што истата беше избрана и субвенционирана од страна на Министерството за култура.

"Се крена фама околу ништо. Ова е песна која се наоѓа на мојот албум. Министерството за култура распиша конкурс за субвенции на музичарите, јас ја пуштив и истата беше избрана. Со парите кои ги добивме од нив, го снимивме спотот и воопшто и немам никаков ќар од целиот тој проект", вели Тајзи.

Кумановецот открива и дека голем број негови колеги, исто така, имаат добиено пари од ваквиот начин на субвенционирање, кој им помага на музичарите полесно да го реализираат она што го имаат замислено.

"Покрај мене, имаше и уште 30 други музичари-колеги кои добија пари на ваков начин, но околу нив не се крена фама. Немам направено ништо лошо и затоа немам зошто да се објаснувам", додаде раперот кој во моментов е преокупиран со настапи и свирки низ земјава.

(Ј.А.)
http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=2083B9B35215AF4BA88415040E8500A2

И на мене не ми е јасно зошто се дигна галама ама тоа е тоа. Факт е дека никој не ја гледа песната како таква туку сите се фатија за тие 3 илјади евра. И најлошо од се и луѓе што го слушаа Тајзи до вчера почнаа да го плукат. ЗОШТО???? Затоа што учествувал на конкурс и добил награда.
Која патетика ееееееејјјј... Ама ај нема да ни е ниту прв ниту последен пат.
 
Песната не вреди за ти е пари тоа е проблемот, народ како народ кога ќе излезе добра песна кога ќе препознае нешто добро никогаш не зборува за пари а кога е лошо секогаш парите се гледаат...
 
Да, во конкретниов случај само тоа шо песната е дебилна тоа е проблем. Не дека си имаме работа со бескичмењаци, полтрони, лигуши од луѓе кои уште дрско се самопрогласуваат за уметници. До народот е. :facepalm: Шо пишуваш не можам да ти се изначудам.
 
Да во конкретниов случај само тоа шо песната е дебилна тоа е проблем. Не дека си имаме работа со бескичмењаци, полтрони, лигуши од луѓе кои уште дрско се самопрогласуваат за уметници. До народот е. :facepalm: Шо пишуваш не можам да ти се изначудам.
Тој или било кој друг да се самопрогласи за уметник може и до сабајле да се самопрогласува се знае дека 97% од тука кои се самопрогласени за уметници имаат уште многу работи да поминат и прашање дали ќе стигнат до таму. Секоја личност си знае за себе кој е уметник кој не. За слушање на песната на Тајзи "Дома си е дома" мислам дека е навистина дебилна, песната не ни вреди за ти е пари што ги добил тој. Народот е чудна работа знаеш како стадо овци само прашањето кој е овчарот...
 
Каква си песните и уметникот најдобро се гледа по слушаноста. Јас како што гледам последниот албум на Тајзи има огромна гледаност и тоа мислам дека е одличен показател. Мислам дека е погрешно да се мисли дека секоја македонска песна треба да биде уметничко дело и по можност тажна за да ни се допаѓаа. Патем ТАЖНА неколку луѓе овде напишаа а пишат и по социјалните мрежи „единствена песна на Тајзи што вреди е онаа за неговиот починат друга„. Секоја чест за песната но замислете која е потребата на нашиот народ од тажни песни. Јас не викам дека не треба да има тажни песни тоа ни е најголемиот дел од нашата тажна историја , но паралелно на тоа мислам дека треба посветло да се гледа и на иднината и треба да се остави место на убавите работи.
Тоа воопшто не е така, треба да има забавни и лесни песни но сепак доволно добри и позитивни да не им штета на младите. Јас на Тајзи во музиката гледам само позитивни и весели пораки. Лесно е за слушање а тоа го бара денешната младина. И дај боже да има повеќе како Тајзи и младите се повеќе да слушат домашна музика на сметка на бугарските и српските турбофолци.
 
туку сите се фатија за тие 3 илјади евра. И најлошо од се и луѓе што го слушаа Тајзи до вчера почнаа да го плукат. ЗОШТО???? Затоа што учествувал на конкурс и добил награда.
Која патетика ееееееејјјј... Ама ај нема да ни е ниту прв ниту последен пат.

Уште поголема патетика е да им се соли памет на другите, а ти самиот да не живееш и плаќаш даноци во дотичната држава. Зарем не те допре во душата оваа песна Дома си е дома, па да се вратиш во родниот крај, а?
 
Незнам зошто ви е проблем да дискутирате без лични квалификации. Ова е форум за дискутирање а не за лични обраќања.
Значи темата е Тајзи а не одредени личности на форумот. Јас колку што сум упатен секој има право да има мислење каде и да живее. Така да друже кулирај малку и не се занимавај многу со приватноста на форумџиите.
 
Каква си песните и уметникот најдобро се гледа по слушаноста. Јас како што гледам последниот албум на Тајзи има огромна гледаност и тоа мислам дека е одличен показател. Мислам дека е погрешно да се мисли дека секоја македонска песна треба да биде уметничко дело и по можност тажна за да ни се допаѓаа. Патем ТАЖНА неколку луѓе овде напишаа а пишат и по социјалните мрежи „единствена песна на Тајзи што вреди е онаа за неговиот починат друга„. Секоја чест за песната но замислете која е потребата на нашиот народ од тажни песни. Јас не викам дека не треба да има тажни песни тоа ни е најголемиот дел од нашата тажна историја , но паралелно на тоа мислам дека треба посветло да се гледа и на иднината и треба да се остави место на убавите работи.
Тоа воопшто не е така, треба да има забавни и лесни песни но сепак доволно добри и позитивни да не им штета на младите. Јас на Тајзи во музиката гледам само позитивни и весели пораки. Лесно е за слушање а тоа го бара денешната младина. И дај боже да има повеќе како Тајзи и младите се повеќе да слушат домашна музика на сметка на бугарските и српските турбофолци.

Не.
 
Точно НЕ во смисла на квалитет но ДА во смисла на актуелност. Е сега со оглед на тоа дека во последните години помеѓу младите убедливо најслушана беше Гранд Продкција (Аца Лукас и компанија) и нивото да биде уште пониско се слушаше и бугарски турбо фолк. Но што имаше да понуди нашата естрата како одговор. НИШТО имавме море на ПОП пејачи кои рака на срце вадеа и добри песни, дури некогаш и многу добри но најчесто балади и тажни песни. Единствени кои внесоа некоја ведрина во комерцијална смисла зборувам беа Супер Хикс, потоа Слаткаристика и сега Тајзи (веројатно сум заборавил некој но еве како пример). Објаснив и погоре секоја музија си има намена и мене ме радува што луѓе како Тајзи , еве сега и Кајмаковски а пред нив Слаткаристика привлекоа млади луѓе и колку толки ги отргнуват од турбо фолкот (кој според мене е најголемото музичко и социјално зло на нашите простори).
 
Која патетика ееееееејјјј... Ама ај нема да ни е ниту прв ниту последен пат.
Овде најголемата патетика е што човеков се прави нешто дека не му е јасно што е работата со неговата песна, ја нисам одавде у стил... продолжува да тоне во сопствени гомна.
 
@dzonyb

Најслушана песна или пак албум не значи дека е најдобра или пак најдобар албум. Уметник си е уметник, искрено тајзи е далеку од уметник. Човекот прави песни, музика и си пее и има обожаватели но далеку е од тоа да се нарече он уметник и јас и други можат да прават музика и сл и на јутјуб да имам по милионски прегледи кои патем ти е прегледи може и да се билдаат на програм така да гледаноста не е нешто што докажува дека нешто е квалитет или пак дека секој кој се бави со музика да се нарече уметник.
 
Точно НЕ во смисла на квалитет но ДА во смисла на актуелност. Е сега со оглед на тоа дека во последните години помеѓу младите убедливо најслушана беше Гранд Продкција (Аца Лукас и компанија) и нивото да биде уште пониско се слушаше и бугарски турбо фолк. Но што имаше да понуди нашата естрата како одговор. НИШТО имавме море на ПОП пејачи кои рака на срце вадеа и добри песни, дури некогаш и многу добри но најчесто балади и тажни песни. Единствени кои внесоа некоја ведрина во комерцијална смисла зборувам беа Супер Хикс, потоа Слаткаристика и сега Тајзи (веројатно сум заборавил некој но еве како пример). Објаснив и погоре секоја музија си има намена и мене ме радува што луѓе како Тајзи , еве сега и Кајмаковски а пред нив Слаткаристика привлекоа млади луѓе и колку толки ги отргнуват од турбо фолкот (кој според мене е најголемото музичко и социјално зло на нашите простори).
Мене пак обратен ефект ми постигна ваквите. Ме натераа да се запрашам дали оној лошиот турбофолк е навистина толку лош, и дали истиот е полошо да се слуша од нив? Текстуално се тука некаде, секс, дрога, курветана, пари. Музички не се нешто апла различни, и двата делуваат деструктивно, шират деканденција.
 
@dzonyb

Најслушана песна или пак албум не значи дека е најдобра или пак најдобар албум. Уметник си е уметник, искрено тајзи е далеку од уметник. Човекот прави песни, музика и си пее и има обожаватели но далеку е од тоа да се нарече он уметник и јас и други можат да прават музика и сл и на јутјуб да имам по милионски прегледи кои патем ти е прегледи може и да се билдаат на програм така да гледаноста не е нешто што докажува дека нешто е квалитет или пак дека секој кој се бави со музика да се нарече уметник.

Кој рече дека секој пејач треба да биде уметник?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom