Не е точно. Се мисли на Vulcan (богот на огнот и деструктивноста) и Venus (неговата неверна жена, божицата на љубовта и убавината) кои што се славеа со жртвени ритуали, пред да завладее „mastery of logic“ . :baeh:
Ах бе Дибек, до кога со вакви подметнувања.
Убаво си пишува и во Библијата и во историјата на религиите дека: Луѓето на почетокот верувале во повеќе богови, односно имало многубоштво. Како и античките Македонци, Грци, Римјани... така и Евреите си имале “нивни“ повеќе “богови“. На тие богови им палеле огненици им принесувале жртви, им изработувале идоли итн. итн.
Незнам кој го оспорува тоа овде.
Пред да ја осознаат вистината луѓето биле многубошци, потоа тие што “прогледале“ си станале верници кои што ти тука непотребно ги напаѓаш и навредуваш.
Цело време неколку членови тука се жалите како тоа некој сака на вас нешто да ви наметне и да ве убеди да верувате во нешто, без докази и аргументи дека тоа нешто постои.
Јас колку што читам по темиве од религија скоро секогаш тие што наметнуваат и убедуваат дека нешто не е вистина се т.н. атеисти. Неможам да ја разберам вашата потреба толку жестоко и упорно да “дебатирате“ дека јахве не постои ама тој е лош, разведен пијаница...
Во Македонија некако циклично се менува “модата“ на популарност на верата и атеизмот.
Пред војната во голема мера населението било религиозно и ги почитувало адетите и обичаите наледени со традицијата од предходните генерации.
По војната, во времето на другата религија на чело со “богот“ Тито, не е толку “популарно“ да си религиозен и да одиш во црква исл. Доволно било да се верува во Тито и партијата и ќе можеш да успееш во животот.
По распадот на СФРЈ и по осамостојувањето на Македонија нагло порасна популарноста на религијата. Одеднаш сите станаа верници. И тие што предходно биле под страв од репресии од режимот ако одат во црква и закоравените “комуњари“ се затрчаа кон црквата. Секој со свои побуди и интереси, јасно.
Во првите години по осамостојувањето некои од новопечените верници беа многу нападни и агресивно пробуваа да ја наметнат својата новоосознаена вистина над што повеќе неверници.
Тој бран на агресивно преобратување на неверниците во верници мислам дека е поминат. Се помалку има по телевизија за деца избегани во монаси, се помалку има пропагандни емисии од црквата за преобартување, останаа само информативните за црквата и религијата. Ако те интересира ќе гледаш ако не нема.
Прашањето ми е дали вие лично сте биле на “удар“ од некои верници па поради тоа сте така жестоки во “борбата“ против, или сте само помодари па бидејќи е ин да си атеист, тука сте само за јавно да се покажете.