Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ова Mulholland Drive ептен weird thing испадна. :вонзем:

Интересен филм, те остава да мислиш подолго време, го видов по препорака од Ио кој викаше дека ако Мементо те остава да мислиш 3 дена, овој ќе те остави да мислиш 3 години, сосема точно. :icon_mrgr:
Иако не го разбрав цел (а и немам поима дали тоа шо сум го разбрал е точно, пошто има милион теории) ми се свиѓа, единствено што не сакам е така да заврши филмот без објаснување, ни за момент не беше досаден.

Е сеа тоа шо разбрав, Бети или Дејан, се пријавила за аудиција но не ја добила поради тоа што режисерот бил уценуван да најми друга актерка, во тоа време е во тајна врска со Камилија или Рита, но Камилија се заљубува во режисерот Адам и решава да и раскине на Дејан, но после тоа Дејан наоѓа платен убиец и нарачува убиство за Камилија, сето тоа со собраќајната несреќа, запознавањето со Коко и др. слични моменти се само сон кој што го сонува Дејан, но поради грижата или кошмарите на крајот се самоубива. Ова е наједноставното што можев да го извлечам, но има многу прашања кои што тешко може да се даде одговор, како на пример: Зошто платениот убиец си го убива неговиот другар, убиството на дебелата жена и на чистачот може да се објаснат демек ги убил за да нема сведоци, друго прашање е што значи бездомникот со плавата кутија, што значи клучот и зошто во почетокот човекот му го објаснува сонот на неговиот другар, ова се сцени кои што имаат значење, тешко дека може со едно гледање да ти станат јасни. Но како и да е, ако некој има други сфаќања за филмот или знае одговор на наведените прашања нека каже. :D
 
Одличен филм е Mississippi Burning. На убав и возбудлив начин е прикажана расната нетрпеливост на југот на америка од периодот пред 50 години.
 
Последно уредено:
Ова Mulholland Drive ептен weird thing испадна. :вонзем:

Интересен филм, те остава да мислиш подолго време, го видов по препорака од Ио кој викаше дека ако Мементо те остава да мислиш 3 дена, овој ќе те остави да мислиш 3 години, сосема точно. :icon_mrgr:
Иако не го разбрав цел (а и немам поима дали тоа шо сум го разбрал е точно, пошто има милион теории) ми се свиѓа, единствено што не сакам е така да заврши филмот без објаснување, ни за момент не беше досаден.

Е сеа тоа шо разбрав, Бети или Дејан, се пријавила за аудиција но не ја добила поради тоа што режисерот бил уценуван да најми друга актерка, во тоа време е во тајна врска со Камилија или Рита, но Камилија се заљубува во режисерот Адам и решава да и раскине на Дејан, но после тоа Дејан наоѓа платен убиец и нарачува убиство за Камилија, сето тоа со собраќајната несреќа, запознавањето со Коко и др. слични моменти се само сон кој што го сонува Дејан, но поради грижата или кошмарите на крајот се самоубива. Ова е наједноставното што можев да го извлечам, но има многу прашања кои што тешко може да се даде одговор, како на пример: Зошто платениот убиец си го убива неговиот другар, убиството на дебелата жена и на чистачот може да се објаснат демек ги убил за да нема сведоци, друго прашање е што значи бездомникот со плавата кутија, што значи клучот и зошто во почетокот човекот му го објаснува сонот на неговиот другар, ова се сцени кои што имаат значење, тешко дека може со едно гледање да ти станат јасни. Но како и да е, ако некој има други сфаќања за филмот или знае одговор на наведените прашања нека каже. :D
Брат 2 минути се мислев кој лик беше Дејан во филмов... :)
 
Што е ова, скоро сите Дизни цртани имаат оцена околу 8, Ѕвонарот од Богородичната Црква има 6.8, а меѓу омилените ми беше. (n)

p.s. ќе ги пуштам пак цртаниве, ги немам гледано од дете :)
 
кажете го има некој гледано The Iceman , вака доста добро изгледа ,а и Шенон е одличен актер,еден од најпотценетите.
 
Доста добар филм, а и со самото тоа што го цениш Шенон, дефинитивно гледај го :)
 
Што е ова, скоро сите Дизни цртани имаат оцена околу 8, Ѕвонарот од Богородичната Црква има 6.8, а меѓу омилените ми беше. (n)

p.s. ќе ги пуштам пак цртаниве, ги немам гледано од дете :)
Сам си го даде одговорот. Дизни и Пиксар имаат голема фан група и маркетинг и се тоа заедно склопено создава супер оценки за овие филмови. Слично како и Марвел на пример со live action филмовите :)
 
Супер си се сите, ама ме разочара слабиот рејтинг на Квазимодо
 
Дечки може да ми кажете некоја веб страна за online гледање на филмови,филмовизија заебава нешто во последно време.Благодарам однапред.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nro
azbzNbb_700b.jpg

Постеров изгледа јако, ама ако го зезнат Дедпул нек си ибат мамата. Најјак Марвел карактер е и не смее да има крш филм.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom