Е сеа тоа шо разбрав, Бети или Дејан, се пријавила за аудиција но не ја добила поради тоа што режисерот бил уценуван да најми друга актерка, во тоа време е во тајна врска со Камилија или Рита, но Камилија се заљубува во режисерот Адам и решава да и раскине на Дејан, но после тоа Дејан наоѓа платен убиец и нарачува убиство за Камилија, сето тоа со собраќајната несреќа, запознавањето со Коко и др. слични моменти се само сон кој што го сонува Дејан, но поради грижата или кошмарите на крајот се самоубива. Ова е наједноставното што можев да го извлечам, но има многу прашања кои што тешко може да се даде одговор, како на пример: Зошто платениот убиец си го убива неговиот другар, убиството на дебелата жена и на чистачот може да се објаснат демек ги убил за да нема сведоци, друго прашање е што значи бездомникот со плавата кутија, што значи клучот и зошто во почетокот човекот му го објаснува сонот на неговиот другар, ова се сцени кои што имаат значење, тешко дека може со едно гледање да ти станат јасни. Но како и да е, ако некој има други сфаќања за филмот или знае одговор на наведените прашања нека каже.