ДО КОЕ ДЕРЕЏЕ СТИГНАВМЕ (ПОТОНАВМЕ)!?
Ја слушам песнава од Tyzee „Дома си е Дома“, новава, владинава, и си викам, не. НЕ Е МОЖНО! Не е можно некој да седнал, да пишувал ваков текст, да сними волку скап спот и да е СЕРИОЗЕН! Едноставно мислам дека не е можно. Откако си ја удрив главата од биро, да сфатам дека не сонувам, видов уште еднаш дека песнава постои. Остај што постои песнава и е сериозна, песнава е напишана, снимена, стокмена и пуштена низ медиуми. И не можев да поверувам дека ова е од артист кој зема пари од државата и државата ова го одобрила во 2014, во наводно слободна држава.
Имам 2 аспекти како ја глеам целава ситуација.
Како човек што се бави со музика, е љубител и дрско и сељачки ќе речам- познавач на музика ( што к*р и да значи тоа):
Песната, како композиција е шлајм. Хиперпродуциран регетон ( крајно неавтентично македонски) во најбљувотинското мид темпо, 2 тона цела песна. Лошо од самиот почеток до самиот крај. Обид за певливост на самиот аранжман на песната, сигурно композиторот поторшил 27 секунди да ја компонира.
Текстот, леле луѓе текстот. „Да праиме 3то дете да ќариме станче. Западот лаже и краде, тука имаме мали плати ама души големи. Македонка како што ќе те сака никоја друга“. Имајте на ум, ова ќе иде на сите медиуми низ Македонија, ќе го гледаат деца. Oва ќе биде на радио, од ова нема да можеме да избегаме. Тоа да ви е јасно! Oва треба да ги „отелотоврува принципите на македонствување, ова треба да е гласот на државата, на младината“. Се надевам дека ја разбирате сериозноста на работава. Искрено, се надевам, барем онаа урбана млада група на луѓе на која што сакам да и се обратам и верувам дека има IQ над 57, има разум да сфати колку е ова сериозно.
Како граѓанин на Република Македонија, човек кој што плаќа даноци и давачки, и сака да види подобра иднина во својата земја:
Нит ве гласав, нит барав ова да се прави! Не се согласувам бре! Не може едноставно Тајзи и Игор Митровиќ и ред други „дрн дрн милојке“ артисти да земаат пари од МОЈОТ ДАНОК што го плаќам за ваков шлајм бре! Не можам да одам во болница како човек, не можам да патувам со железница до каде што ми треба, не можам да правам милион ствари кои што имаат предност да се поправат во државава пред да може да фрлате, да буквално да ФРЛАТЕ пари на „артисти“ кои што не биле, не се, ниту пак ќе бидат дел од македонското национално културно наследство, колку вие и да сакате да мислите дека тоа ќе биде така.
Сакамподобро образование, сакам подобри патишта, сакам луѓето во Источна Македонија да имаат работа, сакам железница до Бугарија, па после се ова, ако имате пари за арчање, не е како да должи милиони држава нели, чисти сме со сите, не земаме кредити од ММФ секој втор ден нели, Е ПОСЛЕ ОВА ако има пари за курцање, тогаш давајте ги на артисти со борилачки пензии и 2 месеца кариера. ОК!?
Луѓе, работава е крајно сериозна, како од финансиски, така и од уметничкo-културолошки аспект. Погубно е за духот на народот, погубно е за џебот, погубно е одржување на автентична македонска култура. Оваа и сличните песни ќе бидат секаде по медиумите, деца ќе ги гледаат и ќе се создава културолошка матрица која што само понатамошно ќе придонесува за деградирање на нашата сопствена клутура.
Поп музиката е секаде кич и срање (освен во Англија, каде што мање више цела музика е генијална), ама ова што се случува кај нас, и насоката во која што „артистите“ почнуваат да творат е хорор, ствар, ужас, КРАЈ!
Прво децата ќе ги научите кои се Бадев, Илиева, Сариевски, Шапто, Леб и Сол(не дека не се деца на 2 система, али ок сепак имаат генијални ствари), Ден за Ден, Христовски, Вања Лазарова (беда над бедите тоа што и се случува),Селимова-Желчески, па тек после ќе даваме пари на некои анонимни анални спелеолози со „Трето дете“ песни, ОК!?
П.С.
Кога дознав дека Васко ФАКИНГ ФОРТИ е еден од одговорните за давања на субвенции за „артисти што придонесуваат“ за задржување на македонската клутура, тоа самоубиството што го планирав пред некој месец, ми се изгледа се попримамливо!
П.П.С
Ова е само почеток, ќе биде многу многу полошо. А сега не е ич добро.
П.П.П.С
Заради „Дома си е Дома“и такви слични песни, и од клутуролошки и финансиски аспект, дома не си е дома на милион млади Македонци.