СП 2014 Бразил - генерална дискусија

10360246_10152376145876840_827429290987442381_n.jpg

:icon_lol:
 
Може до утре да се смееме ама со Ари Реднап поатрактивен фудбал ќе играа. Човекот го препороди Тотенхем, дури и ги однесе во ЛШ а втората година го испуштија местото поради Челзи. Сакам да кажам големи амбиции имаа со него и фудбалот за око беше атрактивен. Модриќ под него стана играч.
и Портсмунт он ги крена, мислам на полусезона дојде кај нив и ги издигна а беа укопани доле
 
Англија моментално на хартија има два пати поквалитетен состав од Италија, а вчерашниот натпревар е доказ колку само значи тренерот за една екипа. Прандели е одличен тренер и одлично ја имаше поставено играта на своите избраници. Имаше само малку пропусти во одбраната но беа корегирани за брзо време. Хоџсон е тенџере и страшно ми иде на живци, и во Ливерпул ме нервираше многу, затоа што највеќе ги симпатизирам Ливерпул од Англија. Ако не успее да пројде групи нека се самоубие одма, срамота ќе е со овој фонд на играчи да испаднеш у група.

Уште поголем проблем е лузерскиот менталитет. Колку и јаки играчи да имаат се пичкаат на секое првенство со секој селектор.
Кај Италијанците е скроз обратно, секоја утакмица ја играат со срце без разлика колку биле индивидуално слаби. Уште кога ќе слушнеш со каков жар ја пеат химната знаеш дека ќе дадат се од себе.
 
Ако забележите, и на Жунињо вака му патуваа топките. А и самиот Жунињо кажа дека Пирло му го има откриено неговиот шут.

Пирло го има ова напишано во биографијата негова.
Цел живот сакал да научи да пуца као Жунињо, цело време гледал негови видеа, го проучувал ударот но никако да го научи. Еден ден седејќи на шоља (вика не е романтично, ама што да праам сеа ) му дошла некоја идеја у главата, одма отишол во Миланело и без да се пресоблече, со патики шутнал и погодил.

Финтата на шутот е топката да ја удриш само со првите три прста и ногата да ја оставиш да патува напред слободна.
 
Упм, идам сеа на шоља, чекајте ме утре на насловна на Форбс.
coffee.gif
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom