Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Можеби се мисли на Отецот, Синот и Светиот Дух.
Не се мисли на тоа, друже! Во тоа време Исус уште не бил измислен, а Светиот Дух, па ИЧ! Последниов аспект е ептен црковна гимнастика, пошто у Библијата (и први и други део) слабо нешто го има.

Се мисли на Јахве, Ашера, а можеби и на Баал. Прочитај си ја историјата на својата религија. Срамота е да не си ги знаеш корените, нели.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Можеби се мисли на Отецот, Синот и Светиот Дух.
Христијанското Тројство нема место во Стариот Тестамент, така да оваа теорија низ вода иде. :toe:

За други тројства не коментирам :smir:
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Не се мисли на тоа, друже! Во тоа време Исус уште не бил измислен, а Светиот Дух, па ИЧ! Последниов аспект е ептен црковна гимнастика, пошто у Библијата (и први и други део) слабо нешто го има.

Се мисли на Јахве, Ашера, а можеби и на Баал. Прочитај си ја историјата на својата религија. Срамота е да не си ги знаеш корените, нели.
Не е точно. Се мисли на Vulcan (богот на огнот и деструктивноста) и Venus (неговата неверна жена, божицата на љубовта и убавината) кои што се славеа со жртвени ритуали, пред да завладее „mastery of logic“ . :baeh:

Ах бе Дибек, до кога со вакви подметнувања.
Убаво си пишува и во Библијата и во историјата на религиите дека: Луѓето на почетокот верувале во повеќе богови, односно имало многубоштво. Како и античките Македонци, Грци, Римјани... така и Евреите си имале “нивни“ повеќе “богови“. На тие богови им палеле огненици им принесувале жртви, им изработувале идоли итн. итн.
Незнам кој го оспорува тоа овде.:toe: Пред да ја осознаат вистината луѓето биле многубошци, потоа тие што “прогледале“ си станале верници кои што ти тука непотребно ги напаѓаш и навредуваш.

Цело време неколку членови тука се жалите како тоа некој сака на вас нешто да ви наметне и да ве убеди да верувате во нешто, без докази и аргументи дека тоа нешто постои.
Јас колку што читам по темиве од религија скоро секогаш тие што наметнуваат и убедуваат дека нешто не е вистина се т.н. атеисти. Неможам да ја разберам вашата потреба толку жестоко и упорно да “дебатирате“ дека јахве не постои ама тој е лош, разведен пијаница...
Во Македонија некако циклично се менува “модата“ на популарност на верата и атеизмот.
Пред војната во голема мера населението било религиозно и ги почитувало адетите и обичаите наледени со традицијата од предходните генерации.
По војната, во времето на другата религија на чело со “богот“ Тито, не е толку “популарно“ да си религиозен и да одиш во црква исл. Доволно било да се верува во Тито и партијата и ќе можеш да успееш во животот.
По распадот на СФРЈ и по осамостојувањето на Македонија нагло порасна популарноста на религијата. Одеднаш сите станаа верници. И тие што предходно биле под страв од репресии од режимот ако одат во црква и закоравените “комуњари“ се затрчаа кон црквата. Секој со свои побуди и интереси, јасно.
Во првите години по осамостојувањето некои од новопечените верници беа многу нападни и агресивно пробуваа да ја наметнат својата новоосознаена вистина над што повеќе неверници.
Тој бран на агресивно преобратување на неверниците во верници мислам дека е поминат. Се помалку има по телевизија за деца избегани во монаси, се помалку има пропагандни емисии од црквата за преобартување, останаа само информативните за црквата и религијата. Ако те интересира ќе гледаш ако не нема. :toe:
Прашањето ми е дали вие лично сте биле на “удар“ од некои верници па поради тоа сте така жестоки во “борбата“ против, или сте само помодари па бидејќи е ин да си атеист, тука сте само за јавно да се покажете.
 
Накратко, пред тргање од работа...

Не разбирам што тоа јас подметнувам?!? Сите работи кои ги пишувам уредно ги поткрепувам со изворите со кои се служам.

Не се сложувам дека верниците на овој форум се на чисто со многубошката историја на јудаизмот/христијанството. Мислам дека ќе се изненадиш и самиот. Повеќето од оние со кои спорам се сметаат за прва чиста монотеистичка религија, што нели, како што и самиот велиш, не е точно. Самото споменување на со-богови ги вади од такт и таквите тврдења ги сметаат за ЕРЕС.

Се сложувам околу цикличноста, ако ја набљудуваме во рамките на балканот и неговата помодерна историја.

Лично, никогаш не сум бил на удар, ниту сум имал каков било личен проблем со религијата.

НО! Читам весници, гледам вести и сурфам многу. Она што мене ме распаметува е гнасата која се случува со образованието кај нас (кое е ужасно) и со поларизацијата на нашето општество. Една од последиците од овие две работи е АГРЕСИЈАТА која ја видовме на плоштад пред пар години и на Кале пред пар месеци. ТОА, друже, е манипулација со прост и неук народ ВРЗ ОСНОВА НА РЕЛИГИЈА!!!

Ако нешто не се направи околу ова, последиците ќе бидат долгорочни и се пострашни.

Религијата умира. Тоа е факт. но не умира секаде подеднакво. Во САД, на пример, последниве 2-30 години е во страшен пораст. Блискиот и далечниот исток се радикализира, пред се, врз основа (не предизвикано од) на религиски делби. Тоа е страшно и ужасно жално. Во 21 век, во време на експоненцијален пораст на знаењето, познавањето на светото во кој живееме, враќањето кон религиите е СРАМОТА!!!

Немам јас проблем со луѓето кои веруваат. Едноставно знам дека се во заблуда. Кога не би ме загрижувала состојбата со радикализацијата на религиите (пред се ЈХИ!!!) никому не би му мрчел овде, како што во приватниот живот никому не му мрчам за неговите/нејзините верувања.

А ова овде, е ФОРУМ. За тоа постои.

како што и самиот велиш - не мора да читаш ;)
 
Ок е тоа што го наведуваш изворот но не пренесувајќи ја целата информација односно со вадење од контекст на делчиња од напишаното вршиш подметнување на НЕВИСТИНА. Милион пати е кажано на форумов дека секој стих од библијата е во заедништво со предходните и идните стихови и не може да се гледа поединечно.
И јудаизмот и христијанството се монотеистички религии и тука нема дилеми кај верниците. Јас никаде не напишав дека е нешто поинаку.
Луѓето пред да поверуваат во Јахве како што го викаш, си биле многубошци. Тоа и си е напишано и опишано во библијата. Тие што поверувале во Јахве како један и једини си станале Јудејци или како и да се вика религијата на Евреите. Исто како и што кажав и предходно нели и Грците и Римјаните си имале митолошки многу богови, но откако поверувале во Исус Христус станале Христијани (православни и католици) Што е тука нејасно и спорно не разбирам.

Потполно се сложувам со делот што те распаметува и мене искрено ме распаметува, ЗЛОУПОТРЕБАТА на религиите. Ништо на светов ни дрога, ни алкохол, ни цигари...дури ни оружјето не е штетно ако НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА. Злоупотребата на се предходно наведено, па и на религијата, треба што поскоро да се искорени од светот односно да исчезне.
Проблемите што го имаме во образованието не ги префрлај на религијата, не е таа виновна, туку тоа е проблем на општеството и виновна е државата.
Неукиот и прост народ мора да е на двете страни од “барикадата“ инаку би ја немало потребата од барикада. Така ли е? :toe:
„Нападот е најдобра одбрана“ но агресивноста раѓа агресија и на балканов стално си го имаме тоа „ММЕ кој прв почна“. Нема никогаш да се договориме кој прв почна (кој е кривецот) мислам и дека не мора да инсистираме на кривец. Но се надевам дека можеби ќе се договориме некогаш во државава, дека поделбата по било кој основ е бајата работа и треба да се прекине со тоа.
 
...
Жал ми е било што да ти одговорам, за да не ти го заебам постот и неговиот тон, кој навистина е пријатно да се прочита покрај сите останати постови пишани „од таа страна“.

...

Ал, душа не издржа, па че го опнам само ова:

Јас не вадам цитати од контекст. Целта на тие цитати е да покажат постоење на други богови во религијата за која сите овде (освен тебе) тврдат дека ги нема! Наврати се по темата Христијанство, или Дали Бог постои и ќе забележиш.

Цитатите од Библијата кои ги искорив имаат за единствена цел да го прикажат конфликтниот карактер на Писмото и неговите невешто цензурирани делови, во контекст на поли/моно теизмот на оваа религија. Јудео-христијанството не е никако поинаква и никако попосебна, порационална или повистинита религија од Хиндуизмот, грчката митологија или египетската. Надградено е на претходни митови, како и СЕКОЈА ДРУГА религија на овој свет. ТОА ЈАС САКАМ ДА ИМ ГО ПРИБЛИЖАМ на оние кои упорно го тврдат спротивното.

Кога некој тврди дека е Светото Писмо вистина дадена од Бога (единствениот) јас тоа не можам да го оставам како такво. Ме нервира, затоа што знам дека не е вистина, а луѓе кои не се упатени во историјата на религиите може да поверуваат во ова лажно тврдење. Јас не сакам тоа да се случи.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ок е тоа што го наведуваш изворот но не пренесувајќи ја целата информација односно со вадење од контекст на делчиња од напишаното вршиш подметнување на НЕВИСТИНА. Милион пати е кажано на форумов дека секој стих од библијата е во заедништво со предходните и идните стихови и не може да се гледа поединечно.
И јудаизмот и христијанството се монотеистички религии и тука нема дилеми кај верниците. Јас никаде не напишав дека е нешто поинаку.
Луѓето пред да поверуваат во Јахве како што го викаш, си биле многубошци. Тоа и си е напишано и опишано во библијата. Тие што поверувале во Јахве како један и једини си станале Јудејци или како и да се вика религијата на Евреите. Исто како и што кажав и предходно нели и Грците и Римјаните си имале митолошки многу богови, но откако поверувале во Исус Христус станале Христијани (православни и католици) Што е тука нејасно и спорно не разбирам.

Потполно се сложувам со делот што те распаметува и мене искрено ме распаметува, ЗЛОУПОТРЕБАТА на религиите. Ништо на светов ни дрога, ни алкохол, ни цигари...дури ни оружјето не е штетно ако НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА. Злоупотребата на се предходно наведено, па и на религијата, треба што поскоро да се искорени од светот односно да исчезне.
Проблемите што го имаме во образованието не ги префрлај на религијата, не е таа виновна, туку тоа е проблем на општеството и виновна е државата.
Неукиот и прост народ мора да е на двете страни од “барикадата“ инаку би ја немало потребата од барикада. Така ли е? :toe:
„Нападот е најдобра одбрана“ но агресивноста раѓа агресија и на балканов стално си го имаме тоа „ММЕ кој прв почна“. Нема никогаш да се договориме кој прв почна (кој е кривецот) мислам и дека не мора да инсистираме на кривец. Но се надевам дека можеби ќе се договориме некогаш во државава, дека поделбата по било кој основ е бајата работа и треба да се прекине со тоа.
Религиите не се неутрални.
Ножот на пример е.
Можеш да сечиш леб или да заколиш некого.
И за добро и за зло може да послужи,зависно од корисникот.
Но за религиите треба да утврдиме која е позитивната страна за да можат да бидат неутрални.
Бидејќи во спротивно се наметнува еден непријатен заклучок...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Trofazniot bog e izmislen posle toa si dodaale ustvari vaka, pravoslavcite se najddaleku od izvornoto risjanstvo oni si dodaale svoe i toa e ona so vikaat deka e sveta tradicia.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.848
Поени од реакции
12.375
Религиите не се неутрални.
Ножот на пример е.
Можеш да сечиш леб или да заколиш некого.
И за добро и за зло може да послужи,зависно од корисникот.
Но за религиите треба да утврдиме која е позитивната страна за да можат да бидат неутрални.
Бидејќи во спротивно се наметнува еден непријатен заклучок...
ако не си засегнат со некоја религија, а истата не ти прави проблем у реален живот и не мислиш да се вброиш во јадните прости верници од било која конфесија зашто бараш позитивна страна. Зашто да барам позитивно нешто во некои филозофии на Ниче или Кант кога не сум нешто заинтересиран допрва да ги разглобувам. Во моментов тие не постојат за мене, т.е. постојат независно од мене па према тоа не барам нивна + или - страна.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Зашто да барам позитивно нешто во некои филозофии на Ниче или Кант кога не сум нешто заинтересиран допрва да ги разглобувам. Во моментов тие не постојат за мене, т.е. постојат независно од мене па према тоа не барам нивна + или - страна.
Шопенхауер има напишано, и тоа со право, дека оној кој не го разбрал Кант, во интелектуална смисла секогаш ќе биде инфантилен. Греота е Кант да го влечкаме по форумов, аман. Ајде со Ниче некако, отсекогаш бил згоден за цитирање и плукање од игноранти, ама Кант?

Инаку одговорно тврдам дека за прифаќање на било која религија потребна е една доза на тупавост, и тоа поголема доза. На пример, објаснувањето за светото тројство е навреда за секој што има поголем коефициент на интелегенција од коефициентот на интелегенција на варен компир...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.848
Поени од реакции
12.375
Шопенхауер има напишано, и тоа со прваво, дека оној кој не го разбрал Кант, во интелектуална смисла секогаш ќе биде инфантилен. Греота е Кант да го влечкаме по форумов, аман. Ајде со Ниче некако, отсекогаш бил згоден за цитирање и плукање од игноранти, ама Кант?

Инаку одговорно тврдам дека за прифаќање на било која религија потребна е една доза на тупавост, и тоа поголема доза. На пример, објаснувањето за светото тројство е навреда за секој што има поголем коефициент на интелегенција од коефициентот на интелегенција на варен компир...
Ама ти најверојатно си или помлад или одамна си се впуштил во истражување на филозофиите. Друго, чија беше тезата за градба на општеството (јбг, од 2 год. средно слабо памтам) -прво материјална база, па врз неа идејата, филозфијата, културната надградба...така ли нешто беше?
Што се однесува до тупавоста, можеби ти недостасува духовна жичка...шо знам. Овде тешко некој може да ти објасни за тројството (посебно ако не сакаш да го прифатиш како такво), мада пробаа луѓето.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ама ти најверојатно си или помлад или одамна си се впуштил во истражување на филозофиите. Друго, чија беше тезата за градба на општеството (јбг, од 2 год. средно слабо памтам) -прво материјална база, па врз неа идејата, филозфијата, културната надградба...така ли нешто беше?
Што се однесува до тупавоста, можеби ти недостасува духовна жичка...шо знам. Овде тешко некој може да ти објасни за тројството (посебно ако не сакаш да го прифатиш како такво), мада пробаа луѓето.
Без навреда, кава врска има прашањето за базата и надградбата со темата или со мојот коментар?

Светото тројство е едноставно глупост.

За духовноста, не знам што ти точно подразбираш под духовност, меѓутоа самозалажување со купови бесмислици сигурно не е духовност...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom